И во Чаир исто те прашуваат каква врста има тоа со породувањето па требало да го пишувам во историјата.
Тогаш тоа не им чини.И во Чаир не ми се допадна тоа што ме прашуваат да го запишат негде.Како и да е во Санте не би се порагала тос со сигурност знам
Ај овие што објавуваат јавно, за реклама се ќе направат, ама каде е побогу министерството за здравство? Па здравствена установа се да му се невиди, не маркетинг агенција!
Сами потпишуваат дека се согласуваат. На ова мислите нели? https://www.facebook.com/santeplusMK/photos/pcb.1402369139851837/1402369106518507/?type=3&theater
Да,на тоа. Не гледам потреба истото сите да го читаат.Демек видете напишале благодарност долу до болницата
^^ моментот ми е глуп и ништо повеќе! Сакаат да се фалат и тоа е тоа, а неодејќи до таму што секој може да го пополни прашалникот и да пише било што без врска кој па чита... Мене од нив најмногу ми боде очи кога се сликаат со бебињата, што се сомневам дека е дадена согласност, истото го имам заприметено дека го прават и во Плодност Јас и мојте тужби, одма би им скроила некоја
Јас се породив во април беше договорено царски За тебе треба да си понесеш само прибор за лична хигиена другото се ти даваат таму, а за бебето само облеката во која ќе го изнесеш од болница, мене ми ги донесоа дента кога не пуштија Ако имаш други пташања слободно пиши
Го прават и Санте и Систина и Плодност. Сите им е за маркетинг. Е сега мајките и татковците што го допуштаат тие никако не ми се јасни. Некои од нив дури и сами си ги шеруваат постовите на социјалните мрежи. Да дозволам јас некој со мој најсреќен момент маркетинг да си прави само ако ми направат лоботомија успат би се случило. Мене ми е страшно глупо тоа ама кој како сака. Затоа јас Ремедика си ја одбрав за се не се ич нападни.
Јас на страната на Систина немам видено сестрите да се сликаат со бебињата или само бебиња и да ги објавуваат.Може не сум забележала, незнам.
Систина објавуваат слики од родителите со бебето, ниту има прашалници, ниту сестри сликани со бебиња на официјалниот сајт. Слики од соба, не сум видела.
Го видов и јас тоа на страната на ФБ. Прво и прво премногу луѓе кај родилка, нека се од персоналот, друго баш по породување барем кај приватниве има посебен режим на исхрана, кој секако не вклучува полна торта шеќери. Мене не ми било воопшто пријатно да објават слика од мене во постела со нозете надвор.
И чаршавчето умотано меѓу нозе бидејќи гарант гола е. Ова ми е врв на непрофесионализам, а па и таа што дозволила ова да се објавува
Јас пак ќе прашам: Каде е министерството за здравство во ситуацијава? Има ли некој кој ги контролира приватниве клиники? Нели односот доктор - пациент треба да биде строго доверлив?! Дури и со одобрение на пациентите не би требало да има слики. Ни Систина, ни Плодност, ни Санте... Ама тоа сум јас, министерствово очигледно не се замара, а и на пациентиве не им е гајле
Министерството за здравство не го тангираат тие работи, викаат'' ние не сме одговорни за такви работи'' незнам стварно само за што се одговорни.
An-na јас одамна си знам дека никакво министерство ниту институција се секира за тебе и те мисли во Македонија. Системот за многу работи не функционира, а ние седиме и гледаме со прстот во уста. Имаш државна гинекологија порано беше стар објектот, но имаше кадар; сега имаш нов објект ама џабе кога многу малку од кадарот што остана е саглам и неможеш да си избереш кој доктор да те пораѓа туку кој ќе ти се погоди. За се во животот што ќе дозволиш, тоа ќе си дозволат да ти прават. Во Санте дефинитивно претерале со сликиве и некако се без вкус. Се породив во Санте и супер задоволна сум, ама не дозволив циркус со мене и бебето да прават за маркетинг цели. Те прашуваат: сакаш да се сликате? одговараш: НЕ ФАЛА. И толку.