Важат тест од друго место само прашај колку време може да има поминато од тестот. Сите скрининзи на бебето се во пакетот, оној за слух,ортопедски, оној крв од пета за анализи... И многу ми се допадна тоа што последен ден пред да си одиме дојде ортопед да ме извести за ехото и прегледот дека се е ок,дојде педијатар за храна,капки... дојде гинеколог за мене да ми даде насоки .. секој од својата бранша ми даде мислење и совети а не да читам во отписни писма што му правеле на бебето и дали е се добро. И сите прегледи од педијатар првиот месец се во пакетот,4се мислам секоја недела да го носиш. Прегледот за тебе на 40дена е исто во пакетот. Едино доплатив само крвна слика за мене бидејќи немав. Таткото може и да присуствува на пораѓај со негативен тест,ако не присуствува може да дојде одма во соба откако ќе те сместат и ќе ви го донесат бебето не мора да чека визита. Јас имам многу позитивно искуство и од сестрите. Одма ми помогнаа за доење дека прворотка,од прв ден дома сме само на цице. Им викав да не ми ја ранат да ми ја носат гладна за да цица и вистина секое сабајле во 6ми ја носеа да цица и гледаа дали ќе фати,додуша имавме и среќа од одма прифати. Како и да е им звонев по 20пати денски да ми ја носат да цица па да ја земат па пак така во круг. Секогаш ми беа достапни
Важат тест од друго место, но ако си со закажан царски или со провокации. Но ако те примат итно, мора таму да ти прават и тој тест чини 6.000 денари.
Јас се породив во 4сабајлето во 6ме симнаа во соба,маж ми веќе беше таму. За 10тина минути ни го донесоа и бебето бидејќи тие два часа додека бев на бокс и бебето беше со мене еден час,па најверојатно им требаше време да го средат кога го донесоа бањато и облечено . Ако се породиш во 20ч на пример маж ти може одма да дојде,сигурно нема да чека до 12 следниот ден
Димчев требаше да ме породи бидејќи ме примија вечерта во 22со пукнат водењак без болки и не отворена ич мислеа ќе терам ама се породив брзо ноќта па дежурниот ме породи Палчевски. Како за човек што го видов прв пат поминавме супер,ептен другарски е настроен. Плативме 97000 два теста тука спаѓаат и крвна слика со крвна група Три ноќи сметајќи ја и ноќта кога се породив,инаку 2ноки. Ме следуваше уште една ноќ бидејќи денот кога си породена се смета за нулти и ти се брои од нареден ден, ама ја си отидов порано се беше ок
Мене за царски ме интересираше, не знаев дека природно си породена. Ако има некоја свежо инфо нека пише.
може одма кога ќе ве симнат доле да дојде да ве види, а на форумов имам прочитано дека може и да псисуствува на пораѓај со негативен тест
Auuu pa jas kredit ke zemam i ke odam tamu haha, mislam deka kako tip sto sum placka za sve i na sve obrnuva vnimanie jas vo GAK bi poludela. Samoo mojata da izdrzit do kraj 34 nedela i posle i jas obavezno tamu
Породена пред 3 недели, цена на царски 125 000 + 1700 пцр + околу 3500 за анализи ( така пишуваше на сметката, претпоставувам дека е крвна група плус дополнително испитување д димери пред да ме пуштат, затоа што имаше индикација за вакво испитување) Лежев вкупно 5 вечери, со таа вечер кога направив прием пред царски.
Јас за ова со бесплатни прегледи за бебе од ремедика страшно се разочарав, ја носев на 1 недела па на 2 кај марина тогаш сама ми закажуваше и следно ми вика на 1м донеси ја ама закажи телефонски, звонам нигде термин ми закажаа на месец ипол кај јадранка и ми наплати 1200 ден муабетот беше не сме ние криви ти што не си ја донела три пати во еден месец искрено не планирам пак бременост ама веќе никад за тоа не би стапнала таму. Од афродита сум презадоволна ама многу се некоректни со цениве да не зборам дека платив подготовка и на благајна ми кажаа една цена за пораѓај за на крај да ми наплатат друга пошто рипнала цената во меѓу време, да не знае некоја сега на прегледот кај гинеколог после 40 дена пошто се поминати повеќе пак да не ми наплатат може треба точно на 40ти ден да појдам?
Може сигурно. Баш маж ми го испрати вечерта бабицата: оди си,утре дојди нема да биде вечерва Дај боже да издржиш и подолго ,голем е бог. Можеш и порано не дај боже ако се Деси имаат они и за предвремено родени ама е доста скапо. Отиди на ЦТГ таму 36,37на недела и кажи си што сакаш и распрашај се. Ништо не губиш,капар не се остава.. ако се пораѓаш таму и ЦТГ не се наплаќа,освен можеби првото. Јас ни првото не го платив,ама пред тоа одев на скрининзи па дали и тоа има врска не знам
@Razvigorec мене ни ехото не ми го наплатија Систина.Ми се допаѓа што нема капар, во секој момент може да се откажеш @ni.na значи арно се предомислив за Ремедика .А летово ќе кубурат со 1 педијатар Јас со синко за првото одев нон стоп, на два дена малтене , не ми наплаќаа, потоа почнаа по 800, 500 кога како. А и гунгула е ако ја викнат на пораѓај, се закрчува се. И многу чекавме и по 2 саати се случувало
Јас после 2 и пол месеци појдов на контролата после пораѓај, не ми наплатија Зашто еден? Нели се 3-4 педијатри како што знам јас..кој замина?
Замисли ја на 3то ЦТГ и му викам на Димчев како ќе биде за пораѓај ако е ноќно време кај да ве барам? Вика дај боже да дојдеш и да се породиш одма ја да не стасам на работа,најубаво ќе ти биде. Ја ако те гледам(после секое ЦТГ и ехо има) не мора ја да те породам. Ете одиш утре Битола да шеташ,те фаќаат болки и во плодност се пораѓаш... Никому ништо ми вика. (Ќе останеа неплатени 3прегледи а ја на друго место сум се породила)
Спасова во пензија Розита во рес хумана замина или нз каде Таа Ѓоргевиќ е уште тука ама не ја сметам ,многууу несигурна кога сме иделр на дежурство И остануваат Марина и Јадранка ама сега со одморите ваљда ќе се покриваат некако....