Јас планирам да си носам за лична хигиена бидејќи имам осетлива кожа да не си ризикувам егземата да полуди покрај моите хормони
јас го купив од пазар, има и на бензиски имам купувано и по мобилари иначе да ниски им се штекерите, пошо ја се пораѓав со провокации, додека чекав мене болки да ме фатат цело време со тел. во рака
Единствената цел на венчаницата е за точно да ги внесат податоците и да нема грешки, па да се оправаш после. И да немаш венчаница нема да ти направат проблем, ќе им напишеш на ливче точни податоци и готово Во однос на брисевите, сигурно не ги побарале зашто ќе бидеш со царски. Во спротивно многу би било несериозно да не ги бараат, а може да биде и опасно- не верувам дека би го скокнале тој податок за тие што би се породувале природно.
Јас не носев венчаница, дојде вработена од администрација и си запиша на лист кои информации и беа потребни за да го пријават бебето. Исто и за цимерката, таа беше во фаза на развод ама во полусон бев и не памтам што ја праша.
Ова со венчаницава да не е за во матични книги да го пријават, дека штрајкуваат, па некоја олеснителна околност. Мене ај што не ми побараа ама ништо ни за маж ми не прашаа. Се лутеше зошто не го пишувало во картончето. Ова во декември.
Не е, чисто за кај нив податоци... Овие за матични книги примаат барања ама велат извод после штрајкот...
мене кога ме примија за пораѓај како на интервју, кога се венчавте, име презиме, што имате завршено, што работите, датум на раѓање на сопругот,што има завршено, кај работи не знам како ништо не те прашувале
мислам дека прво ќе биде детето запишано само со еден родител со тебе, па после ќе треба да го признае партнерот
Дајте предлог за доктор за пораѓај во Систина. Рано ми е сеуште ама да размислувам на темата... Со првото ме пораѓаше Баџаков, докторот е супер и сум задоволна, меѓутоа на прегледите кај него во 9ти месец чекав и по 3-4 часа имаше премногу гужва и не сакам повторно низ истото...
Искрено не се сеќавам може меѓудругото да ме прашале ама да не сум обрнала внимание. Поише ме насекираа кога ми рекоа дека не ми се гледало на картончето крвна група, па ја почнав да си тупам глава како во возачка може да ми е грешна, недај боже ако ми ја измешаат, ама после увидоа дека е ок
@macalavica Мислам мила ти прашуваше дали Димчев пораѓа. Да, одев кај него на контроли и он ме породи пред две недели на договорен царски рез. Супер поминав, докторот е феноменален, доаѓаше секој ден во соба по два пати, ептен сум задоволна. Некој и за цена прашуваше, платив 129 000, за едно бебе се бесплатни прегледите а јас дека со близнаци доплатив плус 4000 за другото бебе. Инаку цимерката со едно си плати 125 000. Ако некој нешто го интересира слободно нека ми пиша. Задоволна од целиот персонал во Систина, а секако најмногу од Димчев, топла препорака.
Ме прашаа за крвна група ама документ не побараа, другото за хив и остало проверуваат они при прием и доколку имаш сертификат за прележан ковид во последниве 6 месеци ти прават само брз од аптека тест, ако не мора пцр… ова најтазе од вторникот инфо
Здраво феминки, ќе може некоја да ми каже мислење за др. Јорданчо Иванов за пораѓање? Планирам спонтано да се пораѓам (ако се си е во ред). Ви благодарам.
Лично немам искуство, братучедка ми моја ја носев пред 10тина год.во Чаир беше предобар , другарка моја спонтано се породи кај него и има најпофални зборови