Do pred nekoj mesec tie 6000 bile kako kapar koj podocna se odzemal od cenata za poragaj. Sega e smeneto, znaci si plakas 6000, i posle full cena za poragaj.
Така бев и јас, ме породија и после 6 саати стигнаа резултатите со тоа што јас немав посети и бебето го немав видено (освен што ми го покажаа на растојание од 2 метри) до негативниот тест. Бев во изолација и вечерта ме префрлија во соба. А има пример баш Хепи што го опиша, на сите вести беше.
Стварно баш ме интересира дали некоја добила поз тест у приватна или им"одговара" негативен? И јас имам уплав од поз.тест тој месец пред пораѓај никаде нема да одам
Не ама слушнав за мајка која цел викенд не и го давале детето, зошто ја породиле итно во петок навечер и немало каде да ја тестираат, па до понеделникот додека не ја тестирале не и го давале бебето
Една пријателка доби позитивен тест во Ремедика и се породи на ГАК. За да биде голема иронијата, се зарази во Ремедика на контрола од докторот што требаше да ја пораѓа.
јас скоро месец дена сум дома освен кај моите еднаш неделно ако одам, но маж ми оди на работа во фирма со 100 луѓе, не можам да се изолирам целосно. Јас додека одев на работа до 8ми месец ништо не ми беше како останав дома настинав. Се надеваме ќе помине се како што треба.
Ako ne se lazam i na Gak na kovid centar ne go davaat bebeto. Taka imam slusnato, ako gresam neka me popravi nekoj.
Моја колешка дури 3 ден си го виде бебето, после царски, а сите од врата ја гледале додека да стигне резултатот од тестот, на ГАК, ова кога почна вирусот а сега нз.
Не спорам ако е мајката позитивна. Зборувам за тоа во приватна болница каде се оставаат толку пари 2 дена да не може да и се направи макар и брз тест за да се утврди дали е позитивна или не, за да може да си го види детето
Da da, apsolutno ne gi opravduvam privatnive, realno za 2 godini pandemija mozea i oni da napravat covid oddelenie, a ne vaka, ke se zarazis tamu i aj na GAK. Od druga strana poskapea po nekolku 100ki od poragaj. Mozebi ne e do niv ova, moze na drzavno nivo ne moze da ima covid centri na drugo mesto osven na GAK, ama ako ne e taka...
Често ги качуваат, октомври 2020 платив 115000 за царски во ремедика. Еве сега членките велат тие 6000 што се оставаа капар во 36та недела(и имаш бесплатни прегледи од 36та до породување) тогаш и се одбиваа од целовкупната цена, сега не се вклучени во цената за породување. И Систина тогаш беше околу 120 000 за царски, 90 000 и нешто за природен. види на веб нивни или јави се, ќе ти кажат за сигурно.
Ова да ти е страв да се пораѓаш или секој петок пред термин да си прави човек пцр за не дај боже да треба итно на пораѓај. Баш ми е жал што те снашло ова, ама поминало и се надевам сте дома и надокнадувате за секој изгубен момент
Да, ова беше 07/2020 ама какоо што гледам сеуште се водат по тоа. Повторно сум бремена, затоа здравје следно пораѓање во Систина, Ремедика не баш
Мене ми е најлошо што и од другите градови ако е позитивна родилката пуштаат во Скопје. Што ако е итно, некоја по пат ќе се породи од Битола до Скопје пример. Братучеда ми работи во Прилеп на ГАК и вели сите позитивни трудници Скопје се праќаат за пораѓај.
Здраво девојки, ако може некој да ми каже мислење за докторката Корнелија Трајкова во Систина за пораѓај, би сакала да почнам да идам кај неа 29 недела сум и пополека да се спремам за пораѓај