Мамички, јас треба да се пораѓам во Ремедика кај Димитров со царски. Ме интересира дали се носи по приватните болници нешто за частење, на пример ручек за сите што присуствувале на царскиот, дали се носи мекици на третиот ден, дали на излегување се даваат подароци на персоналот? Бидејќи конкретно во Штипската државна болница се носи, па не знам за приватните да не се засрамиме?
На државно честиш за да те гледаат поубаво. А не треба никаде да носиш. Ако ти е мерак однеси и во Ремедика, ама поентата таму да раѓаш е да не носиш ништо плус од тие 2000 евра.
Благодарам, и јас не би носела ништо, освен можеби на докторот еден пијалок, но мојата фамилија се плаши да не бидеме засрамени ако другите носат
Јас се породив таму во 2017г и цимерката пред мене си отиде и частеше и јас сепак денот кога си одев пијалок еден купи маж ми за докторот кој ме породи и една бонбоњера дадов горе во одделот да се почастат сестри и др доктори.. Ручеци, мекици чуда, не И во Чаир со првото такво нешто немаше од никого, сите по едно вино, бонбоњера и сл...
Vaka maz mi denot koga me zema na sestrata i dadol 3 kutii atlantis,kafe i sok edvaj gi zemala se obeduvale(policiski cas bese znam i se bese zatvoreno).jas na kontrolata na 40 dena na Afrodita i odnesov golema Bajadera i kafe vednash ja otvori se pocastija so sestite na ctg
Чисто како искуство, не знам ништо за во Санте. Бебе беше карлично до 39та недела, се породив природно ден пред термин Рано е уште за да се реши за царски, освен ако ти си сакаш
Јас се породив во Санте пред некој ден. Исто ко тебе се плашев прашував искуства, особено @Lili4e ја отепав жената со прашања, па уште еднаш еве јавно и благодарам инаку сум задоволна од се, и од докторите и од сестрите. Мене ме породи д-р Елма, ама искрено преубав впечаток ми остави и д-р Синан мислам дека така беше името, човекот постојано доагаше и прашуваше како сум. Сестрите се ок, доагаат веднаш, носат се што ке им побараш. Единствено сметај дека од тие цени 550-850 ке платиш повеќе има скриени трошоци. Ако те интересира нешто друго слободно прашај
прво, честитки за бебо да е живо и здраво . Мене ме интересира за стручноста и спремноста на докторите, бидејќи низ форумите некаде најдов дека немаат анестезиолози, па на повик некои…. Ти природно или царски се породи?
Имаат анестезиолог, стручен е докторот, многу опушта пред и на самиот чин на породување, од него задоволна сум. Др Синан исто е супер доктор, таму сега ти се и Маџункови, тие на Гак беа (маж и жена се), спремни се. Едино што има скриени трошоци, тие на пулт што се неписмени, ама во однос на доктор и сестри имаш стручни. @ariel30 Во секое време
Царски бев и јас, а анестезиолог беше д-р Палашевска едм смирена и прекрасна жена. Лекарите се стручни и односот им е ок навистина
Извинете што се уфрлувам. Може ли да споделите искуство, раскажете како поминавте и како сте задоволни и кој доктор го препорачувате? За порагај и грижа и нега и за мајката и за бебето по породувањето. Знам наназад има многу искуства, но убаво би било да слушнеме некое потазе. Јас се мислам за таму. Ако има и некоја друга мамичка скоро искуство плис нека сподели. Фала
Благодарам. Јас немам искуство со порагај, но имам искуство со лапароскопски серклаж кај Димитров. Човекот е цар. Не зборува многу но знае што прави. Уште 100 пати да се пораѓам ќе го бирам него. Во однос на персоналот супер поминав. Сестри достапни во секое време, терапија дадена на време, соби чисти, облека чиста. Се на се презадоволна, се надевам и сега да биде така.