Уфф, не го заприметив името, мислам дека презимето беше Петровски. Повозрасен човек. Тебе кој ти беше?
Бранко бил сигурно, јас кај Ѕвонко бев и сакам пак кај него ама полесно ми е сега дека добро си поминала кај Бранко
Ако е за некоја утеха и јас бев кај Бранко, до душа спинална ама сепак, добро понинав Малку страшен делува на почеток, така поарогантен, ама јас му се качив на глава со плачење.
Зошто полесно? Не би очекувала од него или? Јас искрено не го знаев, ама добар впечаток ми остави. А и си имам очигледно предрасуди па помирна сум кога ќе видам повозрасен др, демек поискусен
Јас бев 1цм отворена кога ме боцнаа, изгледа нема врска. Цела вечер ја поминав со епидурал, околу 12ч
Можеби сум грешка, јас веќе кога имав поголеми болки(но издржливи веќе бев 6 см отворена). Мене ме примија во 20:30h а веќе во 23:00h бев породена
Кога можете да добиете епидурална аналгезија? Според најновите ставови на Светските здруженија на анестезиолозите, доколку нема медицинска контраиндикација, тогаш родилката сама носи одлука за започнувањето на епидурална аналгезија. Се препорачува почеток на епидурална аналгезија во фазата на напреднато породување, односно при цервикална отвореност од 3-4 сантиметри. Значи не се става во првата фаза на породувањето, туку над 4 цм, кога и болките се поголеми. Болките до 5-6 цм се обично издржливи. Сепак, се зависи од самиот тек на породувањето.
па да и јас тоа ти го велам.Читаш ли убаво,цервикална отвореност од 3-4 цм.Тогаш се препорачува.На 8 цм отвореност бебето веќе искача,добиваш напони и гасат епидурал за да можеш да туркаш.
Мислам дека имаше некои членки незадоволни од него, а и близок мој имаше некои полесни компликации од анестезијата кај него. Ништо посебно само дека со Звонко имав супер искуство би сакала пак кај него. Да.
Здраво женски, сакам да се породам во Систина но незнам кој доктор да изберам.. Матичната ми рече дека следниот преглед ми е последен кај нејзе и после одам да се видам со докторот што ќе ме пораѓа (кој и каде ќе изберам ) и од тогаш ми почнуваа цтг па се до пораѓај си ја посетувам клиниката…прва бременост ми е и значи врска немам на кај да фатам и шо да правам само дека сум ептен паничарка одлучив да биде тоа во Систина Е сега, три скрининзи правев кај Димчев во Систина, супер сум задоволна од него.. последниот пат го прашав за пораѓај, му кажав дека во клиниката сакам да се породам и он ми рече нема проблем овде сите доктори се добри каде и да бидеш нема да имаш проблем ама ме виде човекот дека сум во паника целата и ми вика чекај смири се малце ако сакаш јас ќе те породам нема проблем само не можам да ти ветам дека ќе бидам 24/7 тука за тебе јас до тој момент немав поима дека пораѓа, знаев дека е најдобар за скрининзи за аномалии и сега незнам шо да правам…некое ваше искуство да споделите, мислење… било што
И мене ме интересира препорака за доктор/ка во Систина за природен пораѓај. 33 недела сум сега, ама не сум била таму на прегледи.
разлистајте ја темата има куп препораки, како и да е во Систина кој доктор и да го изберете нема да погрешите сите се добри, од мене препорака за др Корнелија Трајкова