Знам. Имам комшика педијатарка во пензија ( значи и женава е стара веќе) и е исто еден од попознатите педијатри од времето и ја знаат и она ми кажуваше неа Адамова ја пораѓала. Можеш да замислиш, фосил. А јас па кај неа отидов, демек исто така разбрав од други мн била добра, искусна и се и на крај ем матичниот ми го направи нездрав зашто ми препишал утрогестан и прогестерон ем не виде хематом. На крај им се јавив у Санте да им кажам дека среќа ми е плодот во ред и на нивна грешка, т.е. на Адамова ќе се десеше куршлус и она ми се јави по 10 мин на телефон со дерење и цитирам „ако не треба да преживее плодот јас не можам ништо да направам “ Еве ми го детето здраво и право. Ама она е безобразен, истрошен, ќор фосил и никад, никад нема никаде добро за неа да кажам.
Погоре некој кажа најдобра била и нз кој..и срга ми се потврди мојот коментар кој ќе го по тпрам Да е најдобра нема да е во санте. А фала му на бога што со твојот бебуш си е се супер сега.
Мајки што се породиле пред брзо време во Ремедика, дали сте имале проблем со чекање за изводот за новороденче? На 17ти мај ни е поднесено барањето во матична служба Маџари, поминаа три недели уште не е готов, а ни рекоа максимум 15 работни дена. Два пати идеме, уште го нема. Дачли знаете каде да се обратам за помош, ни треба документот итно?
И внимавајте да не има грешки кога ќе го издадат. Блиски мои им го утнаа матичниот број па мораше одново да чекаат. За Санте немам лично искуство, ама и јас има слушнато негативни критики. Дури последно што слушнав беше дека ги терале сестирте да одат на курс за акушерки бидејќи немаат доволно кадри. За жал слабо се екипирани. Џабе имаат искусен доктор како Јегени, додека не вложат во соодветен кадар.
После сите негативни коментари за санте плус морам да го кажам моето искуство. Ме породи др Јегени и презадоволна сум од него и од целиот престој во болница. Сестрите цело време беа со мене кога и да ми беа потребни, доктори поминуваа на визита по три пати во денот, собата ја чистеа и дезинфицираа секое сабајле и секоја вечер. Не доплатив за никакви скриени трошоци, презадоволна сум и преппрачувам
1350евра и плус 2000 ден. за анализи на крвта пред и после пораѓај, што беше наведено дека се доплаќа
Мислам имаа некоја промоција од 850 еур, ама сега не им важи. Другарка ми кажа дека е 950 сега, без епидурал вклучено. Јас секако во Систина ќе се пораѓам.
Ако има некоја феминка што се породила во Ремедика во скоро време да ми каже што да подготвам за во болница, да се спремам не се знае кога бебето ќе сака да излезе. И ме интересира дали докторите чекаат до терминот или и после него да се породам природно или нешто друго се превзема.
Зошто Санте го објавуваат јавно анкетниот лист од породената во кој пишува која година е родилката родена,што е по професија,Брачен статус,образование? Која глупост
реклама колку се НАЈ. Мене и сликите со бебето цела фамилија ми се крш, а нај ми е сестрите кога си се сликаат сами со бебињата.
Па сигурно Санте имаат дозвола од родителите за тоа. Пример, мене да ми објават мои слики и податоци без овластување ќе барам да се отстранат под хитно, но овие си стојат, така што мислам дека родителите се согласни со тоа.
И да одобриле е глупо. Што не ставаат Ремедика или Систина. Од денес гледав слики од некоја породена, роденден и слават. Таа во кревет, сигурно гола, овие и се ставилд со тортуле, уште па и на фб ја опнале.
Гледав и јас. Они си прават бесплатна реклама. Мене пример ми се глупи луѓето што го дозволуваат тоа. Цел свет да те гледа во болница по пижами? Прво не ни сакам да ме сликаат у таква состојба, а не па нешто друго.