не знам кој да ти предложам... за во соба можам да ти кажам дека се две.. а за последнава констатација апсолутно не е точно, цела бременост ја водев таму и таму се породив никогаш не беше спомнат царски.. дента кога ми ставија провокации бебето се качи горе се собраа еден куп акушерки и викаа дека треба царски да се прави, докторката моја инсистираше да чекаме за да се спушти.. така и беше дадоа се од себе за да ме породат природно и природно се породив на крај
Дали некој има искуство да сподели со водење бременост/ пораѓај кај доктор Снежана Тимчева Цветковска во Систина?
@twoB, јас го препорачувам Палчевски, имам преубаво искуство со него. Ниту еднаш не спомнавме царски. Баш кога дојде анестезиологот за епидурал јас побарав вода ако може некоја голтка, и анестезиологот ми вика неможе немој случајно да завршиш на царски на крај а докторот на тоа рече абе каков царски, ќе бидиме готови за брзо. За пср признаваат и од други лабаратории. Сопругот направи во Никоб лаб.
Здраво мајки, дали може да ми кажете кои цуцли ги даваат/препорачуваат во Систина? Сакам да се пораѓам таму, па да се спремам за после пораѓај.
Се породив пред месец ипол во Систина, цуцли не даваат, а дохрана од филипс авент шишиња даваат. Те советувам ако купуваш да земеш вакво шише, јас пример земав за џабе медела калма не знаеше од неа да пие. А за цуцли ми ги бебето ми ги прифати бибс и филипс авент ultra air
Јас ја водев цела бременост во Систина и ниту еднаш не се форсираше за царски. Мислам дека тие муабети се застарени, не знам дали воопшто некогаш биле вистина. Јас не познавам жена што била во Систина и ја терале на царски без причина.
Исто и јас два пати. Бременост водев кја Петровска, ме породија 2 различни доктори. Ниту еднаш немало муабет за царски
Другарки, дали знаете дали од Ремедика ги пријавуваат новороденчињата у матична служба? Сум слушнала дека некои клиники пријавуваат за да не идеш ти да извадиш извод.
Метаболниоѕ скрининг е во цената на пакетот. Станка не беше сигурна дека ќерче мое го има направено, па за малку по втор пат ќе ја боцкаа. Ми објасни дека е дел од пакетот. Ако е се ок, не те бараат. Ако има проблем, ќе ти кажат