Леле баш ми е жал за тоа што си го поминала. Знам како е да се минува низ голгота... Сега ме замисли за Ефремовски...
Јас пак ќе се пораѓам кај Јовановски ок поминав со првото,резот не ми се ни познава, сега пак кај него Само од Маца слушнав нег.искуства за Јовановски и Ефремовски , досега за сите доктори од Ремедика се нај нај. Баш ми е жал
И јас имам многу позитивно искуство со Јовановски. Во првата бременост бев со крварење, хематом и уште неколку компликации, па за среќа се се заврши супер, и многу сум му благодарна, меѓу другото и за смирениот пристап, мене многу доверба ми влеваше. Стварно ми е жал што членката поминала низ тоа
Dali imat nekoja poskoro iskustvo so predvremni bebinja vo Re medika? Kolku e cena za 1 den inkubator?
Еве и јас набрзинка да пишам искуство со Ремедика. Се породив пред 1 месец, породувањето почна природно, на крај завршив со царски (тоа е, некои работи се непредвидливи). Ме породи др. Котларова и од тој аспект сум ептен задоволна. Работи што мислам дека се супер: 1. Односот и професионалноста на докторите, за време на пораѓајот и постопертивната нега. 2. Хигиената 3. Сестрите се љубезни и услужливи, доаѓаат ако ги викаш веднаш 4. Самото породување (иако не беше лесно, сепак тоа не беше врзано со докторите или болницата) Работи што не ми се допаднаа: 1. Имаше неколку прегледи и лабараториски анализи за бебето кои што беа направени, а никој не ми кажа дека ќе ги прават, како и за тоа колку чинат истите (на крај испаднаа околу 100 евра плус за прегледи за бебе). 2. Беше направен ортопедски преглед, но докторката напишала само извештај. Во однос на ортопедот, сметам дека докторот треба да дојде и да ти објасни макар и 5 минути, кога веќе ја плаќаш услугата 3. Поддршката за доење беше никаква, сестрите доаѓаа, ми го оставаа бебето на рака, каде што имав канила, и во сета мака од раната од царскиот рез, и сите издупчени вени, си одеа за 30 секунди. Никакво објаснување како да се масираш за да ти дојде млеко, или што да правиш со бебето, како да го доиш и слично. Иако тоа е од особено значење ако ти е прво бебе. За среќа постои youtube . Последниот ден набрзинка покажаа како се бања бебе и така, се на се 5 минути. Сепак ова е мое мислење и очекувања кои ги имав пред да дојдам таму. Во однос на спавачи, постелнини такви работи не е важно дали се стари или нови, најбитно е да е се чисто. ***Ако ви се раскрварат брадавиците од обиди за доење додека сте во болницата, побарајте силиконски брадавици, има иако не кажуваат од старт дека се достапни. Ако имате прашања пишете ми
Аууу не помагаат сестрите? За првото ептен се трудеа , тогаш дури јас нервозна , они се моткаа цело време , па ме стискаа , па ме испумпуваа со електрична пумпа, мислев да го избркам Може не се истите сестри. А маски се носат цело време или само на пораѓај?
Ова ми е мило дека го смениле зашто порано одма ти ги носеа и не ни знаеш дека можеш и без нив. Мене ме интересира кои прегледи ги направија за бебе освен ортопедски и ото скрин? Сега ќе те нападнеме со прашања
Мене кога прашав за цена ми рекоа плус 3-4000 за бебето за анализи . Со првото го немаше ова, доплатив само за крвна група зошто јас си побарав.
Јас овој пат ако истерам до крај сакам да одам да се породам во Систина, сега за сега одам на контроли кај Димчев ама незнам дали он пораѓа, или ке треба да бирам друг доктор.За Ремедика можда јас имав лоша срека, незнам,за педијатрите немам збор, послебно за Марина, таму си го носам син ми уште ама Јовановски не сакам ни на пат да ми излезе,
Може не се истите сестри, и јас читав различни мислења на темава, некој има исто искуство како мене, некој па исто како тебе. Од крајност во крајност. Маски носеа сите, особени педијатрите бидејќи работат со бебиња. На породувањето и покрај направен ПЦР тест + брз антиген тест, те тераат да носиш маска. Додека се пораѓав природно, ми се слоши од маската, на сета мака уште маска да носам, додека доле во чекалната 50% од луѓето се без маски. На крај ја извадив. Додека си во соба маска носиш само кога имаш некаква посета, сестри, доктори итн. Прегледи за бебе (наплатени): Клинички ортопедски преглед - 550 Ехо ортопедски преглед - 550 Скрининг за слух - 1100 Тироидни хормони (специфично бидејќи јас имам проблем со тироидната и примам терапија) - 1900 Кардиолошки скрининг - 1100 Мислам дека тие беа, не знам дали сум заборавила нешто. Друга работа што се изнервирав е што никој не ми кажа дека бебето има жолтица, ниту пишува во исписниот извештај. Иако нели скоро сите бебиња имаат, пак треба да ти објаснат што да очекуваш и дали треба да реагираш доколку забележиш нешто различно. Инаку самата забележав, нели очигледно е, ама си викам ќе ми кажат ако има, може ми се причинува хахаха
Јас плаќав за првото мислам околу 2000ден дека беше, ортопедски, ото скрин и мислам тсх не сум сигурна ама 3 работи беа. А за ортопедот да, исто што вика членката, може да дојде на 5 мин да ти каже што како. Баш на првиот преглед кај Антоније му викам му правеа ехо и ми вика па кај ти е снимката? Глупости, имаше пишано само широк повој.
Изгледа истиот извештај е за сите, и кај мене беше нешто така. А баш за почеток очекуваш да ти објаснат што да правиш првиот месец. Дали да го ставаш на стомак итн итн. И да не заборавам, дента кога ме задржаа, бидејќи имав чести и редовни контракции, но не бев целосно отворена, ми го наплатија како посебен ден и чинеше 5.300 денари (Од 15:00 часот до 00:00 бидејќи тогаш се отворив комплетно). Потоа останав уште 4 дена бидејќи толку е за царски и тие спаѓаат во цената.
Да, наплаќаат плус ноќевање зашто си таму ноќта. Ми кажаа мене само што ме примија ама ме прашаа дали сакам да платам плус или да си одам еден ден порано. Останав 5 ноќевања тогаш така беше.
Да да, океј е ако ти кажат и те прашаат дали ти одговара. За да не се чудиш кога ќе излезе фактурата на крај. Ај си викам за една работа да не ми кажале цена, ќе речеш заборавиле. Ама не ми кажаа за ниту една услуга буквално.
А откако се породи остана 3 ноќи - 4 дена? Се избунив јас малку, сега рачунам и нешто не ми се совпаѓа. Ако не ја рачунам ноќта со болки значи сум останала 4 ноќи.