Немам кај мене тие дека уплакаа преку фирма и они потпишуваа ама тоа нема веза јас мислам, барав по правилниците нивни никаде не го пишува ова едино дека се раскинува ако имаш прекин во фонд за здраство ама јас немам прекин, од фирмава одма во друга ме пријавиа. Као колективно попуст имаше и така уплатиа а парите секако јас си ги дадов па ќе ми ги враќал види мајката а ако не побарав услуга и да кажам дека не сум таму со рабпта парите си пропаѓаат. Колку се безобразни па уште трудна дане е
Што опфаќа подготовката во Систина? Ковид тест ми рече др. да си направам каде сакам. Хив, хепатитис ми правеа на подготовката во Ремедика и ми рекоа ќе ми го важат 6месеца, треба ли и тука да правам? Крвна група имам од трансфузија , ќе ја важат ли? Одам кај сестрата ,па она ме спроведува? Ништо не ми кажаа , само ми закажа. Во Ремедика дур си на цтг ја прават подготовката.
Јас сум во огромна дилема,дали да се породам во Систина,или да се породам на Гак а да зачувам матични клетки од бебе.Парите се тие,за двете опции немам,многу е,дали да ги дадам за себе или за децата.Секако ке сум царски и тоа трет,ризичен ми е зашто нема ни година после вториот рез,ама незнам каде е посигурно.На гак како може да се дојде до некој доктор да си дадеш пари и навистина он да те породи,лани барав врски и неуспеав, не би сакала да ме оперираат студенти.
За матични клетки кога правев пренатален тест ми пратија понуда од биосејф и беше ок со плаќање на рати цела година.Распрашај се дали имаат опции и другите.
Прашај и во Гинекаликс, и тие нудат плаќање на рати ако зачуваш матични во Future Health банката. Имаат неколку различни модалитети на плаќање. Во однос на породувањето, ако ти е опција размисли и за Чаир- таму мислам нема специјализанти.
Ги контактирав ми понудија опција на 6 рати,ама тоа ми е пак многу.Ке се заглавиме до гуша и така сме веќе кнап ептен.Маж ми се плаши да одам пак на Гак, ми вика во Систина,ако треба кредит да земеме,јас сум на 2 памети,од една страна да ги дадам парите за себе ке ме гриже совест дека на децата им скратувам некоја сигурност во иднина,а оддруга страна се плашам на гак.
^ Матични клетки освен при породување може да се зачуваат и од млечни заби (кога се менуваат). Не знам дали кај нас ја нудат таа опција банкиве, ама може да прашаш па ако сметаш дека во иднина финансиски би имала подобра можност, ќе имаш и друга шанса за клетки
Мислам паметно ти е систина да се породиш штом на ГАК имаш такво искуство. Јас матични клетки не сочував, тогаш не замарив а супер понуда дадоа може дека кај нив правев пренатален, па и на сестра ми и пратија исто. Инаку да , распрашај се дали може од млечни заби кај нас.
Па што им опфаќа подготовката? Цтг ? Во Ремедика одам на цтг, ехо, ми земаат анамнеза, па одам со анестезиолог, па со него разговор, ми дава согласност да потпишам ….
ЈАс во систина пред да ми прават серклаж бев на преглед кај анестезиолог, каде што исполнуваат формулари со потребни податоци за здравствена состојба, тежина, лекарства кои се примаат и слично.Сигурно е исто и за царски рез, неможат да ти направат операција без предходен преглед.И во Ремедика прават и во дрзавна прават обавезно пред операција.
Јас кога отидов во болница откако ме виде др, ехо и преглед со рака, пред да ме сместат во соба имав разговор со анестезиолог.
Крвната група за мајката спаѓа во пакетот или не? Тоа ме интересира. Од првиот пораѓај не можам да ја најдам.
Јас неможев да ја најдам исто правев пак на трансфузија Ако имаш време направи си , 5 дена се чекаат рез. и бесплатно ти е
Јас го имав ливчето со крвна група ама пак ми ја проверија во Систина, таков им бил протоколот, не ми наплатија додатно за тоа, само за да те внесат кај нив во систем они си ја испитуваат уште еднаш.Секако ти земаат крв пред интервенција каде што има детални анализи.Сето тоа ми беше вклучено во цената не ми наплатија ништо дополнително.
Девојки јас да ви кажам бев на преглед во санте кај Др Елма и да видам за условите за пораѓај во цената е вклучено пораѓај ЦТГ и престој во болница брисеви крвна група ако немаш се доплаќа. Докторката ми кажа дека може она нема да биде на пораѓај може нема да стигне може ќе има друг пораѓај и слично исто ми кажа ако има нешто бебето инфекција кислород или слично тоа се наплаќа плус не е во цена И сеа сум на два ума некако ми е страв да не ме тераат царски за поише пари барем така било по приватните има ли некој тазе породена во санте да каже. Како што поминал фала ви