Mene vednash mi ja donesoa kerka mi koga se porodiv i mi ja ostavija na gradi i mi ja ostavija malku da ja gusnam, pogalam i bacam pa ja sreduvaa otposle
Би сакала да ги замолам тие што се пораѓале кај др Симонида Котларова скоро ако може да споделат искуство од аспект на тоа дали ако сакам да ме породи таа треба да ми ја води цела бременост или можам да се договорам со неа на преглед во поодмината бременост? Кога би требало да отидам ориентирно прв пат? Јас бременоста ја водам кај матичниот гинеколог, па планирав накај 7-8 месец барем да се запознаеме на 2-3 прегледи пред да влезам во 9. месец. Дали е тоа доволно? Исто така дали ако не е на работа доаѓа кога ќе ме фатат болки? Слушнав дека е многу гужва кај неа, дури и термините за преглед кај неа се зафатени цел месец однапред, па дали жената воопшто може да постигне да дојде за сите? Фала многу за споделените искуства
Доволно е во 36та недела да закажеш кај неа и ќе се договорите. Тогаш би почнала и со цтг и се остава капар, се отвара историја. Секако ако имаш желба претходно да се запознаете можеш да закажеш плус преглед, но сметам дека не е потребно. За да закажеш термин кај неа оти бргу се пополнуваат, ќе се јавиш на 15ти во месецот и тогаш отвараат термини за следен месец, па можеш да си избереш кога ти одговара. Кога ме пораѓаше мене и беше завршена веќе смената и остана дополнително. За викендот не беше на работа, но дојде да не провери како сме. Имаш топла препорака за докторката.
Можеш и пред 36та да одиш да закажиш, на 15ти во месецот пуштаат термини ама ти звони неколку дена порано зашто термините кај неа одма се пополнуваат. А мислам и дека на докторите прво им ги даваат списоците за термини пред да почнат од приемно да закажуваат, зашто си имаат они свои пациенти што си ги водат и им закажуваат. Еднаш откако ќе одиш на преглед ќе ти даде и број и ќе контактирате на вибер, секогаш е достапна. Мене ми ја водеше бременоста од трет месец, т.е. За првиот скрининг бев кај неа си закажав регуларно и од тогаш со неа се договарав за термини за наредни прегледи, еднаш два пати дали се јавив на бројот од Ремедика да закажам преглед. Инаку за пораѓај доаѓа и да не е на смена или на работа, јас кога се пораѓав беше на крај на прва смена кога ме прими а се породив дури вечерта, уште една цела смена остана со мене, а за викендот не беше на работа и од дома идеше да ме види
Знаеш ова сите доктори дали даваат број? Јас кај афродита сум до сега на маил сме пишувале не ми дала број а јас не ни прашав. Да знам дали да ја прашам.
Shy cestitski da ti e ziv i zdrav bebushot ❤ Me interesira samo use edno info Dali ti pobaraa krvna grupa ili samite si izvadija vo Sistina? Thanks na odgovor
Незнам искрено. Симонида знам дека дава сите што ги знам што биле кај неа контактирале на вибер. Јас ја отеков за секоја моја мини паника во бременоста ѝ пишував и она ми враќаше. Исто на крај кога ќе требаше да одам на цтг дека одев почесто, на вибер се договаравме кога да одам. Прашај ја Афродита, ништо не губиш
Jas nemav sreka so maticnite vo bremenost u 7mi mesec mojata si otide vo penzija so sreka neka i e, ama zenata za niso ne se zamarase, a sea kaj so sum, mi vika imas od mene brisevi, drugoto toj so ke te poraga neka mu ja misli Pa zatoa i prasav
Извини доцна што ти одговарам. И јас како членката подолу сум презадоволна. Ме порагаше Д-р Елма и искрено топло ја препорачувам. И доктор Синан ми остави добар впечаток. Грижливо човече иако не зборуваше македонски. Постојано доаѓаат и сестри и анестезиолог да ме праша како сум. Царски не форсираат. Јас морав да, но во ист ден со мене се породија две девојки природно. Скриени трошоци има да, ама за се те прашуваат и барат твоја дозвола. Со еден збор прекрасно искуство
Би сакала да прашам дали во Ремедика се раѓаат предвремено родени бебиња (пред 37 г.н)? Прочитав низ форумов дека немаат дел каде што се чуваат превдремено родените бебиња па затоа прашувам. Кога одам на преглед секогаш заборавам да прашам
Да, примаат од 34та недела, само проблемот во Ремедика е што имаат само 3 инкубатора и во моментот треба да има слободен за да можат да те примат, секако ако е предвреме. Моето се роди предвреме, беше во инкубатор. Инаку јас сум воодушевена од грижата нивна кон бебињата, одев секој ден да си го видам бебето и затоа знам, толку се грижливи кон нив што немам зборови да опишам.
Во деновите што си се вклучени во пакетот 3,4 дена зависи од породувањето(природно, царски) не се наплатува инкубаторот. Секој ден плус што ќе остане за бебето во инкубатор е 5000мкд од ден и за мајката исто 5000мкд. Со тоа што мајката може да одбере дали да остане или не зависи колку плус денови бебето ќе го задржат во болница. Ако се неколку дена советуваат и мајката да остане за да се молзи да му даваат и за адаптација и доење кога ќе излезе од инкубатор. Цената за ден во инкубатор е без кислородна подршка и самостојно дишење. Доколку треба плус нега може да е друга цена.
Здраво мајки и идни мајки Пред некое време правев муабет со блиска моја што е бремена при крај и ќе се пораѓа во Ремедика, па ме прашуваше што и како (јас се породив таму пред година и пол) Она била на некоја школа или предавање незнам, за трудници, и им кажувале при контракции што да прават како да дишат, позиции чучневи, пилатес топка, и слично. Јас кога се пораѓав (природно) во предродилната соба само лежев и цело време бев на цтг уклучена иако не ми беше ама ич пријатно лежњето и еднаш замолив да станам па ми дозволија 5 минути и после пак ме ставија на цтг. Прашањето ми е, дали сите трудници во предродилна во Ремедика се цело време на цтг? Дали некоја користела пилатес топка и некои други техники што ги кажуваат по школиве за трудници? Другаркава планира без епидурал да се пораѓа.
На цтг ме приклучија кога ми ставија епидурал, претходно шетав низ соба. Една сестра ми покажуваше како да ги издишувам болките. Претходно имав гледано видеа како треба, ама во тој момент забораваш. Во предродилна бев 3-4 часа. Половина од времето шетав низ соба и ми земаа податоци за документација.
Ова општо, не знам како е во Ремдика, ама чисто како инфо. Јас кога се пораѓав ми беше дадено да користам пилатес топка и се друго што би ми помогнало, бев цело време поврзана на ЦТГ, ама беше само како кругче, безжично и одозгора врзано со голем ластик - појас. Не знам какво се користи кај нас, ама најверојатно од тоа зависи, моја претпоставка. Можев да се движам каде сакам, да правам се за да ми биде полесно, плус и во када да лежам, приклучена на ЦТГ цело време. Исто се породив природно, без епидурал.
Здраво девојки, ќе почнам од 36 недела да идам на прегледи кај докторката Корнелија Трајкова во Систина, сакам да ве прашам дали се наплаќаат тие прегледи и цтг што се прават после 36 недела ?