Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.456
    Јас сум породена во странство, во приватна клиника. Да, таткото беше до мене, чисто, љубезни и компетентни...
    Ама, епидуралот не фати, на стомак ме стискаа, со кебе ме виткаа за да сменат положба на бебе, на бокс не знам веќе колку долго, со вакуум влечеа со саати...
    и до крај се форсираше природно.
    Едноставно таков е природниот тек на некои пораѓаи, посебно прворотки, и докторите секаде постапуваат исто. Независно каде си.
     
    На forumce, mariz, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Мои блиски не викаат така.Пример ќе земам во Малта се пораѓаа две мои другарки (таму живеат), епидурал си добија, внатре џам џисто, за раце те држат, те упатуваат што како и сл.
    А исто мои другарки од тука , со врски на државно без грам сожалување и давање на било каква помош или инструкции што како да прават рекоа хорор минале. Како што кажав има и позитивни искуства, но се далеку поретки. Кај нас државните болници треба како приватните да изгледаат. Знаеме сите колку несреќни случаи има по Македонијава од пијани анестезиолози, неспретност на доктори и сестри државно. Се дешава и приватно не велам не, но е далеку помал процентот отколку државно.
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.456
    И мене ме држеа за раце, две бабици и две докторки. Прељубезни и компетентни. Да не зборувам за услови, хигиена и сл.
    Ама текот на пораѓај е тој. Се форсира природно до крај.
     
    На forumce, eli25, karibian и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Знам јасно е тоа. Ама е пак поразлично. :)
     
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Слушајќи го мм отидов да се пораѓам на ГАК. Ни на најголемиот душман не му го посакувам да го помине тоа што го поминав јас. 20 часа со јаки болки, се виткав на плочки, кога ме ставаа на цтг ми идеше да рипнам од креветот. Прашав за епидурал, ама тоа за нив е ко да си прашал за не знам што. Во предродилна сала ко да бев во затвор се осеќав. А на одделение хммм... оставени на Господ. Сестра да помине-нема шанси. Ме легнаа на крвава постелнина. Имам уште многу да пишувам, ама не можам да се потсеќам на „убавините“ таму. А замислте бев со врска. Без врски таму уште бетер сигурно.
     
    На eli25, LadyC и stevemila им се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    40.317
    Se presmeav ej...ko na vremeto drzaven i provaten fakultet, privatniov ne cinel. Ako ne sakate/nemozete privatno terajte kaj sakate ama ne sirete dezinformacii i uste ubeduvate. Boze boze..
    Zborete si od iskustvo. Ovde drzavnoto nikoj ne vi go napagja i onaka e "sovrseno".
     
    На anastasijaki и LadyC им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба од кревање тензии. Факт е дека не секој може да си дозволи пораѓај на приватно, а и не секој сака да си ги даде парите.
    И да факт е дека во приватните поголем е процентот на царски, ама тоа е затоа што повеќето родилки така одбрале, а им е дозволено да бираат, за разлика од државно. Не познавам некој што сакал или можел природно на приватно, а го натерале на царски. Напротив тие што ги знам намерно заради тоа и отишле на приватно. А познавам богами и бајаги кои се породени природно.
    Нема потреба од сарказми и навреди на волку осетлива тема:^)
     
    На joy1, forumce, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.992
    Допаѓања:
    133.778
    Не е точна констатацијава. Meне доктор ме породи како и другите 2 што се пораѓаа истата вечер, една по една.

    ЗОшто те болеше ЦТГ? Јас бев со епидурал.
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.261
    Допаѓања:
    112.404
    Пол:
    Женски
    Мoрaм дa се пoрoдaм тaму зa дa знaм кaкo стoјaт рaбoтите? Сигурнa си декa реклa-кaзaлa ми е муaбетoв? :|
    Стaтистикaтa и тoa кaкo требa дa не интересирa oти кaжувa мнoгу рaбoти. Не декa тoa не е зaрaди избoрoт нa мaјките (тие зa тoa и oдaт тaму) aмa и пoлитикaтa е тaквa a се е тoa зa пaри !!! Не викaм декa немa прирoдни пoрoдувaњa дaлеку oд тoa aмa oд фaктoт штo е ем пoбрзo ем пoскaпo пo лoгикa се преферирa нoж. Зa избoрoт нa мaјкaтa кaкo и кoгa дa се пoрoди (штo ми личи истo кaкo дa избириш кaкo и кoгa ќе се нaшминкaш пa си зaкaжувaш термин) немa дa кoментирaм:x(facepalm) илјaдa привaтни бoлници дa имa не не бивa. Вo светoт и вo привaтнo и вo држaвнo дo крaј се oди нa прирoднo (aли сепaк тие се глупи a ние oвде сме нaјпaметни) aмa секoј си oдлучувa зa себе, сепaк сумaрнo нaјвaжнo е бебињaтa и ние дa сме дoбри нa крaј и дa не чувa Гoспoд пoрoдувaњетo секaкo ќе пoмини зa крaткo. Сo леснo нa сите :*
     
    На karibian и An-na им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    @LadyC ако си ме читала, ќе знаеш дека јас во никој случај не го идеализирам ГАК. Јас не сметам дека се сјајни, фали хигиена, емпатија на персоналот, организираност, едукација итн... еден куп работи, ама... тоа не значи дека треба да бидам слепа и да ги идеализирам приватниве клиники. Ни таму не е идеално, да не се лажеме. Се им е за профит. Не е можно, едноставно не е можно, повеќе од половина породувања (по моја проценка е 80%) да се царски со индикација. Значи за профит прават царски и на кој треба и на кој не треба. Тоа според мене не е во ред. А докторите кои прават царски по нарачка, треба да си ги искинат дипломите.

    ЦТГ-то не боли, ама кога си со болки ич не е пријатно да си врзан нон стоп. Самите болки те тераат да шеташ. И јас бев скоро нонстоп на ЦТГ, па не се жалам. Не можат да разберат родилкиве дека тоа е за нивно добро т.е за бебињата, не за да ги мачат. Како инаку ќе ги следат тоновите на бебето и ако има потреба соодветно да реагираат?
     
    На danichap и fana им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.992
    Допаѓања:
    133.778
    Па ЦТГ е каиш, не е нешто страшно. И јас бев 90 % од времето со него, ама тоа не боли бе...Затоа прашав што ја болело.

    Иначе треба да се шета ама кога си на ЦТГ едина вежба е само со колковите, па таа ја правев. Не ми е јасно ЦТГ да боли.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.312
    Допаѓања:
    285.456
    Сигурно се отварала, имала јаки контракции баш во тој момент. Тоа не боли ама се друго ја болело, посебно ако била без епидурал.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.115
    Допаѓања:
    40.317
    Me interesira od koj oficijalen dokument vi se statistikive, onaka cisto informativno.
    Pa ne boli ctg of kaj ti e toa? Ne mozes da mrdas pa boli u pm
     
    На augustd и LadyC им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Ко што кажав, кога си врзан, а имаш болки незгодно е. Болките тераат да шеташ, а не можеш и ти доаѓа да ги искинеш каишите. И мене ми идело :lol: Ама еве не кукам тука дека ме мачеле и дека се за никаде. Процедура на породување е.
     
    На fana и danichap им се допаѓа ова.
  15. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Секој со својот избор, не сечија психа и праг на толеранција се доволно издржливи за природно, ониее кои велат дека не можат природно на крајот вистина и не можат, завршуваат на царски вака или онака. Јасс од старт подржувам и бирам природно, сепак е природно, така сме создадени, така телото функциониралo од секогаш, совршенство да создаде и донесе нов живот и после да најде начин да закрепне, за мене нема подобар избор од природно, но тоа сум јас. Цела бременост си се подготвувам како болката е издржлива и е најмалку битна, дека мора само да мислам на бебето и на инструкциите од тимот што ќе ме породи, и се чувствувам спремно за природно. Царски рез за мене е класична операција и е помалку саканата варијанта, не велам дека не е правилен избор или немајки се сите со царски, туку јас така го имам сфатено царскиот и дека се прави само кога има некој ризик и тоа е тоа. Ама е благодет на денешницата за многумина, и некаде е вистина многу подобрата варијанта.
    Инаку се изначитав само лоша реклама за Санте на форумов, а баш таму одбрав да се породам бидејќи 6 познанички и пријателки ми се имаат породено таму и се многу задоволни, од нив 2 царски, 4 природно...прашувајќи за систина и ремедика исто наидов на многу природно породени, ама и такви што одбрале царски....секаде, скоро секогаш е прашање на избор на тој што плаќа... и нема простпр за дискусија бидејќи секој знае што е најубаво за него и неговото бебе.
    А јас одбрав приватно наместо државно, не за помалку јас да се мачам, бидејќи секако ќе се мачам, туку за бебето да не ми закачи некоја бактерија или да не ми го истортурираат на државно, и да се однесуваат како со човек со мене....
     
    Последна измена: 29 јули 2017
    На forumce, theowndemon, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.779
    Пол:
    Женски
    И мене цтг-то ми беше најголем кошмар при контракциите. Не можеш да се свиткаш, лежиш, а тоа боли убива. Едно време на бокс ме легнаа на страна и јас со плачење побарав да го исклучат оти ми смета:D Се изнасмеаа ситем а јас мртва озбилна. Тогаш ми кажаа дека постојано ќе биде уклучено и се додека тоа покажува дека бебето е во ред, ќе се пораѓам природно. Од што бев скарана со цтг -то и болки не покажуваше, па сестрите ме мислеа лигла :) Го мразам бе:D
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.992
    Допаѓања:
    133.778
    Јас 6 саати бев со болки и 5 саати вкупно со ЦТГ, а ниту еднаш не ми дадоа ни да седнам не па да лежам. Не се сеќавам дека ми сметаше, одев у место... Ми беше интересно да ги гледам линиите од болките на тоа цртежите таму веројатно :)
     
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Aко те породиле тебе не значи дека сите ги породиле. Колку прочитав во темата „породилни приказни “ каде самите родилки кажуваат дека се породиле со некоја бабица и сл, и исто беше и во случај на мои другарки. Има секакви доктори и на кој како ќе му се погоди е работава. Тоа приватно не се дешава факт.
     
    На augustd и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А од кој извор ви се статистиките за природно вс. царски во приватните клиники. Објавени се јавно или вие од ваше око?
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Јас си кажав дека е моја претпоставка. Не знам дали има официјална статистика. Баш би сакала да ја видам. Еве можеме од форумов да извадиме статистика, на секоја трета, четврта со царски, едвај една природно. Не треба многу за да се изведе некаков заклучок.
    Пак ќе повторам, докторите кои прават царски по нарачка, треба да ги искинат дипломите. Срам се за докторскта фела и се директно одговорни за ова што ни се случува. Пусти пари... Оти глупави се секаде низ светов што форсираат природно породување, само ние паметни :^)

    п.с Вакви "доктори" исполнувачи на желби има и на државно и на приватно. Да не ми се нафрлите сега како ги напаѓам приватниве. Само, на приватно некако очекуваш да ти исполнуваат желби, додека на државно треба да подмитиш. Срам!
     
    На Lolipop23, Kitten, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.