Мислам не е веќе во Санте, беше кратко таму па замина матичен да биде во Шутка а последно слушнав и од таму заминал. Не ме пораѓал инаку но ми водеше бременост за мене супер беше
Јас се породив во Ремедика на 16 јуни.Не знам дали тоа ти е скороама повели прашај, се надевам ќе ти помогнам.
Ме интересираше дали го покажуваат детето преку стакло? Дали персоналот го известува таткото или дозволуваат мајката да си носи телефон со неа во сала?
Тоа нема веза дали си царски породена. Бебето го покажуваат преку стакло, таткото влегува од друг влез да го види. за телефон имаш со тебе во салата, ама секако не можеш да го користиш. мене сестрата ми го зеде да ги слика првите слики од бебето и мене заедно со бебето. После царски се лежи 2 часа на интензивна нега и тогаш не ти го даваат телефонот. Веднаш штом ќе те пратат во соба после тие 2 часа, телефонот ќе те чека во собата со другите ствари.персоналот го известува таткото мада јас од шок соба побарав еден од нивните телефони да се јавам и ми го дадоа. Се јавив на сите едно време почна некој доктор да ѕвони и ми рече да го вратам на сестрата
Веќе ти одговориле, баш како што ти напиша членката така е, само што мене ми го оставија телефонот додека бев на интензивна.Ми рекоа да не го користам, но ги замолив да се јавам на кратко на сопругот и не ми направија проблем.До мене имаше уште една жена која си збореше на телефон цело време.Јас имам прекрасно искуство во Ремедика, немам зборови да опишам колку беше се како што треба, дури и многу подобро отколку што очекував.Доколку имаш било какво друго прашање слободно пиши.
Ви благодарам девојки, и јас имам прекрасно искуство во Ремедика, но ова ќе ми биде прво породување па затоа ме интересираше. Ќе ви пишам како сум поминала во породилни приказни.
@October20 @Katerina94 @Маја Т а како после породување, прво дали го даваат бебе да поседи со вас? и после следните деновите дали помагаат околу воспоставување контакт со града? Фала
Посети не се дозволени за никого, јас природно се породив, не се покажува бебе, си носиш телефон на породување, те сликаат таму тебе и бебето и сама си јавуваш на мажот дека си породена, ова беше крај на декември, среќно
Многу помагаат сестрите, мене ради тоа ме влече здравје за оваа бременост. Форсираат доење , дури и напнуваат, на тие хормони ми се идеше да речам дај оставете ме
Чудно од тоа што читав за членките како минале за доење во ремедика. Зависи од сестрите. Мене ми го носеа најадено. На 3часа се дава Ад, ми го носеа откако му дале 20мл мислам беа Ад. И бебето веднаш ми заспиваше на градс, не влечеше, не беше гладно. Една таму дојде ми го местеше ама не се потрудија кај мене за доење, а искрено ништо не знаев и ми беше потребна таа помош. После од тука од форумот дознав дека треба на града што се вика 24/7 да ти е бебето за да ти надојде млеко асално. Никој ништо не ми кажа таму. Марина докторката ми велеше ќе доиш прво па после ад ќе дадеш одма дека немаш доволно млеко. Да ми е вај памет сега… ама помина моето. Може ќе имаш среќа да налеташ на сестри што се замарат Мене ми го дадоа бебето веднаш штом дојдов од шок соба па беше 11 вечер накај полноќ ја земаа и ја донесоа во 6:30 сабајле. Навечер те оставаат да спиеш. Денски ја носеа 4-5 пати во денот
Ја се породив вечерта 20:15, а кон 23ч ми ја донесоа... После царски лежиш на интензивна околу 2 часа. За доење помагаат, сестрите ќе ти го ставаат бебето на града и како што треба се додека не се воспостави лактација. Со лесно.
Си го носев телефонот во сала ама како се качив на бокс, ѝ го дадов на сестрата и она го стави некаде таму на страна и која излезе бебе докторката го изнаслика со нејзиниот телефон и му прати на вибер на мм одма слики. Он се јави и зборевме уште додека бев на бокс. Преку стакло може сопругот еднаш да го види, влегува од другиот влез кај што е лабораторијата. Кај мене ситуацијата беше да мора да е бебе во инкубатор ден-два, па одев ме викаа на неонатологија за доење и ми ја даваа. Ми покажаа како да ја местам и држам, перница за доење ми дадоа, сестрата висеше над мене буквално додека фати да цица убаво, после кога ми дојде млеко ми дадоа во соба пумпа да се одмолзувам додека бебе беше во инкубатор, после веќе кога ми го донесоа во соба немав потреба зашто цело време на града ми беше. Кога ми се преполнуваа градите сестра доаѓаше да ме провери и ми даваа термофорчиња да ги масирам за да се отпуштат каналите.
Da ama ko sto vidov na fb stranata imaa staveno deka pak se vratil tamu. Koe e tvoeto mislenje kako doktor, posto mene bas mi bese super so samo 1 pregled sto imav mnogu odamna
За матичен супер беше, озбилен ама професионален ептен и детален. Кига имав проблеми со циста од гак сакаа да ми прават царски и цел јајник да ми го извадат он инсистираше дека нема потреба и во право беше. Не ми се допадна само што кога замина од кај Коруновски дента бев на преглед и не ми спомна дека си оди а бременост ми водешњ туку надвор сестрата ме праша дали ќе останам кај нив ко гром од ведро небо ми дојде
Ahh bee e toa bilo loso malku ama eve jas bev 2018 ili 2019 ne sum sigurna i za prvpat u zivot pregled na ginekolog jas bev iznenadena kako kulturno raboti i objasnuva se sto pravi
Koj doktor te poragase, kako si zadovolna od doktorot od personalot, dali ima skrieni trosoci od ona sto kazuvaat i dali prirodno davaat sansa ili gledaat carski da te porodat ?
Jas ke ti kazam moe iskustvo za vo sante pred 6 meseci se porodiv. Mene me poragase doktorka elma za doktorkata nemam zborovi epten fina,i personalot im e svee super nema da zazalish veruvaj. Za skrieni trosoci da ima... A za toa sto prasuvas dali forsirat carski nee vistina znaci do posleden moment gledat da te porodat prirodno mene niednas nemi spomnaa carskii niednas nego slusnav zborot carski vo sante ... E sega ako ima komplikacii ili nemozes da se otvaras toa e druga rabota ako mora carski kako i vo site bolnici ali onii probivat sto e mozno priroden poragaj... Jas pak da ragjam pak bi idela vo sante plus