Да, се доплаќа негата за бебето Пред породување, кога се почнува на цтг ти даваат лист кај што пишува што е вклучено во тие 850евра,а што не
На крај се јавив и во Ремедика и во Систина и ги прашав сите можни опции за таткото, во Ремедика е апсолутно се' строго забрането, без разлика на негативни тестови, вакцини, скафандери, нема приближувања ни посети. Во Систина ако направи таткото тест може и на породувањето да присуствува и секој ден може да доаѓа на посета од 10-12. Не знам што да правам искрено, ме фаќа паника од седењето сама во болница, сега ми е моментот да одлучам, влагам во 9-ти, начелно ми е договороена докторка во Ремедика, ама уште можам да сменам, но не знам дали ќе постапам правилно.
Одговорот на тоа прашање зависи од тоа што повеќе ти значи. Мене лично искрено не ми значи да е сопругот покрај мене, дури и не сакам. Важен ми е докторот и да имам доверба во него. Но, тоа не значи дека поддршката од придружба не е важна ако за тебе лично тоа е поважно лесно ќе одлучиш
Овие па Ремедика бог да чува. Не ни пуштаат на преглед а во Систина и синко и маж ги напика сестрата Јас сум на почеток ама од позитивното искуство сакав пак Ремедика да биде ама и мене ме предомислува овој момент. За синко маж ми дека на одмор беше киснеше цел ден кај мене , шо убаво ни беше Па и пред операциона сала чекаше и го виде синко кога го изнесоа Сега па и да не го види па и да не се сликаме глупости. Нека си ги гледаат сестрите они напикани во соба без маски , не мене да ми кажуваат правила. Не ни некоја разлика за сума во пораѓај така да види си .
Е за овој момент со дете и во Систина ми напомнаа дека таткото може на посети, дете до 13 години не. Не знам зошто, не препрашував, пошто немам друго дете.
Да се убацам во муабетот, тие што сте родиле втор пат дали ви беше полесно ако ве посетило првото дете во болница или не? Јас кога раѓав многу сакав мм да присуствува ама невозможно беше (само што почна короната) и кога завршив царски си реков подобро што не дојде. Здравје за второ мислам дека не би сакала да дојде син ми зашто не би сакала да ме гледа во кревет, со игли, во таква состојба, општо не би сакала да ме гледа во болница. Не знам како би издржала толку време без него ама мислам дека потешко би ми било да го видам и да си оди. Како поминавте вие?
Плачев 5 дена. Умирав додека не го видов син ми,се успокоив кога си дојдов дома. Имам пишувано милион пати каква болка беше таа кога дома го оставив едното а заминав да се запознаам со другото. Можеби дека беше многу мал и ми беше прва разделба. Ги премолував да платам апартман дека и ке го тестирам само да дојде да го мириснам. Ремедика не дозволи ни посета ни да излезам да се видам. А ако мислиш дека ке биде тажен дека ке лежиш не верувам,баш тогаш ке си собереш сила и ке станиш да се видиш. Но барем ремедика деца уште од 2019 не пуштаат од пандемијата на морбили.
Да, ми текнува дека те читав Можам да замислам. Искрено, јас и по маж ми умирав, денот кога требаше да не пуштат уште во 7 бев истуширана, спакувана, спремна и 100 пати искочив до ходник да видам до каде е визитата. Не пуштија дури накај 13, вечност ми беше секоја минута. А за дете па тек немам ни претстава колку тешко би било.
Не знам искрено, првпат се пораѓам и првпат во живот за било што ќе треба да останам во болница. Искрено толку имам фобија од лекари и болници што ако не морало за нешто не сум ни одела по лекари, фала богу се' било ок досега. Во овие 8 месеци малце отрпнав и се навикнав, особено на боцкање за крвна слика секој месец, иако последен пат на лекарско за возачка кога менував ме имаа боцнато. Не ми е толку за да присуствува сопругот за време на породувањето, колку што ми е битно да биде до мене пред да почне породувањето и да може да дојде на посета во тие 3 дена дур сум таму. Многу ми е чудно 3 дена по таков чин никој близок да не видам. Иако некои викаат дека брзо поминуваат и дека е доволно време за да се одмориш и навикнеш со бебето, сепак... не знам зошто толкава паника ме фаќа овие неколку дена само со тоа сум преокупирана и ми се плаче како утре да треба да останам и ко да треба еден месец да седам сама... а има уште 5 недели бар до пораѓај...
Секој си е различен, мене лично многу ми значеше тоа што беше со мене сопругот на првото породување, друго е во тие моменти кога имаш некој до тебе. Исто така и деновите кога идеше на посета едвај чекав да го видам. Сега баш ми е мило што прочитав дека дозволуваат со тест во Систина затоа што таму планирам да се пораѓам пак. Исто така и после породување кога ме симнаа во соба, заедно бевме, ни ја донесоја бебка, преубаво ми беше Е сега тежок ќе ми биде моментот без ќерка ми, никогаш не сум се разделила толку дена, тој момент ме плаши сега.
Деца не дозволуваат на посета, може само таткото да дојде. Јас цело време му кажував дека ќе одам во болница да го извадат докторите бебето од меше, ме гледаше на вибер секој ден и многу беше среќен кога ќе ме види. Уште ми е пред очи сликата на камера и кога ми викаше мама мама и ме гледаше со милите очиња. 2 год имаше тогаш. Јас многу сакав да дојде кога го изнесувавме бебето од болница, ама не дозволуваат деца ни тогаш.
Дали знаете број од гинеколошкиот оддел во Ре Медика за да закажам преглед за во 36 недела? Го најдов овој 022603100 но не знам дали е тој
Нема да бидеш сама, со бебе ќе бидеш искрено, мене никој не ми фалеше првиот пат, првиот ден ко во бунило ми помина, вториот ден така-така, третиот ден се запознававме со бебе поинтензивно..
Не е битно на кој ќе се јавиш, тие долу од шалтер си закажуваат преку систем. Можеш и преку веб страната да закажеш, има една форма за пополнување, после тоа ти враќаат дали е закажано или немало термин итн, јас така закажав.
Добро можно е во Ремедика хцг да се прави во иста соба со наплата и да врие од мужи и жени внатре што само влагаат во тоа сопчето за да платат а трудниците одделени во истата соба само со бел параван од чаршаф или јас не догледав вчера што се дешава,???
Најверојатно мислиш на ЦТГ а не на хцг. Во различни простории се сестринската соба и просторијата за наплата , но се наоѓаат една до друга.
Јас се јуначев и сама станав, за ништо помош не им побарав. На интензивна машки болничар влошка ми ставаше и ме бришеше, таков срам во живот не сум осетила. Дур ме спремаа за царски ја таква расчепатена нели катетар ми местат, едно младо момче 25-6 год ми прави муабет нешто се зеза, јас се тресам ко лист и тооооонам И стварно кафе даваат? Аааајјј, ај за трето ќе знам А за доење и слично, овојпат стварно не беа заинтересирани да помогнат. Као ај второродка, си знаеш. А мене се ново, не знам да се наместам.. не се замараа нешто многу за тоа. Леле ми оди паметот во трето бебе. Зошто бре?!? Напуштам труднички теми!