Што испитуваше од тироидни хормони? Дека ТСХ прават на сите новороденчиња во државава без разлика дали се родени во државна или приватна клиника, и тоа не се наплаќа. Заедно со испитување за цистична фиброза го прават. Задолжително е тоа. За жолтица и мене никој ништо не ми спомна, го гледав бебчето портокалово, они во изветај пишале само иктерус физиолошки. Штом не ти кажале во ред е
Vi remedika pred 34 nedela mislam ne poragaat, intensivna neonatologija imat na gak i sistina, sistina se dosta opremeni i imaat dobri neot. posebni dr Fidanovski ali se plaka mnogu za razlika od gak
Ако помине една недела од ПЦР, ти прават брз тест кој го наплаќаат 1000 денари. Ако поминат 2 недели ти прават нов ПЦР. Хмм не знаев. ТСХ ми е наплатено 1000 денари и ФТ4 900 ден. Истото што го проверував во бременост секој месец, ама не знаев дека ТСХ спаѓа во цената.
Ова со жолтицава сега ме плаши, ако не ја проверуваат Зарем не испитуваат билирубин? Знае некој? Што ако вредностите укажуваат на тоа дека треба фототерапија? Ваљда не би не пуштиле дома со толку покачени вредности
Како што знам проверуваат и Ремедика и Систина (другарки што ми кажале, не од прва рака хаха). Но во моето картонче кај што пишува се што е испитано, за билирубин е оставено празно. Може заборавиле да пополнат, не би требало да не проверат. Во мојот случај жолтицата пројде после 10 дена, од кога го изнесов на сонце малку.
За бебето испитуваше тсх и фт4 или за тебе? Ако си побарала дополнително може и тука испитале и затоа ти наплатиле. Плус сигурно пратиле и на клиника за тсх зошто е задолжително.
На нас ни проверија во Ремедика билирубин. Е сега не знам дали на сите проверуваат или кај тие што се гледа. Ама знаат да ја распознаат жолтицата не се секирај ако теба да се сонча ќе кажат ќе испитаат.
@Forbidden И мене т.е на бебето му беа испитале TSH i FT4, бидејќи им кажав дека сум под терапија, демек да интервенирале побрзо ако имало нешто додека стигнат резултатите од задолжителното испитување.
Од кога е оваа информација? Мене пред две три недели ми рекоа две недели важи пцр тестот, ама ова на пулт
Мене ме примија на 1 мај. А претходно кога го направив ПЦР тестот ми кажаа дека ако пројде една недела, на прием ти прават рапид тест. Прашај ги сестрите што ти прават ЦТГ Ако поминат две недели, правиш нов ПЦР. Кај мене пројдоа 10 дена. Не знам дали е сменето нешто за еден месец.
Ве читам со ова пцр тестовове па да прашам што е со тие скоро прележани? Еве на пример кај мене ќе има 2 месеци +/- од како сум прележала ковид ко ќе дојде време за пораѓај и имам и сертификат нели. И покрај тоа пак тестираат? Ме интересира за систина дали знае некој
Да не знае некој дали ако случајно го заборавам куферчето за матични клетки, во Ремедика имаат резерва, па после породување да им го однесам да си ја надополнат резервата? Ептен специфично прашање, знам, ама може некој прашал/знае
Мислам дека немаат, но за секој случај прашај ги уште сега Ремедика или таму каде што ќе зачувуваш. Јас поради x причини се породив на ГАК, маж ми го донесе од дома пред да се породам и исто ги контактирав од BioSave да очекуваат дека ќе треба да подигнат примерок.