Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.077
    Пол:
    Женски
    @Igle ,можеби бебето било карлично или умотано околу папочната врвка.

    за другото па и не верувам да потпишуваат било каква согласност за објавување слики,за сликање по 15 пати на ден со бебињата.Сеедно глупо е
     
    На kukla21 и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Да можеби, дури викам може и многу им испаничила и не соработувала па биле приморани...само ете не и кажале причина ни отпосле и она веќе не сака да чуе за ремедика...
     
    На eli25 и joy1 им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.479
    Па зашто не разговарала со докторот. Сигурно ќе и кажел др. што ја води. Другарка итно заврши на царски отворена, качена на бокс.Многу испаничила, почнала да вика нема да можам да го родам, не соработувала воопшто и итно царски. Знам случаи и на државно што од икс причини почнале природно па царски. Јас нема да си одам од ремедика дури не ми ја кажат причината за мои (богами не се малце ич) пари.
     
    На cresa-jagoda, Seduction, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  4. abeti

    abeti Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    26
    Majki me interesira iskustvo iskluciv ako moze da spodelite vie što ste se porodile vo remedika, zosto šum bila poveke pati na pregled i se pogodile razlicni doktori i skoro od site sum zadovolna , megu toa poragaj e nesto drugo jas sum golem panicar i zatoa sum rešena da idam na privatno e sega konkretno tie što bile vo remedika kako se zadovolni i od koj doktor , kako se postavuvaat sestrite dali pomaga at za tie pari? izvinite na dolgiot post se nadevam na iskreni odgovori :)
     
    На Oscar Lady и eli25 им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.261
    Допаѓања:
    112.404
    Пол:
    Женски
    Фoрсирaaт цaрски вo привaтнa и те кaкo :!: тoa им се уште минимум 300 еврa. 1 чaс тoa трaе и имa време нa претек дa јa пoрoди и фaнa и втoрa и третa и двaестa. А прирoднoтo знaеме трaе минимум 6 чaсa (пa ќе пoсaкaш епидурaлнa декa нели вo привaтнo, пa им држиш еден aнестезиoлoг дa те прaти не им oдгoвaрa) . Тие вo 6 чaсa ќе пoрoдaт 6 жени. Фoрсирaaт цaрски немa сoмнеж;)
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.479
    Јас здравје ќе се пораѓам. Имам две операции во ремедика и бев супер задоволна од персоналот. Сега бев и на цтг горе кај родилните сали, анестезиолозите се супер ( ова и од претходно) сестрите ок. Моја другарка не беше задоволна, зборуваше лошо за сестрите. Дали дека имаше тежок пораѓај незнам. Јас сум со години нивен пациент од почеток. Сите д-ри се супер. Имам одбивност само кон Котларова и Стојковски од др. причини. Вчера првпат бев кај Снежана Стојковска. Женава злато. Одев цело време кај Петрова ама таа е на боледување сега. Ја обожавам. Горе доле сите сум ги прошла барем по еднаш:)
     
    На abeti, RedRevolution, fina erika и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Другарка моја ја чекаа повеќе од 20 часа за природно. Ја породија царски зошто бебе почнало да губи тонови. За другите што беа царски, сами бараа.
     
  8. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    Море ќ 8 саати го дтжев анестезиологот во родилна сала и природно се породив. Мислиш на претек жени за пораѓај има. Се е пресметано во цена. Јасно ми кажаа, ное го пратиме бебето, се дури е со него се во ред, ти ќе си туркаш овде:)
     
    На forumce, eli25, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    40.317
    Aj koa ke se porodis privatno i za nisto ke te nateraat carski napraj go muabetov, a vakvi muabeti od rekla kazala ne ti se na mesto ;)
     
    На m.i.g, anastasijaki, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Всушност, јас сличен муабет имам чуено од докторот кој ме пораѓаше (на ГАК) Три бевме вечерта и ни вика: "Мене ми е полесно да ве направам царски, за два саата ќе завршам работа и ќе одам да спијам. Вака треба да ве чекам да се отворите, па да ве прегледувам..." Така што, држи вода муабетот и тоа како. Да бидеме реални, колкав е процентот на царски во приватниве? Сигурно минимум 50% се со царски, ако не и повеќе. Тоа нормално ли е? Сите се со индикации? А за можноста да си бираш дали сакаш царски или не, не ми се коментира. Тоа само кај нас го има.
    Плус, царскиот се плаќа дупло од спонтан, па сега види дали немаат мотив да ти најдат причина да те направат царски. Имаат еден куп причини за истиот. Од моето опкружување 80% што се пораѓале на приватно се царски, останатите што се спонтани се оние најупорните и најрешителните. Многу е лесно да убедиш родилка дека е потребно царски. Нели доктор е, како нема да му веруваш?
     
    На cresa-jagoda, Kitten, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    @An-na и те како ти држи вода цел муабет. Да не збориме дека не им се ризикува да не соработуваш па да го заглават бебето во канал, за секоја најмала индикација одлучуваат царски за да не тргне нешто на лошо.... па да си го оцрнат името. Факт е дека од сите аспекти им одговара царски, ама факт и дека во приватниве и најмногу одат тие што се плашат природно, и веќе решиле дека по секоја цена сакаат царски - така процентот на царски расте за приватниве болници...
    А од друга страна си викам, подобро царски отколку да те изнамачат природно и да имаш мака со опоравување...
    Вистина не знам што да кажам, а да не згрешам, и јас одам приватно, засега природно е договорот :)
     
    На forumce, Seduction, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Докторот на ГАК кажал „ние мора да те чекаме со саати“ . :rofl: :rofl: :rofl:
    Се пресмеав. Ретко доктор државно пораѓа, обично на сестрите им паѓа таа чест. :D
    Јас сум царски и сум приватно. Нареден пат ќе инсистирам за царски и да нема потреба од истиот. Just sayn' .
     
    На m.i.g, augustd, Mia.milicka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Јас така одев цело време кај Петрова а на крај на смена ми се погоди дежурна Стојковска и оставив таа да ме породи. Доктор и пол, алал да и е, цело време беше со мене, процени дека природно може и ме форсираше до крај. Од сега па натака неа ја барам :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Епа јас со врски се пораѓав. И да, ме чекаше со саати, а другите уште повеќе бидејќи јас прва се породив.
    Твое право како ќе се пораѓаш, не е тоа тема на маубетот. Муабетот беше дали се форсира царски на приватно. Мое мислење, да. Сметам дека не треба, ама тоа сум јас. Секој за себе си одлучува.

    @Igle Твое право е како сакаш да се породиш. Јас би те советувала природно, ама не ме слушај мене :D И покрај тоа што јас прилично лошо поминав со раната, а сестра ми со царски раната и заздрави побрзо од мојата, сеуште сум за природно.
     
    На Igle и fana им се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Епа и ова е тема за приватно породување па ти кажуваш за државно.
    И царски има мн, ако не сакаат не морале да одат таму. Можеле ете државно, мада 100% од сите околу мене што беа во Чаир или ГАК после 2 дена мачење за природно завршуваа царски. И со врски беа и не - не ги држеа докторите за раце туку доаѓаа и ги породуваа ради компликации оти нели, државно мооора да се измалтретира родилката, не е битно дали има индикација за царски, а тоа што се отварала и мачела и ја шиеле на две места тоа тебе ти е небитно.
    Имаш тема за Чаир и Гак, а ако ти пишуваш тука контра приватните, и ние имаме контра државните да кажеме нели?
     
    На anastasijaki, eli25 и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас за приватно имам еден куп примери на природен пораѓај, меѓу кои и најблиска фамилија. Не знам никоја со сила да ја терале на царски.
    Такви муабети имам тука прочитано само за Санте.
     
    На eli25 и LadyC им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Јас ти кажувам мислење на доктор, кој инаку има долго време работено во приватна клиника и му се познати сите "финти"
    Не знам што се возбудувате толку. Сега одма некој ќе се најде навреден. Боже, боже... нели споделуваме мислења. Јас не мора да сум во право, иако прилично сум сигурна дека сум ;) Ме интересира дали постои официјална статистика за породувања на државно в.с приватно т.е за процентот на царски на државно в.с приватно. Би сакала да ја видам, ако има. Да не зборуваме тука на памет.

    п.с
    Што е за тебе малтретирање? Породилните болки ли? Јас сум за тоа да се дава епидурал, многу би олеснил, ама и без тоа се издржува нормален пораѓај. За тоа сме создадени, де. Цело време слушам за малтретирања на ГАК, а лично немам во блисково опкружување некои екстремни примери. Не велам дека нема, ама како и со се се претерува. Плус, родилките знаат да ја надуваат работата, ехехееее. Пишувавме тука на форумот за тоа.
     
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Јас не се малтретирав (п.с. очигледно не разбирате дека у принцип цезареата е покомплицирана од нормален пород) и каков е процентот на приватно за царски не ме интересира, дали се повеќе царски или природно ама ич. Јас и во Ремедика и во Систина имам мн кои познавам природно породени.Дури и од Санте знам да се чудиш. Ама дека се сјајни државно молим те немој да не се лажеме дека е подобро во државно бидејќи од мои блиски другарки, колешки и познанички (со исклучок на две ) ми е кажано како ги држат преку 48 часа да се мачат ( па што фаќаше ти врски само не ми е јасно ако се топ државно) да ги боцкаат провокации и да не иде поради различни икс причини и на крај исцрпена родилката „упс извини ама ќе мора царски, јбг нема излаз“ .
    Или па и природно. Да молиш доктор да ти пратат и да нема, да ти се дерат дека не си једина што раѓа и да се нелуѓе со тебе.
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2017
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    @LadyC, не малтретираат само на ГАК така... секаде во странство форсираат природно породување и ги чекаат родилките и повеќе од 48 часа ако е потребно, ама на царски одат само ако има ептен, ептен издржана индикација. Пример ми е една познаничка што се пораѓаше во Холандија, преку 48 часа со болки и напони ја држеа, преку родилниот канал ставаа сонди на главата на бебето да го следат, на крај со вакуум го извадија. Ама не заврши царски. Самата призна дека прилично е измачена и одвај се опорави. Така што, верувај, не се само на ГАК така. А приватните се друга приказна.
     
    На Troi, joy1 и An-na им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Стара педијатарка у пензија, мн позната е и не ја именувам моја комшика е, кажуваше дека вакум не е баш најубаво за бебе да се користи. Ама секој си знае. Баш ко што знам и јас за запад пуштаат и татко во породилна, даваат и епидурал, не е баш исто, нити им се нечисти болниците ко нашите државни. Од познаници што работат таму знам дека при селење од стар во нов дел на гинекологија на гак си ги пренеле бубашвабите.