Форумџика на годината

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Леле душа,баш на ова мислев. Неизбежна е таа ситуација:( најдобро е поголемото да си биде згрижено дома, а може да дојде последен ден да си го земе бебето дома :)
     
    На Meckicja, tina2018, barby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. simplegirll

    simplegirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Pred 3 godini jas se poragav Remedika, bev sama u soba i pustaa deca, samo sto vnatre morase maski da nosat site, i bebeto ne go nosea dodeka imase nekoj,na soprugot mu dava i zelen kako mantil da oblece, ova pred koronata ..
     
  3. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.479
    Пол:
    Женски
    I jas prvo mislev podobro ke mi e sama, prviot den bev sama vo soba i mnogu mi bese cudno, vo drzavna nemase ni poseti. Naredniot den mi donesoa cimerka i sto ubavo mi bese muabetce, taa bese vtoro rotka si ja prasuvav sve sto me interesira, si gi preslekuvavme zaedno bebcinjata, si gi nadgleduvavme ednata koga trebase da odi da se istusira i sl. Mene poubavo mi bese so cimerka :)
     
    На Mari-Li, Enn001 и Сара Лав им се допаѓа ова.
  4. Dani99

    Dani99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички и идни мамички
    Сакам да ве прашам за искуство со др-Ненад Лазаров во Санте Плус?
    Ви благодарам.
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.139
    Пол:
    Женски
    Докторот скоро заврши со специјализација, и веднаш се вработи, колку може да има искуство. Јас искрено не би се порагала кај него, додуша и во Санте веќе не би. Твое е да си одлучиш. Ама сепак за мој живот и посебно на дете не би ставила во раце на некој со малку искуство.
     
    На Suze18992, KuklickaSk и eli25 им се допаѓа ова.
  6. Galicka

    Galicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Јас само би сакала да прашам кој доктор би го посочиле во санте, бидејќи планирам кога ќе дојде време да одам таму. Имав многу тежок прв пораѓај со ќерка ми ( два дена, природно, на гак) па би сакала да немам толку трауматично искуство овој пат. Благодарам!
     
  7. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Дали би сакал некој кој во брзо време се породил во Ремедика да сподели како оди процесот кога треба да почнете со цтг/прегледи од 36. недела?
    Дали закажувавте преглед или само отидовте и кажавте дека сте за цтг?
    Кај им е сместено цтг-то, во амбулантните ординации или?
    Дали е во присуство на доктор (тој што ќе ве пораѓа/ може и некој друг) или само техничар/ сестра?
    Имам уште цели 4 недели до 36та ама веќе ме фаќа возбуда денес бев на преглед и ме фати паника од гужвата си викам леле ако ме фатат болки на кој пулт ќе треба да трчам
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Еве јави се уште денеска и закажи преглед кај докторот што ќе те пораѓа. Секако мораш во 36та кај него прво да се запознаете (ако не си била досега таму), крвна слика ќе ти направат, земи си картонче со крвна група ако си знаеш, можеби ќе те види на ехо и после ќе те стават на цтг (собата одма после просторијата за наплата).
    На цтг ќе те намести сестрата и на крај ќе го викне докторот да го види.
     
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Фала @Jana06 :)
    Се знаеме веќе со докторката, одев кај неа последниве неколку пати на редовни прегледи и денес само ми рече следен пат се гледаме кога ќе влезеш во 9. на цтг ама од возбуда не ја прашав вакви детали
    Од 15. пуштаат термини па ќе се јавам да си закажам за секој случај термин :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Јас се пораѓав во Систина пред 15 години,ни тогаш деца не пуштаа кај родилките...Сама бев во соба,мана или предност еве не знам!
     
    На Coco31 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maja Sokol

    Maja Sokol Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Породување во Санте Плус ни под разно!
    Породена сум царски пред 3 месеци таму и искуството е неописливо лошо.
    Ме породи д-р Елма, и да раѓам уште 10 пати би се породила кај неа, но останатиот дел од персоналот и услугата страшни!
    Цената на пакетот беше 550 евра (природно) - 850 евра царски. Врска нема! Скриени трошоци еден куп!

    Првично ми рекоа дека не можам да се породам природно затоа што бебето е околу 4кг. Може да му се наштети на бебето при вадење (како за прво детенце пусти страв), ок, се согласив да се породам царски 39та недела.

    Додека ме спремаа за операција потпишав еден куп документи... за дополнителни трошоци.
    Др. Елма ме породи како што е редот со професионално завршена работа и др.Синан истотака.

    Откако ме однесоа во соба, вечерта ми го донесоа детето. Детето ечкаше по малку, ја прашувам сестрата: што му е? Дали е во ред? Таа вели да да, нормално е. Сите дечиња така.

    Вечерта доаѓа сестра ми вели дека детето го ставиле на кислородна поддршка и дека му даваат некоја терапија зошто му била намалена гликемијата. Од страв како мајка, потпишував секој документ што ќе ми го приложеа.... за наводна наплата на терапија за малото. Од 4 дена во болницата, за секое “добро утро” добивав документ за наплата од: 15.000 денари, 12.000 денари итн. (четири дена, секојдневно)

    За пред да ме испуштат, да ми направат филм дека детето треба да се задржи во болница уште некој ден, за нели да ми го олеснат џебот.

    На своја иницијатива и со свој потпис ја напуштив болницата. Бебето после Санте е однесено на неколку мислења со специјалисти, педијатри и направени крвни слики, врска нема со она што ми го кажуваа... нека им служи на чест.

    П.С нит сум прва нит последна со вакво искуство од Санте. Се надевам ниту една мајка нема да помине низ тие стравови и трауми за здравјето на своето дете.
     
    На oblace1, tina2018, LazaLaza и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Немам никаква поврзаност со Санте, ама не верувам дека би си играле така со тебе и детето. Нека остане тоа позади вас сепак, ама зошто толку недоверба. Бидете сега добри, тоа е најважно
     
    На Dani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elena.

    Elena. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2022
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација имавме и ние пред 4 месеци, САНТЕ никогаш повеќе!
     
    На tina2018, Meckicja и Maja Sokol им се допаѓа ова.
  14. Maja Sokol

    Maja Sokol Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Моето искуство е тоа, како вечен оптимист ни јас не би сакала да верувам дека всушност ништо не му беше на малечкото но, односот на нестручните сестри и педијатарот ми се јасен показател дека всушност не ни знаеа дали му е нешто на детенцето.
    Секоја сестра ми даваше различно објаснување, една велеше: ма ништо не е, нормално е малечко му треба кислородна малку за помош да се адаптира, друга велеше: ааа среќа одма што реагиравме ова е многу страшно! Итн итн.

    Кога побарав да ми се објасни што всушност му се дава на детето, која терапија и зошто плаќаме дополнително, педијатарот, така дрско ми објасни што во моментот посакав по таа проклета пижама да си го земам детето и да излезам.

    Првично почна да ми објаснува на висок тон и дрско за трошоците односно материјалниот дел а потоа за терапијата што му се дава на малечкото (да не грешам душа дали беше потребна или не, детето беше испобоцкано цело по рачиња).

    Некои од медицинските сестри... немам коментар. Толку нестручни, непрофесионални. Кога пред една сестра му се јавив на сопругот да се консултирам за да потпишам следна некојаси наплата, сестрата буквално преврте со очите пред мене и со тешко срце издиша пустата. Ми доаѓаше да и кажам: извини што не знам уште колку буџет имам и што се јавувам на маж ми?!

    Втор ден по операцијата смрзнав. Станувам да си го земам дуксерот ДА СЕ ПОКРИЈАМ, доаѓа мед.сестра дури сабајлето! И велам оже да ми дадете нешто да се покријам ладно ми е, не сакав да ви пречам да ве барам... повторно издишување и превртување очи (друга сестра! Не оваа гореспоменатата)

    Истотака, во еден момент кога бев сама со малото, го зедов во раце да го дојам, влезе една сестра и со исмевање ја повика другата: демек дојди да видиш нешто... као вауууу сама сум го зела да го дојам!

    Но, не е се така црно. Елма, Синан и 1-2 медицински сестри им вредат многу. Пред сѐ имаат човечки однос и многу се народни луѓе. Една медицинска сестра со бурка беше многу професионална и често ме проверуваше.

    Парите се многу... не е во ред, меѓутоа мене лично повеќе ме болеа квази дијагнозите на моето малечко, што откако заминавме од таму, бебето е одлично и дај Боже така да остане, како со моето така и со сите дечиња!
     
    На elenaklasik, tina2018, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    7.158
    Дали ти дадоа било каква документација за тоа што се' примало бебето? Мора да ти дале некој извештај да си го имаш во досие, резултати од крвни анализи некои.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mum of K

    Mum of K Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од Др. Елма и Др. Синан и би ти ги препорачала нив двајца.
     
    На Galicka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. GoldenFrida

    GoldenFrida Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2021
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Мислење за породување кај докторка Корнелија Трајкова во систина? Многу ми изгледа супер и спремна и одлична, па ме интересира и некое искуство ако имате :) ❤️
     
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    4.771
    од мене топла препорака за докторката, јас се породив во декември :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    Ова е од декемеври ама ко вчера да ми беше. Јас цела бременост таму ја водев, некаде околу 36та во договор со докторот почнав со цтг, ехо правев по потреба тој период. Ако одиш кај нов доктор за пораѓај не тој што те води закажи преглед можеш 36та 35та одприлика, ќе ти направи ехо и ќе ти каже кога цтг (цтг не се закажува).
    Кога одев на цтг кое се наоѓа во сестринската соба, (не е во ординација кај доктор) одев директно кај нив им кажував дека сум за цтг ако нема никој те местат сестрите и те оставаат 15тина мин. (има 2 кревети, еднаш ми се случи двата да се зафатени и да чекам), кажуваш која недела си и кој доктор те води, после тоа одиш кај докторот кој те води да го види и ти кажува што понатка, кога следно цтг или преглед и сл.
    Во 36та ми земаа крв и брисеви оние за пред пораѓај не микробиолошките и мислам и пцр правев и тоа го викаат подготовка и кошташе 6000+пцр околу 2000.
     
    На Enn001 и Трепетлика им се допаѓа ова.
  20. Maja Sokol

    Maja Sokol Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Единствено, рачно напишана терапија на испусен картон, ништо др. Ни анализи, ни крвни слики ништо