Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Еве ги цените за породување и што се е вклучено на линкот: https://remedika.com.mk/ginekologija-i-akuserstvo/#spontano-poroduvanje подолу има и за царски, а за другото нека пишат тие што имаат искуство. Инаку и мене на прием во Ремедика ме прашаа дали имам приватно осигурување, сигурно си комуницираат со осигурањето, ама убаво распрашај си се. Со лесно:hug:
     
    На cherry89 и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  2. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    2.579
    Пол:
    Женски
    @Asher и мене ме интересира исто сум со халк осигурување ако не ти е тешко пиши тука :)
    Фала ❤️
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    Ти пуштиле ценовник, тие се цените, 85000 природно, 115000 царски. Кај професорите пораѓај беше плус 6000 мислам. Таа подготовката е исто околу 6000, не е вклучена во цена. И пцр за корона 2000 ли беше така нешто. Ако бебе има жолтица се останува плус колку е потребно и се плаќа плус од ден. Со царски си 5 дена со се денот на прием, на 5ти ден излегуваш ако е се ок, за природно е 3 дена мислам. Педијатриски прегледи 3 се бесплатни, мене и 4тиот не ми го наплатија, ама си продолжив таму. Контролниот преглед за мене беше на нога, немаше ехо, ама друга приказна е тоа :)
     
    На Ljubova и cherry89 им се допаѓа ова.
  4. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    @Cloverrrr

    Линк со цените ти пратиле веќе. На таа цена плус 6000 за подготовките и цтг и овие 6000 ги даваш на почетокот кога влегуваш во 9м и почнуваш да одиш кај др што ќе те следи до пораѓај. Останатиот износ (наведениот на линкот) се плаќа по пораѓај.

    Точно дека се малку спори од осигурањето ама упорно праќај маил и досаѓај по тел. Во однос на пораѓајот штом влезеш во 9м ќе им пратиш барање и ќе испратат гаранција во ремедика колку ќе покријат тие. Во ремедика ќе те внесат во систем и после вие доплаќате колку треба.

    Видете во полисата до кој износ ви покрива осигурањето бидејќи има различни полиси. Се над тој износ си плаќате сами. Побарајте контакт во ремедика од лицето кај нив што работи со осигурителните и тој може да контактира со нив (да поттурне ако треба, а и да се осигурате дека ќе ви ја внесе гаранцијата во системот).
    Со природен пораѓај останав 3 ноќи. Колку се плаќа ако се останува повеќе не знам.

    Покрај овие трошоци имаш околу 3000 за бебе. И пцр тестот не го покрива осигурањето, си го плаќате вие.

    Обично во полисите има покритие и за некои прегледи во бременост. Ако имате такви наместо да бркате рефундации можете исто однапред да барате гаранција да пуштат (ако однапред го закажувате прегледот).

    Мислам не пропуштив ништо :)
    Ако имате некое прашање пишете. Што можам ќе помогнам.

    Со лесно
     
    На Dust, cherry89, Ani93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од персоналот. Некои од сестрите беа позаспани така им требаше повеќе време за да дојдат кога ќе звонев ама за доење максимално се потрудија. Единствено што ме изнервира што одма ми дадоа силиконска брадавица за доење инаку за сѐ друго беа супер. Бебе ми беше 2 дена во инкубатор и одев таму ја доев, на глава ми висеа додека не фати да цица. Во соба ми имаа дадено пумпа и термофори да ми се омекнат градите да ги масирам, зашто наеднаш ми надојде многу млеко. После во соба кога ми ја донесоа третиот ден, ми покажуваа како да ја местам за доење во различни позиции, а ги замолив и да пробам да ја пресоблечам, и тоа ми дозволија па ми покажуваа, настрана од таа обуката за бањање што траеше 5 минути. Може малку им се качив на глава ама ниту еднаш не осетив како да сум им терет или како да ги мрзи. Додека одев во неонатална ги гледав како се однесуваат со другите бебиња, како со нивни. Толку беа мили и нежни кон нив. Една сестра им пееше дури :)
    Е од педијатрите сум малку разочарана, нивните визити беа на трчање, буквално секунди траеја. Само добро е бебето и толку. Од картонот гледав што ѝ даваат. Немаш време ни да ги прашаш нешто од што брзаа.
    За гинеколозите немам збор. Докторката моја во викендот кога не беше на работа доаѓаше да ме посети и мене и бебе. Она повеќе ме известуваше за бебето него педијатрите.
     
    На Ljubova, Tiny Love, Сара Лав и 2 други им се допаѓа ова.
  6. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Фала ви ПРЕмногу! :l::inlove::hug:
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Не тагнувам никого зашто малку напнав, па кој сака нека пише :D
    Го пуштаат сопругот на пораѓај? И ако да, претпоставувам би било само за природно, на царски веројатно не? :?:
    И после пораѓај дали смее да влезе да не види со бебето, да ни донесе нешто ако треба, па и некој друг од фамилијата не само он, или ќе треба да се чека да излеземе од болница после тие неколку дена, како се протоколите?
     
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мислам дека уште никого не пуштаат. Барем до пред 2 месеци (моја блиска се породи тогаш) сигурно не пуштаа освен да го види таткото бебето преку стакло еднаш. Ако во меѓувреме не смениле нешто што не ми се верува, многу беа ригорозни со мерките, дури и на пораѓај и во соба кога ќе ми носеа бебе морав да сум со маска. Инаку дојде дента пред да не пуштат да донесе облека за искачње од болница ја остави долу на пулт и сестрите ми ги донесоа работите
     
    Последна измена: 16 март 2022
    На Tiny Love, Сара Лав и cherry89 им се допаѓа ова.
  9. moni49

    moni49 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Денес се породив во Ремедика со царски сопругот не го пуштиа, од како сум завршена со царскиот и однесена на интензивна тој се видел со докторот и му дозволиле да ги види бебињата само преку стакло не дават ни мене да ме види поради ковидот
     
    На cherry89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Не дозволуваат ни на пораѓај ниту посета после. Таткото може само преку стакло да го види бебето. Не верувам дека нешто ќе трена да ти донесе. Се имаш таму. Кога ќе ве пуштаат долу ги носи алиштата и сестрите ги земаат.

    Во однос на посети од сопруг или било кој друг искрено не знам зошто толку се напнуваат повеќето. Пред скоро 5г кога се породив со првото на ГАК (корона не постоеше) исто немаше никакви посети. А и да бидеме реални освен ако не си сам во соба мислам и дека не треба да има. Улошки, крварења, болни гради, млеко течење - се смеевме со цимерката ако не тече доле во моментот тогаш тече горе - не е баш пријатно да доаѓа посета.
     
    На tina2018, Snowflake92, bertold и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Мајки соборки, само што се враќам од преглед во Ремедика и цените се сменети, не се валидни тие на веб страницата. Вака ми кажаа денес:

    89 300 спонтано
    123 000 царски
    + 6000 кои порано биле капар, а сега не се одбиваат од вкупната сума и се плаќаат за подготовка/цтг/анализи во 36. недела
    + 2200 за пцр кој се прави во 36. недела и важи 2недели, а ако се надмине само ден два над тие 2нед тогаш се прави брз антигенски место нов пцр
    + околу 2300 за бебето за првични испитувања

    сума сумарум, и спонтаното по ново достигна 100че минимум :sweat::(
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Машала ненормални.
    Мене вака со пцр ми направија, ме тестираа во 37ма и кога отидов со болки во сред ноќ ме породија во посебна сала, па ме ставија во карантин, бебето го видов тек вечерта во 18h кога ми стигна негативниот тест од Жан Митрев. Тогаш важеше 3 недели тестот, јас не знаев и никој не ми кажа.
     
  13. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Царски сега 129.000 8-| плус ковид?
    Па навистина забегаа...
    Пред само една година 120.000 сум платила... Страшно
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Сега пцр таму си прават и не признаваат од друго место. Така дознав од една блиска што се породи сега во јануари. И пцр во 38 недела ѝ правеле, плус брз тест на прием (а не биле поминати 2 недели од пцр-от) И пак на пораѓај со маска (facepalm)
    Јас кога се пораѓав во Биотек правев пцр и ми го важеа ама ова пред скоро година и пол. И да капарот сега испаѓа како екстра трошок, не го одбиваат од цената за пораѓај.
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.127
    Пол:
    Женски
    А, Систина па што се поарни, исти се тоа сестрите, мрзливи, незаинтересирани, живци скинав со нив , ништо ни објааснија ни па се замараа, и понапред во темава и други членки го имале истиот проблем.
     
    На An angel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Од кога ова? Јас тука сум па незнам за ваква промена мене ми кажаа 85000+пцр 2200 и 6000 подготовката(ова од малку поодамна им е со подготовката да не влегува во цената) . А за бебето не е морално да имаш плус трошоци туку демек ако му прават плус испитувања. Мене за ништо плуд не ме прашаа баш ќе видам на крај фактурата што ќе каже8)
     
  17. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Мене вака ми кажаа вчера на пулт. Баш е глупо што цениве вака само ги диктираат па ајде сите со тефтерчињата да си запишат. Не ми се верува дека немаат најобично флаерче со сите детали, а очигледно ни на страницата не им е ажурирано.

    Јас секако се решив за таму, па сподели баш на излегување дали те изненадиле :))
    Ако има некој некоја друга информација, кажувајте :)
     
  18. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Точно е ама и дебилско ме примија со цена 85000 а денес ми кажуваат 89300 срамота е како менуваат цени
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Како бе така? Изгледа никој не се побунал до сега и си покачуваат цени ко од ракав од денес за утре. Па 4300 не се малку пари. Луѓе кредити земаат за да се породат приватно..
    Јас платив скоро 20.000 денари плус ама тоа беше зошто останав 2 дена плус и зошто бебе беше 1 ден на интензивна.
    И за цените додека бев таму никој не ме извести освен една сестра што ја прашав и ми кажа дека секој ден плус се доплаќа по 5000. Сега може и поскапо е ова одамна беше. И плус анализи правеа на бебе што на крај ги доплативме а никој не нѐ извести дека се доплаќаат или да ми дадат некаде согласност да потпишам дека се согласувам да платам за тие анализи. Само за крвна група на бебето знаев дека се доплаќа.
    Па не се малку пари, на некому му се броени.

    П.С. Честитки за бебе бр.2, бидете добри останатото е неважно :)
    Пиши во породилни како пројде со второ :inlove:
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    4.626
    Ова ич не е во ред да ти наплатат друга сума.

    Сега ми текна уствари пошто на прегледи идеме таму дека имаа качено цени, ич не ми текна дека и на пораѓајот ќе имаат качено..