Блиска моја се породи царски во Ремедика пред неколку дена, со маска била на пораѓајот. И на сликата што ми ја прати со бебето што ја сликале, со маска беше.
И на бокс дур се пораѓаше зарем беше со маска? Јас едвај дишам со маска дур чекам и сум на преглед, цтг-то едвај го издржувам со маска а не па на пораѓај. Зошто тогаш правиме тестови
Јас лани во ремедика да, и на бокс бев со маска. Во предродилна не носев, кога ме однесоа во родилна ми кажаа да ставам
И мене ми кажаа. Ставив и после ја тргнав под брада. Едвај така дишев, а имав КН95 со тие па ич не се дише. Кога ја тргнав ништо не ми кажаа
Они тоа го прават да се заштитат педијатарите на визита не тераа кога се бебињата со нас нон стоп да носиме маски. Секако не носевме. Кај можеш 24ч тие дена да носиш нон стоп маска.
Во систина носев маска на бокс, и кога дојде моментот за бебе да испадне докторот сам ми ја извади . Во соба напоменуваа дека додека не влезе некој нема потреба да носиме затоа што имаме тест.
Секаде носат маски на бокс и за време на визита. Моја блиска и во Чаир на бокс е со маска и на слика со бебето е со маска Сигурно можеш и да ја симнеш ако ептен неможеш...истото ме чека и мене за некое време
Јас пред 5 месеци во систина бев без маска цело време, во предродилна, на бокс, нити пак во соба после. На визита исто, докторите и сестрите си носеа маски. Резултатот ми беше готов саат време од кога се породив, да ми речат на бокс со маска стварно нема смисла
Сега е раширен плус и новиот вид, вчера на ГАК беа сите со маски. Идеме да раѓаме, не да се заразиме на крај па со корона. Ќе се издржи за некој ден. За природно како да гњуриш ќе зимаш воздух и после ќе буткаш. Дека не сум вакцинирана, мене ми е страв. Не знам за вас.
Јас не носев на гак маска. Никој ништо не ми кажа. Во предродилна ја ставав само кога доаѓаа доктори/сестри. На бокс не ни ставив и после во соба само за визита.. ама тогаш не беше вака опасно и раширено. Сега да сум богами нема да ја извадам маската
Ама сега по ново и во 38 недела ПЦР тестираат и на прием брз тест им прават, која е тогаш логиката маски да се носат?
Зборам за родилката, која е логиката таа да носи маска ако е тестирана на прием, а персоналот носи заштитна опрема Па и на бокс одвај кога дишеш уште во маска да дишеш…