Значи нормално е да си има "скриени" трошоци, тие не се скриени, ти се дополнителни за нешто што излегло плус, а е надвор од пакетот... Имам другарки кои ништо плус не доплатиле, а има и такви што платиле плус. Но нормално ако треба некое плус испитување, а е надвор од пакетот за пораѓај дека ќе го наплатат, а неможе да не го направат. И кај и да одите прашајте си убаво што има во пакетите, што нема, за после да си знаете за што плус сте доплатиле. Јас во Ремедика платив нешто плус, ама знаев дека тие работи не влегуваа во цената за пораѓај.
Во кој дел од денот има најмалку гужва за цтг во Ремедика? Има ли некој таков тренд кој сте го забележале? Јас сум кај Симонида и ми рече ако има термини закажи си термин најубаво, а ако нема дојди било кога во 36та недела за подготовка само што најверојатно ќе почекам. Со оглед на тоа дека кај неа сите термини одма се зафаќаат и нема шанси да се начека термин од една за следна недела, како правевте тие кои одевте кај неа? После секое цтг ве гледаше и на ехо или?
Во недела, проверено Ама за подготовката најдобро да си одиш во термин, а после може и докторот на смена да го види цтг-то. На ехо ме гледаше на подготовката, во 38ма (зашто го напнав инаку викаше нема потреба) и требаше да ме гледа на терминот ама јас тогаш се породив. А во недела нема никој во цела болница, сестрата ти пушта цтг и дежурниот лекар го гледа.
Само првиот термин во 36та го закажав јас, потоа докторката ми закажуваше термин за ЦТГ кога да дојдам. На секое ЦТГ не ми правеше ехо, го гледаше резултатот и одлучуваше дали е потребно ехо или не.
Јас па еднаш само чекав за ЦТГ, а бев едно 10тина пати и се во различно време ми се погаѓаше. Ако не се договорам со докторот кое време тогаш или сестрата ќе ја прашав или одев кога е на смена докторот во време мене што ми одговараше најмногу. Јас би одела она кога е на смена, а за ден треба да ти каже. А не разбрав зошто да чекаш. Пошто нема термини? Ако е заради тоа пиши на вибер да ти каже кога да дојдеш дека нема термини, ваљда нема да те остави во 38ма за подготовка...
Сабота околу 08:30 или недела, иако и недела после 10:00 знае да се направи мала гужва понекогаш, ама во принцип не се чека многу. Нема термини за ЦТГ така да само јави се да видиш кога е таа на смена. И за подготовка не бараат термин, и тоа трае 10 минути, неколку прашања, крв ти земаат, ќе си платиш и тоа е тоа, докторот не се замара многу со таа процедура, само со ЦТГ. Забележав дека во Ремедика многу многу не сакаат ехо, и мене докторот одбегнува ехо да ми прави, вика тоа воопшто не ми е битно, само ЦТГ е битно сега. И уште една работа, дали при наплата на подготовката ви кажа сестрата дека и таа цена е вклучена во целосната за породување? Знам дека читав овде дека не е, а таа кога ми го даде листот за плаќање 2 пати ми рече дека е вклучена...
Едно време читав на форумов дека ако првото дете е родено во Ремедика, за второто следува 10% попуст. Дали имате ваква информација?
Фала ви многу на сите Па зашто претежно предност имаат тие со термин претпоставувам па можеби ќе треба да почекам да се ослободи за да го види цтг-то. Мене ми рекоа дека не спаѓа- дека тогаш треба да платам 6000ден, а сметката за породувањето (пакетот) здравје се пресметува на крај и ова си е посебна ставка.
ЦТГ-то за да го прочита е 10 секунди работа, не би требало да ги чекаш сите закажани, ако ти рекла да одиш во 36та појди па ако треба и ќе почекаш малце за брисевите. Можеш и на дежурство кога е, пред визита да прави кај 7-8 вечер, ама не сум сигурна дали брисеви тогаш прават, а цтг и ехо ако треба ќе види.
Нема правило. Кога бев јас трудна баш еднаш во недела ме викна Симонида дежурна беше, гунгула беше во чекална за кај неа, прегледуваше во амбуланта. На вибер секогаш се договаравме и она ми кажувсше во кој период да дојдам (пр. ќе ми кажеше од 8-12 сум во амбуланта,дојди кога сакаш). Не бев со термини ниеднаш во 9ти месец. За цтг се пријавував во собата за цтг кај сестрите. Они ја известуваа др дека сум дојдена и измеѓу пациенти доаѓаше да го види цтг-то, ако имаше потреба да ме види на ехо, ме викаше “преку ред” и брзински ме гледаше 2 мин, колку да провери протоци и плодова вода.
Фала женски за сите информации, златни сте )) А пцр ви правеа заедно со подготовката или при прием за породување? Ваљда нема да треба секоја недела да правам пцр ако избуткам докај 39-40недела
Пцр во 38 недела правев. Рачунаат 2 недели пред термин и во тие 2 недели да се породиш. Ако надминеш термин правиш уште еден пцр. Ама тоа беше пред година и пол, сега мислам дека прават пцр 38 недела и брз тест на прием. Ако поминат 2 недели од пцр тестот ти прават само брз тест. Така барем ми објасна една блиска што се породи пред 3 месеци, е сега дали е нешто пак сменето, не знам
Pcr se pravi vo 38ma nedela i vazi 2 nedeli. Ako ne se porodis vo prvata nedela togas pravat brz test (znaci vo vtorata nedela). Ako pominat 2 nedeli mora nov pcr. Barem mene taka mi rekoa, a momentalno odam na ctg pred poragaj sum.
Ќе се договориш со докторот кога да направиш. Важи 2 недели, затоа не треба многу рано да го направиш. Кај мене се гледаше дека ќе си го носам до термин, а и после термин така што јас го направив на крај на 39та недела. Доколку докторот се посомнева дека порано ќе се породиш ќе ти каже да го направиш порано.
@Трепетлика мене докторот ме викаше на дежурство одев накај 21 навечер нема никој, или саботи/недели @Калатеа не сакаат ехо незнам зошто. Истото и мене ми велеше. Сеа ќе се запнам и ќе барам. На што личи тие 6000 само за цтг ли е? @Jana06 сподели ако имаш потврда за тоа
6000ки? А кога да одам на преглед? Понеделник закажав брисеви кај матичната ама и она сиг.ќе ме гледа на ехо , тогаш ќе сум 34+2 ептен брзо следна недела ќе треба и преглед во Ремедика