На мене и маж и дете ми пуштија. Не е во Мк, и не е приватна болница, ама мерките овде повеќе се почитуваа. Која е разликата, мене да ме пуштат, а нив не? И тоа докторот претходно сам ми кажа и партнерот да дојде. На првиот преглед и сестра ми дојде.
Блазе си ти! Сега кога ќе размислам па дека детето нема да го пуштат ни во посета откако ќе се породам, тоа им е уште поголем минус на Ремедика, ама како што пишав веќе некако касно ми е да мењам, а не се распрашав за посетава на време и баш ми е криво :/
Која недела си? Јас со царски рез ќе пукнам 5 дена. За првото маж ми малтене цел ден седеше со мене и бепка. Јас сеуште немам оставено капар, 8ми сум, има време да им дојде памет А најтрагично е што сестрите се пикнати во собче без маски
1ва смена е митинг во чекална. Стварно ја тупат. Само да не речат со маски да се пораѓаме. Се надевам ќе го укинат тоа.
Јас нема да можам со маска нема шанси. Во август најголемите жештини таму на бокс потови ќе течат од мене уште маска да ставам и во несвест да паднам. И да инсистираат на врат ќе ја ставам на нос нема шанси.
Ако тераат да се пораѓаме со маски при сите мерки олабавени значи имаат друг проблем, не корона. На крајот на краиштата не гледам дека ги дезинфицираат целосно креветите пред и после секој пациент, само нова хартија ставаат... Последно што многу ме изнервира во Ремедика беше кога влезе друг пациент, односно МАЖОТ на пациентката, сред мојот преглед, што ако ме гледаше вагинално? Докторот изреагира почекајте почекајте ама многу доцна, не смеат такви пропусти да прават...
На тие пари што ги зимаат, еве мене ме изнервираа. Абе им плаќате многу пари и не може таткото на скрининг да влезе. Ај да разберам кога беа пиковите, ама сега? Корона следи некој?
Ептен ме нервираат и мене, а корона која корона се на се се 500 активни цела Мак.а плус се олабавија веќе е само маските останаа за здраствени установи. Мајка ми на државна сега правеше операција тест не и правеа, и тоа не го прават веќе.
31. недела сум, ни јас уште немам оставено капар, ама таму одев на прегледи па ми ја имаат цела историја, си викам кај сега од почеток во Систина, ама еве со ова што не даваат посета од дете ми влезе црвот сега. Баш се надевам деќа ќе сменат до следниот месец, нооо секогаш е добра идеја и ние да почнеме да реагираме, па еве јас во петок сум на трет скрининг и баш ќе си кажам дека тоа им е безвезе (не знам дали политикава за непосета од деца им е откако почна коронава или и претходно било истото правило) Со првото каде се породи? Исто таму?
Да таму. Маж ми буквално цел ден беше кај мене со бебето, мајка ми , сестра ми наминуваа. Да пишеме меилови зошто сестрите џабе!
@eli25 Пробај последниот термин да го закажуваш навечер. Мене неколку пати така ме пуштаа со мм затоа што немаше други во чекална. Сестрите секако ти викаат да си причека мажот во чекална, ама он нека ги игнорира и нека застане пред врата пред да влезеш и прашајте си доктор. Јас веќе почнав со ЦТГ во Ремедика и таму ќе се пораѓам. Ова со коронава им е претеризам. Мислам дека не е толку ради короната колку што нив ги мрзи да си ја сменат сега цела логистика ко што им била пред 3 години. А инаку што мислите за сама во соба после пораѓај? Осигурувањето ми го покрива и тоа па се мислам дали да си кажам дека сакам сама да сум. Некој ми вика подобро со друг во соба, прво дете ти е, ќе ти каже што како треба... Од друга страна па сум човек што си сака приватност, посебно во такви моменти. Некој да сподели искуство ако бил сместен сам, дали му фалело нешто
Јас се зезнав првиот пат што не бев сама во соба. Демек муабет со цимерка. Не можев да спијам од неа ненормално р’чеше жената само спиеше 5 дена а кога не спиеше висеше на телефон , мажот и беше во странство па навечер збореа . Леле пукнав, и сестрите се нервираа навечер во 2,3 дијазепам ми носеа. За помош ќе имаш од сестрите од Ремедика , супер се , не ти треба цимерка . Јас така и одам попладне 20,20.30 ги зскажувам прегледите но докторот не пушта, џабе. Да не знае некоја колку е апартман во Ремедика, инаку?
Кроација Плаќам поскап пакет, можеби затоа. Инаку осигурана сум од 5ти месец бременост, не од пред забременување ко што гледам дека бараат повеќево компании.
Само јас се надевам да нема посети уште некое време? Само без син ми ќе си пукнам, друг никој не ми треба, а искрено не би сакала да дојде и да ме гледа таква. Од друга страна, ако јас имам посети ќе има и цимерката, а може ќе се погоди некултурна некоја како првата што ми беше... Така да, подобро да одморам 5 дена од луѓе. А за доаѓање на прегледи со мене, па ни на крај памет не ми дошло