Да и јас правев лапаро-хистеро кај Димитров за тоа е број еден во Мк и пошироко. Ама баш дека не збори и е така малку повоздржан незнаев баш за пораѓај како би било. Јас си сакам некој така помил да речам И дали е виситина дека кај него е поскап пораѓајот и за колку? Благодарам најнамногу на споделеното искуство
Да, кај него е поскап пораѓај от за од прилика 150 евра, во Понеделник сум на прво цтг тогаш ќе знам ќе ти пишам
Супер искуство, ме породи Д-р Симонида Котларова. Она ме водеше последниот месец. Многу сум задоволна, докторката е достапна во секое време, само кај неа има гужва се случува да треба да почекаш за преглед откако ќе завршиш со ЦТГ, а и знае да биде побрза на прегледите, но сепак што и да прашаш ќе ти објасни. Персоналот е совршен од сестра до акушерка достапни за се што ќе побараш, што значи за грижата за мајката и бебето сум исто многу задоволна. Пиши ако нешто те интересира подетално.
Не можам да ги вратам на пораката не знам што е раб... Ако сакаш пиши ми во порака како си на ФБ или инста за да можам да ти одг.
Јас сум прееезадоволна. Немам зборови за нега и грижа за однос за се. Прееедобро. Ги надминаа моите очекувања. Уште сум во болница. Бев кај Димитров човекот е профи. Малку покомплициран беше мојот случај затоа го избрав него. Инаку сите се и повеќе од одлични. Ефремов и Котларова се мислам фаворити. Ако сакаш помил Котларова е супер. И мене морам да признам не ми беше сеедно што професорот е секогаш во гужва и малку ми беше мисла. Си сакам така повеќе тинтрење - повеќе ехо
Сите се добри, др, Синан, Манџуков, Палашевска, Елма, проф. Адамова сите овие се добри. Мислам уште е таму и др Божидар.. кој и да се погоди на недоговорено. Ок си се докторите
Кај Адамова никогаш не би се порагала, ниту пак бременост би водела. Фала му на докторот што ме одврати од намерата за кај нејзе да се порагам. Кога се порагав во Санте спратот ечеше од неа кога одеше во визита кај тие со породилни болки, зошто викале од болки. За пари богами и ќе трпи што викаме, арогантна до бескрај. На другарка ми и беше кажала аномалија бебето дека има, што немаше врска.
Мене ме породи Гордана Кипроска, не работи таму одамна, имав прилично лесен порагај, сестрите катастрофа, основни познавања немаат за папоче на бебе и доење. Ти се верува ли дека си заминав од таму со ниту едно објаснување за доење, за папоче на бебе. Па и капак на се останав една ноќ плус докторката на денот кога требаше да излезам не дојде, ми вели сабајле ќе дојдам да те видам, и ни сабајле не дојде. И бев спремала поклон, од инат ни поклон виде ни ништо, си го земав, маж вели остави сестрите ќе и дадат, ма какво оставање. Дури и една докторка на визита прокоментира што не е таму за своите пациенти. Персоналот од тогаш дел е сменет, многу отидоа по другите болници и сестри и доктори, често се менуваат таму, мислам дека Елма најдолго се задржа таму. По втор пат јас таму не би се порагала искрено, знам една што беше ден два после мене кажуваше дека немаат анестезиолог во моментот за епидурал.
Секој со своето искуство јас искрено од Елма сум презадоволна, една мирна и способна жена. И Синан исто многу добар впечаток ми остави не зборуваше македонски ама 10 пати дојде да праша како сум. Не се согласувам дека нема анестезиолог, Палашевска е таму и еден друг доктор не му го запомтив името. Може не е како во Систина услугата, ама не е и цената иста. Јас сум презадоволна и за третман и од персоналот
Колку ноќи се лежи во Ремедика со царски рез? Дали примаат еден ден пред закажан царски или на денот на царски?
Па имаат, да, една, ама тогаш таа беше на боледување, дали рака скршила така нешто, и немаа замена. Каква е таа болница со еден анестезиолог. Може сега сменето е, ама тогаш беше една и единствена.
Ако мислиш на самиот пораѓај, јас да зашто ги чекавме резултатите од пцр тестот. За тие што веќе имале негативен тест не знам. Во собите стававме маски само на визита.
Со маска,само за слика ми ја извадија а на моја братучетка пред 1 месец и за слика не и ја извадиле А во соба бевме без маски со цимерката