Имаат резерва во приватните болници,јас сочував во future health и ми рекоа дека имаат резерва само што после ќе треба нов договор ради баркодот што го има секое куферче. Инаку во систина се породив ама мислам дека и во ремедика имаат
Сега се враќам од систина и договарам за пораѓај меѓудругото здравје боже и докторов ми вика од 35 недела на цтг што си е вклучено во цената. Викам тогаш и капар се остава ми вика а не кај нас нема капар?!?!?! Јас тука читав дека систина барале 12 000 ден капар кога се почнува со цтг. Ај ако може некоја тазе породена во систина да сподели од кога почнала со цтг и дали се остава капар или не
Пишува дека се остава 12.000 денари, ова е новитет откако се покачија цените. Нека сподели некоја што се породила скоро, ти чинам си минатата година.
Се остава, за да ги искористиш бенефити пред породување, масажи, предавања, јога. Јас во септември оставив. Најубаво прашај си долу во администрација
Ти имаш ли веќе одбрано доктор? И јас не ги знам баш кој каков е, ама што читам и слушам генерално сите се ок. И нешто што многу ми се допаѓа не те паничат за ништо, онака лабаво ти ги кажуваат работите
Јас кога ме примија не го носев со себе зошто не знаев дека ќе ме задржат. Кога докторката ми кажа дека ќе ме задржат, на мм му кажав (во ходник ме чекаше) да се врати по куферчето и он го донесе.
А во Систина инфективен скрининг кога прават? Не ми спомна никој ништо, а имам правено во ре медика незнам ќе го важат ли? За ковид ми рекоа во дог.со докторот ама не прашав мислам дека дозволуваат од др.место тест. И некоја тазе породена да каже дали се трудат за доење сестрите и што спаѓа во пакетот точно ( имаат ли прегледи за бебето гратис)? Прашувам за царски рез
Тест дозволуваат со сигурност и од друго место, моја блиска другарка се породи минатата недела и си направи во Авицена. Исто така и прегледите за бебето се вклучени во пакетот и не се доплаќаат