Мене па ме прашува кога ми одговара да дојде следно дека до 40дена требало два пати да дојдат. Викам пиши си таму дека си дошла нема потреба да идеш
Мамички дали во собата откако ке се породиш треба да носиш маска или не? Прашувам конкретно за систина
Исчитав неколку страни наназад и не можев да заклучам дали цена за природно породување во Ремедика е 85 000+ тие 6000 кои однапред се плаќаат или на тие 91000 дополнително се плаќаат и тие 2-3000ден кои се спомнуваат за преглед на бебето (слух+ ехо на колкови)? И дали во оваа сума е вклучен и пцр тест или и тоа дополнително се плаќа? Ја проверив и веб страната на Ремедика и таму им стои само 85 000 ден па ако некоја мајка се породила неодамна таму, ве молам за потврда
Пред 3-4 месеци беше 85000 (6000ден капар вклучени) +2500 специјалистички прегледи за бебето после пораѓај +пцр. Еве сега кажуваат дека 6000 капарот не влегува во вкупната сума. Царски беше 115000 плус другите работи што ги пишав.
Не се фер значи ако е така со дополнителниве трошоци и невклучен капар. Треба да објават точни цени....а не вака голема разлика е
некоја мајка тазе породена во систина дали може да ми одговори... имено во пакетот за породување нели се вклучени првите три прегледи кај педијатар.. денес бевме за прва контрола, ја боцнаа и ни наплатија 3.800 за лабараторија други другарки што се породија таму не платија ништо... не можев да се расправам бебе многу плачеше ... некој совет каде да изреагирам?
Да видиш маил на сајтот мора да има официјален. Треба сите да пишуваме за сите дилеми. Друго е на писмено.
I mene ne mi e jasno bas pisuva prvi tri pregledi ama posle dole.pisuva mesecen pregled ne e vklucen pa koi se tie.pregledi ? Skoroz nejasno.
Не сум породена таму ама обично е исто секаде. Три контроли се бесплатни, а лабораторија не е. Што испитувавте толку за 3800, чудно многу.
другарка што се породи таму беше пред една недела не и наплатија ништо... ние завршивме со докторката и она ми рече да си ја облечам тргнав јас да ја облакам и тогаш влезе една сестра као не ја облакајте сеа ја видов јас книшкста не и е земено крв за не знам што од ноџе... а знам дента кога не испишаа од болница и зимаа крв од ноџето за некој скрининг и пробав да и кажам... таа додека зборев ја боцна аа не друго е ова и бебе ид боцкањето почна да вришти ... отидовме на шалтер да си земеме извештај кога 3.800 за лабараторија... бебе се корнеше од плачење немав памет гледав само да излезам... а да не спомнам дека чекавме саат време на закажано до бебе мало .. планирам да реагирам само не знам каде
Слично искуство имам со чекањето на закажано, повеќе од саат за на крај прегледот да трае 3 минути буквално без простор за прашања и на крај скоро 3000ден плативме. Ова е ептен чудно, каков ли е тој скрининг, па и да требало претходно да испитаат значи треба да е во цената. Пиши на некој емаил за поплаки, побарај на страната.
сега видов на ова што ни дадоа метаболен скрининг е ...го прогуглав и мислам дека е се прави по избор.. а нас никој не ни праша дали сакаме да го направиме... секако ќе изреагирам... инаку цела бременост ја водев таму кај др Корнелија Трајкова и лично од докторката сум презадоволна, а општо од услугите што ги дава болницата за тие пари е срамота ...
Тука пишува дека се прави трет ден од раѓање значи веќе земале крв за тоа , извини вака што се мешам од нигде ама ве читам па ме интересираше што е тоа. Само пари да земаат
^ Од овие причини сакав да ја избегнам Систина и убедена бев дека би ја избрала Ремедика, ама сега како читам дека и тие си додаваат чудни капари и скриени трошоци, сите се исти изгледа