Не сум се пораѓала приватно само еднаш во Чаир, искрено сега одам во Ремедика поради коронава многу е хаос од болни а доста жени во соба во Чаир а за стручност при чинот јас сум презадоволна и од Чаир, ќе видиме сега во Ремедика како е
Во Ремедика се породив со првото дете, ме измачија цела ноќ и пак на крај ме продија царски, прво не ми ја изтретираа аната како што треба, ми пукна и фатив бактерија, второ ми оставија парчиња плацента за кои не ми кажаа, цело време ми даваше антибиотик докторот цел месец со изговор дека така треба после царски,за на крај сепак да завршам во болница со висока температура, и тогаш видоа дека има остатоци, поминав цела голгота уште два месеци, испримав тон антибиотици, добив автоимуно заболување од премногу лекови и стрес. Со второт дете заради компликации завршив во Гак, имав итно и многу тешко породувње едвај преживеав, ама мислам дека тоа се должи што бев таму. Постоперативните услови и негата се нормално подобри во приватна болница, ама спремноста и стручноста при компликации е на страната на Гак .Сите приватни болници се оградуваат од компликации и препраќаат на ГАК, од тој аспект сега кога ке треба пак да раѓам одбира таму.И нГак има њубезен персонал а има и терсене, на приватно сите се љубезни, и тоа е една разлика. Приватните болници се за здрави трудници,каде све тече глатко, во мојот случај јас не се нафаќам, ке следам бременост и на приватно, финансиите не ми се проблем ама за породување не им верувам.
Ти си поминала цела голгота жено. Дај боже сега се дабиде како што треба. Уште те убедувале дека цел месец антибиотици се пријат после пораѓај, јас освен чај за доење ништо друго не пиев. Зар стварно мислеле дека толку не се разбираш?
Леле страшно. Со лесно овој пораѓај се да помине во најдобар ред. Грешки се случуваат секаде за жал и за жал нема правила. На блиски слично на Гак и се деси, на друга другарка хорор искуство исто Гак, ете тебе во приватна болница Само да не чува Господ ништо друго Јас сум исто пред пораѓај, одбрав Ремедика па нека ни е со лесно Имам позитивно искуство со нив оперативно и постоперативно за друга интервенција и бев задоволна од се затоа и таму одбирам и за пораѓај. Бакнежи
одев на ехо еднаш неделно, ми рече доаѓај да следиме, дека така треба, тогаш прв пат се породив немав слично искуство,ниеднаш не спомена остатоци, бидејки се надевал дека сама ке ги исфрлам а со антибиотик дека ке сум покриена во случај на инфекција која на крај сепак букна.страшно навистана, на никого не посакувам слично искуство.
Жал ми е за тоа низ што си поминала. Како што реков секој со своето искуство. Јас за моето од ГАК реков и претходно не сакам да го пишувам, бидејќи сепак читаат и други трудници нема потреба да ги стресуваме со нашите лоши случки. За жал реалноста ни е таа, и на државно и на приватно има и добри и лоши приказни. Со Господ напред и секој со својата среќа. Друго не знам што повеќе да кажам.
Де бре жено И јас се породив кај него пред 4 години и ептен бев задоволна , сега пак одам на прегледи таму кај Зоран и Петрова комбинирам,ама Петрова не пораѓала мислам… Баш ми е жал, а зошто двајца те пораѓале уствари? Ајде сега до крај ниедна мака да не видиш
Не пораѓа Петрова и јас сакав кај неа, па таа ми го препорача Ефремовски. Баш штета, одличен доктор е.
Ќе ја прашам за препорака и јас. За првото ми го препорача Јовановски за следење и пораѓај , ќе видиме сега а Ефремовски баш е супер , искулиран таков
Уф, за следење и општо за контролни прегледи не би ја сменила никогаш, а Ефремовски е многу топол човек иако не изгледа така на прв поглед. Пиле, душо, злато Искусен доктор нема што. Здравје, за второто пак исто ќе одам, прво кај неа, па Ефремовски за пораѓај ако не отиде во пензија до тогаш
Е пред 4 години баш нели беше болна на боледување и не работеше. Иначе цел живот одам кај неа од факултет
Мајки во 36 недела треба преглед да закажам кај докторката за пораѓај или цтг само? Се јавив во ремедика тие не знаеа да ми кажат да не ми наплатат сега на дите трошоци и преглед пак 2700 или после 36 недела само капар давам?
Treba da si zakazes kaj doktorkata sto sakas da te porodi. Ke ti napravi eho pregled i prvo ctg. Ne se plaka 2700 kako za pregled tuku 6000 koi vo Remedika gi vikaat 'podgotovka za poragaj'. So ovie 6000 se pokrieni site pregledi i ctg-a do poragaj. Samo edna napomena, ovie 6000 ne vleguvaat vo cenata za poragaj.
А од кога не им влегуваат на нивнава веб страна стои дека цтг влегува во цената после 36 недела, а тука читам не влегува нешто се заебаваат со нас
За ова ако тестот е позитивен те праќале на клиника... Дали вие познавате или еве има некоја што отишла да се пораѓа на приватно ама ја пратиле државно? Секако дека не. Мене ме примија вечерта со пукнат водењак не бев ич отворена, ми рекоа рано е за пораѓај сабајлето ке ми земат тест а јас се породив уште истата вечер кратко по приемот. Сабајлето кога ми земаа пцр јас бев со бебе и маж во соба. Сестрата рече додека да стаса резултатот ке бидам сама во соба и да носам маска ако е негативен тогаш ке ме префрлат во соба,до тогаш маска да носам 100пати не опомена. Никој не спомна ни државно ни ништо. Ова средината на ноември
Имаше де случај во ремедика нели "докторка" се претставуваше дека била. Си знаела она дека е позитивна ама си ќутела,ја тестираа во меѓувреме се породи,како им стигна резултатот ја префрлија на клиника Политиката им е во таков случај да, ке те породат ти ке си платиш но негата ке си ја добиваш подоцна од клиника која е за ковид+
Јас денес бев на прво Цтг во приватна и баш прашав и ми кажаа дека ако тестот е позитивен не те пораѓаат него те испраќаат на Клиника. Е сега кај тебе било поинаку те примиле вечерта со пукнат водењак и те породиле пред да те тестираат. Но кај повеќето во регуларна процедура прво те тестираат па те примаат, секако ете ако не се погоди итен случај во сред ноќ па те породат пред да те тестираат. Сакам да кажам дека информацијата дека НЕ пораѓаат позитивни е точна. Или ако те породат пред тест а испаднеш позитивен те праќаат на Клиника.