Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.724
    Пол:
    Женски
    Ова е анкетен лист, не е прибирање податоци за статистика, самите пациенти дозволуваат јавно да се објави со пополнувањето.

    Инаку и мене ме нервира тоа сликање со бебиња и мајки за маркетиншки цели...аман, не мора се' да се користи за рејтинг. Башка што се работи за приватни болници каде едно породување, (нешто што законски треба да е бесплатно) чини ѓавол и пол, ко да немаат доволно заработка, па решиле, ајде да се рекламираме. Рекламата не е потребна, ако има задоволни пациенти, а ги има.

    Мене ме боли тоа што во државава приоритет му се даде на приватното здравство, не барајте одговорност од МЗ, бидејќи тие се оние кои најмногу ќар имаат од моменталнава ситуација, парите в џеб ги пикаат. А сите ние што плаќаме редовно придонеси демек за бесплатно да се лечиме во државно, пак пари даваме приватно, за да добиеме услуга на ниво. Жално!
     
    На Nausicaa, Sesil, Troi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    И јас ги видов сликите од родилката со тортата, ептен невкусно.
    И плус каква реклама си направија со Даниел Кајмакоски 100 слики ставија, цела фотосесија (facepalm)
     
    На Troi, emkaemka, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.242
    Пол:
    Женски
    Одамна е јасно дека здравствово е намерно доведено до ова дереџе за да Камчев и нему сличните профитираат. Ама тоа не значи дека треба да си ќутиме, напротив...
     
    На fina erika и Annath им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Така е, ама кој се буни во државава за нешто? Ако се буниш одма си црна овца или од „другите“.
     
    На Nausicaa, An-na, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    112.853
    Пол:
    Женски
    @kukla21 ја видов сликата со роденденот и не може моето мало мозоче да процесира што сакаа да постигнат со тоа? Оние сликичките што се на излегување од болница и не се баш лоши (макар шо јас не би се сликала ама нема врска) ама ова со чаршавчето измотано низ неа ...|(:shake:
     
    Последна измена: 10 јули 2017
    На Leo_29, mariz, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Еве јас се бунам и што?Mислиш дека нешто ми успеа неодамна ДСЗИ МИ ДАДЕ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРЕДХОДНА ПРЕСТАВКА се смеевме со мм за тоа што беше напишано внатре.
     
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Леле ја видов и јас, тука кога зборевте си реков 2,3 докторки и честитале.. тоа цела болница пикната кај неа во соба, свашта :|
     
    На kukla21 и fana им се допаѓа ова.
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    40.325
    Да ама ти(ние) ако не сакаш нема да те сликаат и нема објава. Еве јас не се сликав
    Така да до негде и сами си одлучуваме дали ќе бидеме "искористени" за промотивни цели. И плус објавуваат само на нивна страна а не ставаат платени реклами по други сајтови.
    Ова за Систина зборам, за другиве не знма како функционира
     
    На emkaemka и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да дадат 50% попуст да размислиш, вака :)
     
    На duffi, Troi, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Па родилката со царски во принцип првите два до три дена е гола, само со спавача и лежи на компреси. потоа може да носи гаќи кои не ја задираат раната. Не е пријатно, тие денови некои жени имаат потешкотии со станување, но во суштина сите чувствуваат помала или поголема бола при станување од кревет, па уште да води грижа и како да седне... Што знам, ако се одбележува роденден, доста е симболичен подарок, а не куп луѓе, па и торта на жена на која варењето и е во состојба на регулација.
    Па тие приватните барем имаат посебен режим на исхарана
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Така е. Таму никој ни те слика, ни те замара. Професионални се и веб страницата им е, или им беше соодветна на целта. Кратко, информативно, со приказ на болница и болнички соби, но без пациенти. Мене не ми е од никакво значење дали таму на некоја си и прославиле роденден, и купиле балони, и врзале машна на глава. Ме интересираат новини, опрема апарати, модели, година на производство и перформанси. Не се разбирам во медицинска техника, но доволно сум писмена да разберам што се постигнува со некоја нова опрема и кон што ќе придонесе. Сликите од персоналот со кратко резиме ми е сосем професионално и на ниво запознавање на идните или постојните пациенти. Во суштина жените колку и да се потсредени по породувањето се во суштина скапани и се чувствуваат, па како да кажам, помалку неугледно и измрцварено. а и оние приказни од славните за непроценливото искуство не ми се ама од никакво значење.
     
    На kukla21, Troi, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Не сaмo цaрски и прирoднo истo, влoшкaтa сo нoзе си јa стискaш дoлен веш не смее :)
     
    На LadyC, wannaBeMomma и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Колку време не смее долен веш да се облече ако е природно породувањето, или зависи колкава е раната?
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Додека си во болница ич! Кога ќе си одиш дома си облекуваш најнормално и од тој момент натаму нема зошто да не смееш.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Кај мене дозволија по два0три дена, ама гаќи над раната. Различно кај секого.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    Ова да не кажуваш за царски пораѓај? Јас и кажав на членката за природен пороѓај, знам така е во сите приватни и државни болници, без исклучок.
     
  17. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски

    За царски кажувам од моето искуство. Природно не сум се породила. и не знам како е.
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Сакам да пишам после толку прашување баш тука дали се исплати пораѓањето во приватна болница дека се исплати пута 100. Едно искуство во државнс и едно во систина две различни планети од луѓе услови начин на пораѓање нега се се се'. Жално што во МК треба да имаш 1000 евра за да се породиш како жена а не како животно на кланица.
     
    На fana, Mia.milicka и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.242
    Пол:
    Женски
    резултатот на Санте со објавување на анкетарниот лист јавно...сајтови како мотика и слично им ги превземаат сликите и ги исмејуваат јавно лугето.Браво Санте завршивте 'добра' работа.
     
    На LadyC и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Тие луѓе сами дозволиле нивни слики и анкетен лист да се најдат јавно изложени на интернет. Да, се согласувам, не треба да постои тоа со објавувањето слики и анкетни листови, катастрофа е, ама кога веќе го има сигурно имаш шанса да бираш дали ќе се објави или не. И секој одлучува за себе.

    Инаку се разочаруввам некако и од приватниве болници, секаде се форсира царски изгледа... пред некоја недела пријателка во ремедика ја породиле со царски иако дошла веќе 7 прста отворена, а целосно била отворена пред да ја спремат за царски, ем ги трпела болките за природно ем од ранава после операција си трпи, многу е разочарана, се било ок и договорено за природно, не и дале ни објасување зошто завршила со царски...
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.