Оф леле. Ако не пишеш нема да ги добиеш. Со приватниве грабеж, на државо друг хаос. Мн сум разочарана во последно време со здравствово.
Тие се цените. Ако планираш и после пораѓај таму да го носиш бебето на прегледи распрашај се за цените на месечните контроли, па види каде ти е поевтино. Добри педијатари и гинеколози има и во двете болници.
Ептен бев решена дека ќе се пораѓам во Ремедика. Како читам со цениве па стварно претеруваат. На крај испаѓа природно породување над 100.000 ќе фати за царски па да не правиме муабет. Уште ми е рано имам време 30та недела сум, ама сериозно ќе размислам за на државно зс што е претерано претерано е! Ако има некоја мама сега да се породила нека пише инфо што е со капариве и сите други допол.трошоци.
Јас се породив во систина, освен пцр тест ништо друго не ми наплатија. Пцр правев ден пред да се породам, плативме вкупно 93 000, природно се породив
И јас во бременоста се мислев дали ГАК или Ремедика. Многу пари ми се гледаа, ама од денешен аспект не би раѓала дете на друго место освен Ремедика таман уште 500 евра да покачат. Раѓање ко раѓање ќе помине вака така, ама третманот отпосле им е врв. Пцр тест на државно правев, не ограничуваа дека мора кај нив, а го важеа 2 недели. Плус од цената околу 2 3000 плативме, за ехо на колкчиња и уште некоја крвна слика ли беше не знам точно. Како и да е можеш да отидеш/јавиш на телефон ќе ти објаснат се убаво.
Бар купиле ли нови спаваќи и шпихозни за бебето? И јас се пораѓав пред 4 години таму и точно дека постпородилно имаат убава грижа и навистина помагаат, ама бевме како “од улица”со бебето. Скинати спавачи, шпихозни од дедо Ное, бар од дома да си земев не да се срамувам таму На сликите коа се гледаме ужассс Среќа шо сме лични Не , шала на страна, ама штом покачуваат толку цени , малку и нивото нека си го покачат.
Спавачите беа релативно нови и многу побитно ептен чисти. И бебче у убави шпихозни беше облечен секој пат. Отворив и слики да ѕирнам од болница за да се потврдам со сеќавањето, не се ни избледени ни стари облеките. Крајно не е забрането да си носиш облека. Ко што гледаме се можно поскапува периодов, до негде логично е и дека они ќе си кренат цени. Сите знаеме дека е прескапо и без покачувањето за наши стандарди ама кога немаме ништо асално државно ќе си користат приватните.
Нови беа уште во мај 2020 кога се породив и за бебе беа убави. Јас доплатив за ото скрин, ортопедски преглед и уште нешто имаше, толку околу 2500ден.
Јас сега читам. Две боцкања вп болницата пред испаѓање нели има за бебе. За тироидна и проширен скрининг за скриени болести кои го праќаат во Турција. Нас на прва контрола не не боцнаа, бев на трите до сега и трите се бесплатни.
ми објасни докторката дека крвта за тој скрининг се праќала во турција.. во тој период когa се породив јас имале проблеми некои со болницата во турција и на тие бебиња им зимале на прва контрола крв... а таа на шалтер ни наплатила како да сме од надвор.. а и кажав дека е тука родена ама нема везе битно се расчисти ... ќе ни ги вратат парите
Jas se porodiv vo April godinava vo Sistina carski, carskiot bese 115000, doplativ plus za brz kovid test 7000 morase takov itno moraa da me primat, 2400 den za inekcija imunorho posle poragaj, razlicna krvna grupa bevme so bebeto, 1500 den za ispituvanje krvna grupa za mene iako imav od transfuziologija ne mi ja pobaraa.Trite pregledi posle poragaj vo prviot mesec ni bea besplatni.Znaci poragajot 115000 i plus okolu 12 000.Me poragase Jordanco Ivanov i Elizabeta Matevska mislam bese drugata doktorka prezadovolna sum, da treba pak da ragam pak bi ja izbrala sistina.Za dopolnitelnite trosoci bev izvestena i tamu.
Јас во Систина платив 93000 денари за природно породување пред некој ден. Ме интересира дали и првиот преглед на гинеколог после 6 недели влегува во оваа сума? Заборавив да прашам
Jas se porodiv vo Remedika pred skoro 4 meseci , osven pcr test drugo nisto ne mi naplatija plus.Posle ppragaj imas 3 besplatni pregledi za bebe kaj pedijater i eden posle 40ti den za tebe kaj maticnata doktorka.Ortopedski pregled se naplaka 900den a 1000 den plativ za kardioloski bidejki ovie pregledi ne se besplatni za bebe. Ne gledaj pari , plati 1000 2000 pa i 3000den poveke ama barem ke znaes deka dobivas odlicen tretman na poragaj i posle,barem jas imam preubavo iskustvo tamu.Se e na nivo od doktori so sestri..
Мора да се знае до која сума да си е спремен човек. Не секој што планирал 120000 денари па испаднале 135000 ги имал во моментот кога ке дојде да се плати... Свесни сме дека пишуваме за приватни болници,но би било фер од нивна страна да кажуваат да треба испитување кое кошта толку и толку... А не долу кога ке платиш да се чешаш по џеб. И тоа што се запнале 3 бесплатни прегледи за бебе. Да бесплатни се за да го мери на вага а за крвна слика или брис да треба ништо не е бесплатно.
@Happyinlove Муабет на место. Така лани дур чекав на цтг видов мала “драма” од таткото кога плаќаше, па како толку зошто, он немал толку пари во себе.. голема беше доплатата околу 15.000 ден мислам.. Фер е да бидат известени родилките за дополнителните трошоци, а и тоа што велиш само ги мерат на бесплатиот преглед а се друго се доплаќа..