Јас сум моментално 39та и одам на ЦТГ во Ремедика. Целата процедура е иста како што била во декември, само сега брисевите не спаѓаат во тие 6000. Јас платив 6000 за подготовка за пораѓај, 1200 за брисеви, 2200 за ПЦР. Овие трошоци инаку не спаѓаат во цената за пораѓај, дополнителни се. (Други трошоци во 9ти нема да имаш, сите прегледи кај доктор и сите ЦТГ ти се вклучени во тие 6000). Да си бидеш спремна во 36та кога ќе отидеш на прво ЦТГ
Дали во предпородилна соба во Ремедика имаат пилатес топка? И дали ако немаат смеам да си ја донесам од дома?
Сега кога ќе размислам можда беа плус и брисевите. Мислам нема, ама прашај и во совет со докторот кој те води ако е во ред би требало да смееш, не гледам причина да ти збранат.
Има сега некои други брисеви или мислиш на оние за стрептокока? Ако се тие, ги платив 1400 пред 2 години зарем намалиле нешто Не спаѓаа ни тогаш во вкупната сума.
Маџунков имам слушано дека е добар, исто и жена му е таму. Е сега за нив двајца не знам како е , вајда со договор бидејќи преку неделата се во Струмица на работа
А зошто брисеви кога нели ги правиме кај матичниот кај 35 недела. Зарем мора по два пати? Не може да ги направиме кај матичниот и во Ремедика да не ги правиме?
Јас во родилна сала видов пилатес топка дека има. Ама не ми текна да побарам. Прашај баш. Во предродилна лежев цело време на цтг и кога ги замолив да станам, ми дозволија ама сосе сите каиши и апарати поврзана бев пак. А од на нога ми беше полесно да ги контролирам болките.
Јас во Плодност ко се пораѓав си ги носев последните брисеви од кај матичен, картончето со крвна група и за Хив и хепатитите испитувањата исто од државно. Зошто дупло ко си испитуваме преку матичен се, нема смисла и таму да прават. Т.е има, за пари.
Најнајпрекрасна докторка. Ме следеше од 35та недела и ме породи со царски рез со бебе 4.5 кила, со масовно крварење и со пулс 190 на пораѓај. Се заврши за 45 мин во најдобар ред. На 4 ден од пораѓај фунционирав како да не сум оперирана никогаш. Секој ден по 2 пати во соба доаѓаше да ме види како сум. Цимерката од соба Димчев ја породи, ниеднаш не дојде. Најтопла препорака од мене.
А како оди во систина работава? Од која недела се почнува со цтг? Што се е вклучено во пакетот од 125 000 за царски? Има ли дополнителни трошоци? Ковид тестови прават ли уште? Имам време јас до август ама да си се спремам И некако ме влече накај Бојаџиев за пораѓај, па ако има искуство некој конкретно со пораѓај кај него би било убаво да сподели. Инаку @GoldenFrida мене Корнелија ме породи царски пред 10 год кога беше уште на клиника. Резот воопшто не ми се познава, се беше супер само односот таму е беше катастрофа не дојде ни еднаш да ме види. Е сега тука приватно па ја фалат и во тој поглед
Мене лани Бојаџиев ми правеше царски… имам само пофални зборови за докторот. Оваа бременост планирам тој да ми ја води. Кај мене прво проба природно, мораше заради ситуацијата, меѓутоа бидејќи не се отварав, испадна царски. Не беше на смена, но дојде порано. А до тогаш цело време се слушаше со сестрите. Операцијата добро испадна, и после секој ден доаѓаше да ме посети. И на мобилен секогаш одговара. Според мене ако го избереш, нема да погрешиш.
Se porodov vo sistina pred 4ipol godini tamu vodev i bremenost i poragjaj i imam samo pofalni zborovi me primi nokta Aleksandar Bojadziev dobar e isto i toj, a me porodi Mitko Ivanovski. Cimerkata ja porodi Dimcev i samo ednas dojde da ja vidi.Pofalni zborovi i dobro iskustvo imam so doktorkata Kornelija i so Snezana Adamoska Klisaroska.Spored mene nema los doktor vo sistina ama sekako sekoj so svoeto iskustvoto ova e moeto.
Само пофални зборови за Бојаџиев. Ме породи пред 9 месеци, презадоволна сум. Вечерта не беше на смена, ми се јавуваше да праша како сум. Се јавуваше и кај сестрите и кај дежурниот доктор. Ивановски запна за царски зошто имав прејаки контракции, а не се отварав, ама дојде Бојаџиев рече одиме природно, ми стави провокација и ме породи за нецели 5мин на бокс. Инаку кај него отидов во 35та недела, првиот преглед го платив, а од 36та не плаќав прегледи и цтг. На секое одење ми закажуваше за наредно, според цтг-то.
Не бев задоволна од третманот, сестрите катастрофа, само една имаше што трчаше за сите. Излегов од болницата со само еднаш пробано да дојам и тоа на мое инсистирање. Не ми објаснија ништо за папочето на бебето, буквално ништо. Кипроска ме породи, имав лесен порагај, супер го поминав тој дел, ме породи вечерта до сабајле до смена таму беше, наредните 3 дена никаде ја немаше, ниту пред да излезам не дојде да ме прегледа. Ми рече вечерта ај остани утре ке дојдам а требаше тој ден да си одам, останав и ниту утрето не дојде. И една од докторите прокоментира за тоа. Моја нога не стапнува таму веќе.