@LaDyDoLl со лесно да ти е, супер ќе поминиш сите се одлични таму. Го фалат за пораѓај многу. Ако ти треба нешто слободно пиши ми, во близина сум Јас ко се пораѓав само лични работи ако сакам ми рекоја за излегување да се средиш, сликаат на врата со бебуш друго се имаш таму. Алишта за излегување за тебе и за бебе, полнач, четка за заби и толку. Документи за на пораѓај ти требаат последните брисеви, ХИВ, Хепатит Б и Ц и картонче за крвна група. Ќе ти кажат подобро ако е сменето нешто. Ќе се гушкате за брзо
Zdravo. Nekoja sto se poragjala vo Sante skoro da mi preporaca lekar od koj e zadovolna? Se mislam za dr.Elma, pa sepak da prasam. I dali imavte skrieni trosoci okolu carskiot? Blagodaram.
Девојки би можела ли некоја што се пораѓала во Ремедика да ми сподели искуство? И како се со цени, дали имаат скриени трошоци, чисто онака што да очекувам? Не знам како оди целата процедура Да спомнам и дека имам врски за на ГАК (колку лошо и да звучи ова ), па сега не знам за каде да се одлучам. Слободно советувајте ме, иако темава е конкретно за приватна болница
Se porodiv so carski vo Sante vo dekemvri. Carski rez dr. Elma i dr. Sinan. Od doktorite i sestrite sum zadovolna, no plativ vkupno 96 iljadi denari. Znaci, samo doagjaa bez nikakvo objasnuvanje sto i kako, mi velea deka mora infuzija za bebeto, mora terapija ova ona, a koga dojde vreme za izleguvanje zaboravia deka imalo nekoj problem. Mislam deka i nemalo potreba od carski, deka bese nivno izigruvanje za da platam povekje. Taka da ne ocekuvaj deka ke pomines so 550/850 e.
Минатата недела другарка се породи царски во Санте, уште е напната. Како што пиша и членката погоре платила околу 95.000.
Јас се породив во ноември. Договорен царски. Сметката рамно 2.000 евра како што си беше по ценовник. Имавме попуст една крвна слика за бебе Ако си имаш врски за ГАК би ти рекла да не се мислиш. Во Ремедика си беше се на ниво нема збор. Одлучи си сама согласно финансии и комфорност
Леле немој да паничиш, супер ќе си поминеш. Сите се позитивни нема да осетиш никаква тензија. Персоналот е одличен, јадење супер, хигиена безпрекорна. За доење сестрите ќе ти се посветат и без да побараш. Само со еден полнач оди си а ќе излезеш со две раце полни радост
Ремедика се врв. Од доктори до персонал, сестри, хигиена...се е беспрекорно. Ќе поминеш одлично нема зошто страв и паники. Нема ни да ги осетиш тие 3-4дена таму. Сестрите се сите супер, насмеани, позитивни, услужливи. За се што ти треба се тука. За бебињата се грижат одлично. Јас останав подолго време и имав прилика да ги запознаам буквално сите и немам никакви замерки Со лесно, ќе помине се супер
Абе ако имаш врски претпоставувам дека ќе те гледаат бољи. Е сега Ремедика си е супер ама пак ќе кажам пак е сериозна сума. Јас викав со тие пари ќе го израснам детето ама вака да се вратам назад не би се мислела воопшто и би отишла пак.
Парите што се многу, многу се, секој си ја знае и можноста нели. А верувам и дека без врски ќе поминеш добро. Јас ќе одам без врски во Чаир. Врски нејќам од причина што на целата паника од болки и незнаење што ме чека фали пример уште доктор да не се јави или да не може да дојде. А реално за мене сите се доктори
Јас сум невиден паничар ама знаев дека сум во прави раце таму. Не се потресувај за царскиот, поминува. Да не должам многу, сите се фини од персоналот, ама некако имаат ептен лоша организација, освен едно бањање што ми покажаа друго ништо, пресоблекување, дохрана, држење. И најважното не ме научија да дојам, а во извештаите пишуваа дека е добро. Они ќе те наместат, ама кога си сам ич не е исто. Значи немој раат да ги оставаш, ѕвони им цело време за се.
И јас имав врски на ГАК, ама некако неможев да смислам да ми се продерава некој пошто е на лоша нога станат. Докторот во Ремедика си го одбрав и така ми се поклопи. И пак да треба би одела исто. Скриен трошок немав, се си прашав и како што кажаа толку платив. Претходно одговорив, не сум задоволна ич од тоа како ме испуштија. Да не испадне не знам што зборувам, повеќе пати сум лежела во Ремедика и сум била спокојна, ама за со бебево не ме научија ништо, се беше на брзање на трчање.
Јас со претходното породување имав врски на Клиника, но џабе, не беше на смена. За бебето ништо не ми покажаа, ми го донесоа само, ми го оставија и со инфузија и со болки снаоѓај се сама. Не ги земаат бебињата за да одмориш барем два часа. Ти си знаеш, но би те советувала приватно да одиш.
И мене ме интересира за Ремедика, таму решив да се пораѓам. Дали се има сменето нешто во однос на ковид протоколи и дали мм ќе може да влезе на пораѓај и на посети после секој ден? И дали ќе може да си го види бебчо во соба со мене или само преку стакло?