Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.937
    Допаѓања:
    123.505
    Кај кој доктор се пораѓаше?
     
  2. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски

    Јас лани во мај се имам породено во Ремедика, гинеколозите се супер, меѓутоа неонатална се боже сачувај, ко дома да си им отишол. Ништо не ме научија и мене освен едно бањање што ми покажаа, освен две сестри, другите се многу безобразни. И нареден пат би одела таму само заради гинеколозите, но тогаш ќе знам како со неонаталциве , на глава ќе им се качам за се живо.
     
    На simplegirll, Katerina94, cherry89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Женски
    Не, тогаш во Ноември бебе го гледаше тато од надвор. Посети нема. Усвари една од причините зашто се пораѓав во Ремедика, барем раат ми беше глава за Корона. Маски секаде, сестри и доктори исто.
     
    На cherry89, moni49 и Coco31 им се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    Димитров, претходно имав интервенција кај него.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    Баш така. :)
     
    На Madam S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    @Madam S Јас баш поинакво искуство имам. Ме научија и да дојам и се, и беа мн упорни и ми носеа цело време и пумпа да се одмолзувам и тоа без да им звонам и да ја барам вело време, сестрите беа премногу фини и за се што ми требаше без проблем носеа и правеа. А неонатална зш одев таму, бебе ми беше во инкубатор, сум воодушевена од грижата што им ја пружаат на бебињата и сестрите што ги чуваат се толку нежни внимателни со нив, да не речам како за свое. Јас имав мн позитивно искуство. А во однос на банање и тоа да кратка е обуката ама тоа е поради ковид мерките што ги имаат. Се на се јас сум и повеќе од задоволна.
     
    На Lovebug01, Madam S, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Јас сум сега тука искрено сите сестри се супер и доење форсираат да те научат и се
     
    На Madam S, Coco31, cherry89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. An angel

    An angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно. Затоа следен пат Систина со сигурност.
     
    На Madam S и BezglasnaBukva им се допаѓа ова.
  9. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Не звучи лошо, бидејќи таква ни е состојбата, јас пред 2 години се породив во ГАК со врски односно со потплатување на доктор (ова колку и да звучи лошо нека звучи ама за таква работа се би направила), докторката беше супер со мене и со пораѓајот поминав супер имав и анестезија и бев во соба со една значи ме немаше ставено со уште 3, 4 жени. Стварно океј си поминав во тој поглед, иако родив бебенце со срцева мана. Хигиената бидејќи бев 1 ден не можам да ти кажам ама знам доста кај што не се задоволни, не им менувале чаршави, дури и крвави не менувале бидејќи не ни имале, не чистат добро што коронава се појави па почна да има хигиена и лошо е што треба да им се качиш на глава за да ти кажат нешто(зборам за сестрите). Според мене во ГАК или чаир не се влага без врски, сите што ги знам што имале пораѓај без врски или потплатување, се нешто се случувало лошо, не дај боже. Јас сега се одлучив за приватно - Систина, па ќе видиме како ќе биде, размисли си најдобро.
     
    На mssuniquee, cherry89, An angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    452
    Пуста држава. Сите бегаат низ приватните, баш ради тие услови, нега, доктори и слично. Точно е дека за на ГАК и Чаир ти треба човек, за сепак да бидеш третиран и со внимание како што заслужила една мајка и трудница.
    За третманот низ приватните, да не зборуваме мислам дека парите што ги бараат и добиваат се многу за нашето поднебје али сепак се одлучуваме. Еве и јас ја избрав Систина, па ќе видиме.
     
    На H.VAGA, cherry89 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.937
    Допаѓања:
    123.505
    Свесна ли си жено што напиша?
    Раѓајте, плаќајте ама не им кажувајте дела нешто лошо ќе им се случи на тие шо немаат “врски”
    :x
     
    На Enn001, LiquidLuna, Mari-Li и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Secret.women

    Secret.women Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2020
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.526
    Пол:
    Женски
    Па баш на тие што се пред пораѓај како мене не им треба вакво мислење....
     
    На Enn001, LiquidLuna и stsmua05 им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.937
    Допаѓања:
    123.505
    Многу нехумано да го кажеш ова на трудна жена (facepalm)
     
    На stsmua05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.695
    Допаѓања:
    139.485
    Јас пред 2 години со врски бев, па лежевме со бебето 30 дена во болница. Жените што беа со мене во соба, без врски, лежеа по 2-3 дена природно, а 5 со царски (стандард). И не им беше ништо на бебенцата.

    Така да @mcluckie, не е баш точно ова. Овде читаат трудници кои се пред пораѓај, без врски. Секој не може да си дозволи приватна болница. Само Господ да ве чува сите трудници, тоа е најбитно.

    Искрено, па и не мора секој "страшен" детал да се напише. Јас со првото дете, читав во овие теми и плус една другарка така "сликовито" и малку повеќе драматично ми го опиша пораѓајот, јас одев со екстра паничен страв. Со оглед на други пораѓаи читани овде, поминав добро, да не речам супер.

    Зборот ми е, малку само да се припази што се пишува, бидејќи некој може да чувствува страв кој е очекуван пред пораѓај, ама некој може се "бори" со малку појак страв, анксиозност, панични напади и ова може многу лошо да делува врз трудница која е баш пред пораѓај.
     
    На Dust, H.VAGA, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  15. mcluckie

    mcluckie Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам ако така звучев стварно не сакам лошо да се чувствувате ни да се стресирате, како Господ никој не е, моето пишување беше од моја гледна точка како мене ми било, јас реков дека пораѓајот ми беше океј ама истата докторка мене не ми виде дека бебето има срцева мана и тоа тешка и со таква дијагноза не се пораѓа природно пошто самото бебе нема сила па ете и природно се породив добро што она беше тука. Вие самите ако не си ги отворите очите никој нема ни доктор ни приватно ни ништо, самите треба да бидете смирени и свесни дека може се да се деси, бидејќи децата зависат од вас, но не да се стресирате. Ќе се борите за нив, јас ете не сум била свесна никој ништо не видел веруваш во доктори и кога го родив искочи скроз друго, ама јас го имам прифатено тоа само со верба во господ еве сум и пред пораѓање на второ. Целта не ми беше да ве исплашам. На сите ви посакувам најубав пораѓај и здраво бебе, ама треба сто пати да размислите и да ги земете сите работи во предвид. Може тие без врски најубаво ќе поминат, ама јас што ги знам имале по некој проблем тоа не е не знам колкав проблем како на пример хигиена, во погрешно време ставена анестезија, во погрешно време ставена провокација, тоа се проблеми коишто си поминуваат бебињата се здрави и мајките исто за разлика од мојот пример. Се надевам дека ме сфативте сега што мислам, не мислам ништо лошо.
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    Нормално дека ќе има различни искуства секогаш и секаде. Затоа и реков, не сум прв пат таму и второ кад би имала ако е истиот доктор пак таму ќе си одам. Од љубезноста на персоналот реално немам многу да се пожалам и чисто е, убава храна, ама дека ни основното не ме научија да си го хранам бебето не ме научија. И пак ја кривам организацијата на установата, не акушерките. Е сега нормално да сум со овој памет поинаку ќе постапував, ама тогаш толку знаев :)
    Да се надоврзам дур сме на темата. За Систина немам лично искуство, но и таму ги има истиве поделени мислења од познаници, не задоволни мајки и задоволни. Така што нека ни биде репер едно искуство споделено, туку совети кои може да се применат каде и да одберете да се породите.
     
    На Madam S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Девојки фала ви премногу за одговорите, многу ми значи секое мислење и искуство за полесно да се одлучам :inlove:
    Заборавив да спомнам дека здравје ако се пораѓам во Ремедика тоа би одело преку приватно здравствено осигурување. Осигурана сум преку Халк, ама прва бременост и првпат приватно здравствено, па не знам што и како ќе биде.
    Сакав само уште да ве прашам тие што сте биле во Ремедика - колку дена се седи со природно, а колку со царски? Се знае ли тоа однапред колку би те задржале или зависи од ситуацијата? Мислев ако можам буквално се да си пресметам од трошоци, за да не ми дојде некој шок после па едвај да чекам да си одам од таму :smirk: Тоа значи да видам и осигурувањето што покрива.
    На ГАК претпоставувам не се плаќа лежењето или грешка сум?
     
  18. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Во пакетите за породување вклучено е 3дена за природно породување или 4дена за царски. Ако налага ситуацијата да останете подолго се доплаќа по ден за бебето+ за мајката.
    На ГАК не се плаќа ништо, без разлика колку дена мора да се остане.
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена се породив природно во Ремедика. Исто имав осигурување од Халк. Скриени трошоци немаше. Осигурањето ти покрива одреден износ другото вие си го плаќате - таа математика направи си ја.

    Јас сум презадоволна од се во Ремедика и ја препорачувам.

    Со првото се породив на ГАК, без врски, во детали не навлагам но таму не би раѓала пак. Да го немав осигурањето ќе идев овој пат во Чаир зошто само пофални зборови слушам за таму. Но секој си има различно искуство. Некој и од приватно не е задоволен.
     
    На tina2018, stsmua05, cherry89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    И како оди процедурата, од Халк ти рефундираат или ти само разликата си ја плаќаш на шалтер пред да ја напуштиш болницата?
    Бидејќи пред скоро си се породила (честитки! :D) би можела да ми кажеш што плативте вие, а што осигурувањето, и цените ако се сеќаваш? Може и во лична порака, а ако не сакаш секако ќе си се распрашам и јас, no pressure :) Не за друго, туку малку незаинтересирани ми делуваат искрено, имав сега скоро некои приватни прегледи за рефундирање па на мејл едвај вратија и после ги снема, ми ѕвонеа на Вибер од некои странски броеви и на мене и на мм, он ги чекаше 10 минути на линија да ги добие и на крај пак не се разбравме, комуникацијава (n) Процесов со рефундирањето уште трае. Затоа не знам колку сум во сигурни раце кај нив со пораѓањето, ама добро што пиша ти како позитивен пример :)
    А ценовник на Ремедика не можам да најдам, најдов еден стар што веќе не важи зашто се поскапени, изгледа телефонски ќе треба да ми кажуваат па да запишувам.