И јас не сакам да има посети Првите два дена бев сама во соба и после тоа ми донесоа цимерка. По цели денови од 10 до 20 ч. како и да беше посетата маж и беше во соба
Фала за инфо. А дали знаеш дали во апартман евентуално пуштаат? Барем во органичено време? Без маж ми ќе издржам два три дена, издржав и првиот пат , ама без детево
Деца нема да пуштаат и тогаш не пуштаа. Во апартман нема логика да не пуштаат маж. Ама нивната логика не е логика Ќе пукнам 5 дена сама
@eli25 , а зошто царски? Имаш некоја индикација или така сакаш? Извини за индискретност Ние гледам тука негде сме со неделите, може ќе се погодиме цимерки Инаку гледам на првово при раѓање му бил направен и tsh скрининг на ГАК како дел од редовните испитувања покрај првите две вакцини, а во Ремедика ми спомнаа кардио скрининг и ортопедски преглед за новороденче, ама не и ова- ваљда и они сепак ги прават рутинскиве испитувања (?)
Јас знам дека во Систина деца не пуштаа ни пред ковидот. Ама до влезот кај пултот може да дојде, па да искочиш да го видиш. Мислам дека во апартман и детето би го пуштиле. Така ми се виде.
Јас сум пукната да сум сама во соба и ќе барам под точка обавезно. Не можам да тепам празни муабети, сакам да си се опоравам и одморам тие денови. Не ми е прво дете, а и за се друго тука се сестрите на располагање. Како иде тоа за сама да барам? Колку време пред тоа треба да најавам? За Систина ова
И јас сакам така, а и реално за тие пари родилките треба да се сами во соба. @TeddyGrey како си задоволна од персоналот во Систина? Мене ми е заборавено скоро се, па ќе ми треба објаснување
Мене ми е скроз ок деца да не пуштаат. Па милите они, мајки врзани во кревет со инфузии,исцрпени во спавача, не можеш да станеш ако си со царски, они сакаат да трчкаат да играат итн. И ај тоа најмал проблем, ама кога ќе треба да си оди ако е мало и поврзано ќе биде потажно дома, а и ние со нив. Сепак се 3 или 5 дена само. Дома ќе си надокнадиме со гушкање.
Еве мислам јас се гледам. Не сакав да се породам од што ми беше жал за детето и замисли првиот ден кога се породив поголемото ми фати сипаница и морав да го изолирам од бебето, па место 3 дена 12 бев разделена. А иначе имаше една мајка што фати врски за да и дојде детето на посета во Систина и не можеш ни да замислиш колкава траума беше тоа и за мајката и за детето. Тоа не сакаше да се раздели лд неа, плачеше, се влечеше во ходник, па плачеше и викаше зошто си така облечена, зошто ти е боцната раката. Јас мислам дека сите што бевме породени во тој момент плачевме.