Не ти бараа хив и хепатитис ( тоа е инф. скрининг)? А крвна група документ? Во Ремедика ми рекоа и венчаница да носам
Па пиша дека ќе си носи се од лична хигиена. Јас кога бев имаше купка а паста и четка за заби и да имаше немаше да ги користам нивните
Не ми побарале, ни со првото, ниту сега. Крвна група носев со првото, а сега ја имаа автоматски. Венчаница па ич. Ако не сум венчана да не нема да ме породат Последни брисеви само ги покажав на докторката на телефон, си заведе у досие.
Мораш да имаш документ за крвна група зошто ако немаш ќе ти направат таму и ќе ти наплатат. Ова за секаде е, не само за Систина. Инфективен скрининг исто секаде прават во секоја болница, при секаков зафат/операција, зошто тоа е и за заштита на персоналот плус. Мене Ремедика не ми бараа венчаница. Инаку јас сѐ си носев за лична хигиена, ама имаше шампон, гел за туширање, сапун, јас само четка, паста, стик за под пазуви и чешел искористив од тоа што носев. И секако што си носев креми за лице и тело што си ги користам и дома.
Мене само ме праша која крвна група сум и запиша во компјутер. Ништо не ми рече дека треба. Дури ни за брисеви не ме праша. Шо не кажавте бе дека систина се закон Тргнавме венчаница да вадиме
Мене во Ремедика ми направија во 36та кога е подготовката претпоставувам ќе го важат и систина. Документ за крвна група имам ми направија на трансфузија. @Lovebug01 . Aма еве систина не го барале, баш чудно
Би требало да го важат инфективниот скрининг. Ама за крвната група ми е многу несериозно ако не побараат документ. Мора и тие да се покриени, а и ти заштитена. Што ако имаш не дај боже потреба од трансфузија а таму грешно во компјутер запишале? Тие ќе одговараат или на тебе вина ќе префрлат дека грешно си им кажала? Не верувам дека така би оставиле. Јас ја носев крводарителската книшка од средно што имам дарувано крв, ми ја важеа во Ремедика. Носи си сепак документ за крвна група.
Систина нели не признаваат крвна група од друго место? Морало од кај нив, така имам читано по темиве.
За венчаницата мислам дека и не е толку проблем ако ја немаш но секако ќе ти ја бараат кога ќе се пријавува новороденчето за извод така да или сега пред или потоа секако ќе треба За останатите документи апсолутно се согласувам дека треба да имаш документ (крвна група,последни брисеви и сл.)