Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Јатрва ти царски се породила?
    Јас како што читам Санте има понуда 550 евра спонтан пораѓај, а некои доплаќаат плус 1.000 евра без никакво објаснување. Епа извини, но тоа е преголема сума за скриени трошоци.
     
  2. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Да
    Царски се породи
    И пакетот и беше 120илјади а не 140
     
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Па ок, ама не платила 200.000 денари. Значи секаде ќе имаш плус пари, но 800 или 1.000 евра плус нема секој во моментот.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    А ти плати 1000 евра плус или од рекла казала?
    И со мене имаше една жена природно се породи
    550 евра пакетот
    Плати 850 евра
    И на пултот објаснија зошто е толку
     
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Братучетка моја плати. И она ми кажа дека и нејзината цимерка или некоја што плаќала пред неа ( не ја сфатив убаво)платила плус. Значи таму сите плаќаат повеќе. А јас Санте никогаш не би отишла на пораѓај.
     
    Последна измена: 14 мај 2022
    На Maja Sokol и Meckicja им се допаѓа ова.
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.378
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    Ај вака да слушнеме искуства и од тие што се имаат породено во Систина или Ремедика. Еве на пример Систина царски е 125000ден моментално. Дали во таа цена е клучно терапија ако треба за бебето или за мајката или и таму се доплаќа тоа плус.
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас доплатив само лабораторија од 1500 денари (кс,хемостаза). Терапија немав за бебе, а за мене инекции, клексани и штотијазнам боцки се во пакетот.
     
    На Anaroz1 и bella12 им се допаѓа ова.
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Дајте бе веќе со овие рекла казала муабети од на братучетка, комшиката епа нејзина золва колешката:?:. Работата е да одиш кај доктор на кој имаш доверба, па овде секој различно си прошол дал било Систина, Санте или сл.
    Јас верувам само на личност од лично искуство и после процесирам од моја перцепција. Некој паѓа у транс дека во Чаир е топ, на некоја и тесни и биле гаќите во Систина и ги хејта.Секој одлучува од своја перцепција и приоритети. Членката со рефератите за Санте имаше два поста во цел форум, специјално злаченета ваљда за "свое" мислење за Санте, епа извинете ама скроз не е и верувам, на приказната. Ете тоа е мојата перцепција.
    Затоа дали Санте, манте шо и да е, ќе си барате доктор на кој ќе му верувате. Ќе слушнеме мал милион искуства за секоја болница, породилна приказна и сл.
     
    На Sweetheart87, Lea.Messi и Inamya им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    Јегени е од Санте, со години таму беше, и јас кога се породив беше, таму е и Кипроска од Санте.
     
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.898
    Допаѓања:
    4.772
    Јас можам моето искуство да го кажам за Систина, скриени трошоци немаше, 90.000 беше природен пораѓај , плативме 94.000, 2.000 за мене лабараторија и уште 2.000 тест за корона, за овие трошоци бевме известени и пред прием. услуга презадоволна, Санте што се имам прочитано овде никогаш не би стапнала
     
    На Meckicja, MeowMeow, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.472
    Слободно тагни ме. Да, јас кажав за моја братучетка што сме ко сестри. А ти ем не веруваш на муабети од тетки, братучетки, но не веруваш ни на личност од свое искуство. :^)Инаку за Санте има многу негативни коментари низ цела тема, прочитај. Поздрав.
     
    На Maja Sokol и Meckicja им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.675
    Допаѓања:
    18.332
    Пол:
    Женски
    Како може да е 550 евра ако доплатиш 300 на таа цена? Зошто го ставаат дека е 550?
    И како може после пораѓај да објаснат? Ако не објаснат нема да плати? Не сте ми јасни со бранење на приватните болници.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Воопшто не ги бранам
    Само никој незнае што може да се деси после пораѓај
    Плус пред пораѓај се потполнуваат документи обрасци каде стои убаво дали сакате да се грижат тие за бебето доколку нешто се случи или не и дека тоа се доплаќа

    И неможе да стават 1500 евра пример за природен порѓај и да биде вклучена антибиотска терапија и сончање на бебето од жолтица или што ти јас знам кога кај секое бебе не се јавува жолтица или нема потреба од терапии
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Мене луѓе што работеле таму а ми се блиски не ми ја препорачале болницата. Посебно не ако си со некој ризик. После сите киксови кои ги имам слушано за Санте, јас лично не би одела таму ама секој си расудува и си одлучува за себе. Не велам дека другите приватни болници се совршени ама за ниту една друга немам слушнато толку негативни искуства како за Санте.
     
    На Maja Sokol и Meckicja им се допаѓа ова.
  15. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    За што да те тагнам?:?:
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.334
    Пол:
    Женски
    јас 120000 платив
     
  17. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Од она што успеав по телефон/меил да се распрашам цените се вакви (слободно некоја членка нека ме корегира):
    Систина
    Спонтано 95.000
    Царски 125.000
    PCR тест 2.000
    Дополнителни анализи за бебе:околу 8.000 ден
    Не ми е јасно колку се плаќа за подготовка кога ќе се оди за прв пат за цтг во 9-ти месец.
    Ми дадоја директен локал за подетално меѓутоа никој не се јавува

    Ремедика
    Спонтано 89.300
    Царски 123.000
    PCR тест 2.200
    Подготовка - 6.300(тие не се одбиваат од вкупната сума туку е како засебно -за ЦТГ, контроли во 9-ти)
    Дополнителни анализи за бебе: 2-4000 ден
     
    Последна измена: 14 мај 2022
    На BGbgBGbg му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Во Систина не се плаќа за подготовка. Прегледи се плаќаат пред 36та недела, од 36та не се плаќа ни преглед ни цтг.

    Ако не водиш таму бременост, а почнеш од 36та да одиш, тогаш само првиот преглед се наплаќа регуларно (мислам околу 2500 платив пред 9 месеци).
     
    На Srcka28 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  19. Enn001

    Enn001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    @Joraa Повели :) Членката има убаво пишано за трошоците во Ремедика. А инаку до сега сум презадоволна од се. Ќе пишам искуство од пораѓајот после среда :)
     
    На le.dentiste и eli25 им се допаѓа ова.
  20. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    157
    Site imaat raZlicno iskustvo nezavisno dali e sistina remedika Ili sante Ili pak drzavna Cair, samo ke kazam gospod da bide so nas I so lesno da pomine site se e gospodova rabota da sme si zdravi zivi nie I bebencata
     
    На Maja Sokol, Kbr, Sweetheart87 и 3 други им се допаѓа ова.