Па ја прашав, кукле, и она се збуни, па вака-така и прекинав со муабетот. А има и такви што ќе поминат лошо на државно и ми го кажувале тоа и после некое време ми рекле: супер поминав, таму се најдобрите стручњаци
Братучетка ми има лошо искуство со Систина. Требало да остане 2 ноќевања со природно породување, таа ја напуштила болницата одма утредента, секако со потпис дека е на нејзина одговорност. Рече дека никој не ја погледнувал, бебето и плачело цело време не и покажале како да го надои, многу работи ми кажа и беше тотално разочарана
Секој има позитивно и негативно искуство, како по приватниве болници така и во државните. Затоа е и форумов за да споделуваме искуства, не да се напаѓаме една со друга.
Не се сите по приватниве клиники најдобри. Јас во Ремедика имам тотално разочарувачко искуство, а колку пари сум оставила таму што се вика. Не значи ако е приватно дека ќе трчаат по тебе.
Јас не сакам да заминам од Санте, засега сум задоволна многу, а каде и да е се ближи терминот за породување. За се што имам недоумица му се јавувам на приватниот бр на др јегени, и секогаш ми одговара. Вистина засега немам немам никаква забелешка, се надевам дека така ќе биде и кога ќе се породам
Секој со своето искуство но да е искрено. Погоре коментаров ми личи на измислен. Јас сум презадоволна. Дека никој не дошол некого да види или дете оставено да плаче е тотална измишљотина
Па ако ме лажеле мене, па јас вас. Како што ми кажале така ви пренесов. Како што реков секој со свое искуство
Јегени и Елма Абдула. Внимавај на сестрите гинеколошки, сите до една се олош освен тие во шок соба, тие се строги ама добри. Внимавај на сестра Хаџер од кај бебињата, јас со неа имав најлошо искуство, буквално ќе ми го убиеше бебето со воздух во инфузија. Тања од педијатрија е супер, и она е малце строга ама добра е. Не очекувај дека ќе се вложат за да те научат да доиш, не знаат, немаат трпение а богами ни кадар, мене ми го ставаше бебето на града и брзаше да оди ја викаа. Едноставно нема трпение и нема кадар. Ни под разно немој да си одиш ако ти каже Јегени порано, мене дојде на 3 ден да ме пушти, викам не можам, дома не е средено за бебе, моите прават мекици, кај да одам. Исто и таа менаџерката ќе те убедува. И ти посакувам среќа да добиеш бар кревет кој е исправен, наслонот се подига, телевизор кој е приклучен на антена оти кога лежев по втор пат умрев од досада, немаа платено тотал тв и немаше ништо телевизија. Исто и ортопетката е катастрофа, појма нема од животот.
Јас колку што сум информирана 3 дена е доколку природно се породиш а 4 дена со царски рез...ако е се во ред, ако има некоја компликација или дополнителни испитувања те задржуваат плус...зошто нејзе ја пуштиле утредента...???
Така така. Гинеколозите фантастични. Педијатрите катастрофа. Сестрите 80% се одлични. Имаат осет и трпение за учење на подој. Само ако те фати празник тешко тебе, една е на смена. цтг од 36-37 недела е безплатно. И претходно ако морало да ти се прави е безплатно ако веќе ти е договорен пород. Оставаш прво аванс од 6000 денари. Прегледите за новороденче само општите се бесплатни. Ехо на срце се доплаќа ако добро памтам 2000 денари. Кај некои се погодило скриени трошоци кај некои не. Кај мене лично имаше скриен трошок за кој документ никаков немам. Инаку еден ден повеќе се лежи во ремедика, неголи во систина. првиот ден ти е нулта ден, така да ако на први се пораѓаш-на 6ти излагаш со царски, а со природно на 4ти Инаку јас спомнав дека сестрите од Санте читаат по форуми. Не реков да не си кажувате мислење, таман работа, реков само ако ми пише некоја (ми се спротистави) лом ќе треба да се сторам а не сакам по форум да се карам.
Јегени пеки, Адамова хематом не ми виде поголем од бебето. И ми се дереше на телефон. Јас пари да ми дадат не би одела кај неа. Моето искуство беше страшно со неа. Ради неа сите компликации ми настанаа...Но па ќе кажам, мое искуство.
Утнав во пишување. Ако на први се породиш на 7ми излагаш или природно на 5ти. Значи првиот ден нулта ден и цели 5 односно 3 дена.
Кај Адамова и јас не би, ама ете име е и многумина одат. На времето била најдобра. Жената има 70 и кусур години и нормално е да не ја работи работата како порано.