При некомплициран пораѓај може и бабица да го изврши пораѓајот. Вториот пораѓај(истата болница како првиот) не видов доктор, бабица ме породи. Супер поминав.
дента се породивме 5 жени, 2 беа со царски само ( едната близнаци) така да муабетов ти е баш од рекла казала.
Јас не гледам каде е проблемот ако некоја мајка сака царски? Не е мајка? Помалку мајка е? Глупости, требало да трпиме болки оти таква ни била судбината на нас жените. Не кажувам примери од околината, сите имаме многу. Јас одам во приватна зошто имав операција во Чаир и ремедика, и нема споредба. Во Чаир бев со врски. Лежев во ходник пред интервенција оти немаше место, а по анестезија во сестринска соба и тое едвај чекаа да ме станат и да си одам побрзо иако не бев добра. Друго, третманот нормално нема да лажам , довербата најбитна. И глупо е да се делиме едни имаат и се приватни другите не па државно па да плукаме по едните а другите по другите. Ц. Знам многу луѓе кои имаат средства и одбрале државно. И тоа е , на крај ништо не е битно како здрава и жива мајка и бебе. Точка
Jас да сум министер за здравство би направила ревизија на сите родилишта особено приватните и сите доктори кои немале основ за царски а го правеле по желба на мајката или за лакомост оти повеќе пари така ќе земат, би им ги одзела лиценците. Царскиот е операција, и треба да се прави како последна опција кога е загрозен животот на мајката или детето, а не кога ќе им текне или не дај боже за да наплатат повеќе кеш. оти при природен пораѓај за 24 саати си дома а при царски соденови па плус и од вечер наплаќаат. Ако сакате еве има модератор нека направи анкета со каде сте се породиле и како, со 4 опции, приватно и природен пораѓај, приватно со царски, државно со природен и државно со царски, па да видиме ове наша статистика, за да утврдиме дали ни е точна констатацијата дека многи почесто одат на царски од нивни причини. Јас имав пријателка која отиде у Систина оти не сакала болки, 500 евра ништо не биле за да не се мачи, ама после и беше мака оти јас 6 саати имав болки и родив, а она после пораѓај една недела не можеше да седне од болки. Така што, полесно е природно.
@Cka особено на приватните викаш. А во државните знаеш што се случува? Батали царскиот. Хигиена, персонал? Тоа не е побитно? Нејќам да зборам за другите полоши работи зошто ќе се вознемирам и јас и други трудници.
Баш би било добро да направиме фемина анкета. Но, не се согласувам дека треба да си ги искинат дипломите бидејќи исполнуваат желби за царски. Нема никаде правило дека пораѓај мора да тераат природно, и реков има жени на кои полесно им доаѓа царски и тоа е личен избор, докторот само го почитува за пари или не, сеедно. 21век сме не мора да се мачиме по ниви како нашите баби ако не сакаме, тогаш царски не постоел ама стапката на мртви новороденчиња била висока баш поради немање друга опција освен природно. И поради таа хигиена, и основен човечки однос кон родилката јас пак ќе изберам приватно дури и да ми наметнат царски. Поважно ми е дека знам дека ќе се погрижат јас и детето дека ќе сме добри ако ништо друго, не ради нас туку заради нивниот рејтинг да остане добар отколку низ гак да собираме бактерии и лоши спомени.
Сега дискутираме за форсирање на царски кај приватниве клиники. Неоспорна е нехигиената на државно и никој не го спори тоа. Ама тоа не е причина да се форсира царски и кај треба и кај не треба. И за крај, вие пораѓајте се како сакате (штом "докториве" ви го овозможуваат тоа), светската статистика кажува друго. Они глупави ли се што трпат болки (а со епидуралов па и нема којзнае какви болки) а ние паметни што одиме дирекно под нож за да не се мачиме @Igle не се за џабе доктори. Ај ако не ние да им кажеме како сакаме, оти нели ние се си знаеме. Тогаш зошто по ѓаволите учеле? Абре ја деградираа докторскава професија. Еј! 21 век не го оправдува царскиот по желба. Кажав и погоре, цел свет форсира природно, само ние царски оти било 21 век. Имаат процедури како треба да се одвива пораѓај, ама ги заобиколуваат. Не верувам дека може да се докаже дали е со индикација или не царскиот. Се штитат меѓу себе, нема како да докажеш. Единствено решение е да се изедначи цената на природно и царски. Тогаш може нема да има толку "причини" за царски.
Не ми е муабетот хигиена, туку општото мислење дека на приватно пречесто има царски пораѓаи. За чисто не е, тоа е друга тема. Искрено јас не би сакала непотребно да ме оперира некој. Кога на пораѓај рекоа дека не е наместено бебето добро прво нешто што помислив е не сакам царски, а да бев на приватно одма ќе беше царски. Тука се потрудија на секој начин да е природно. Мислам дека у 21 век е глупо да те оперира некој оти така сакала родилнката или оти повеќе пари ке лапнам. Оти на приватно не викаат ајде прирдно со спинал, туку со царски? Кога се плаши родилката зборувам и кога е на нејзино барање царскиот? Оти така ке си отиде за 24 саати и едно спиење плаќа, а со царски 7 или 10.
Да, за мене е мачење да ме стават на крвава постелнина. Мачење е со болки 20 часа без епидурал. Секаде има епидурал, а кај нас изговорот им е дека нема анестезиолози. Ти се молам. За на одделение кажав. Ми се дереа дека побарав друг чаршав. А таа чистачката ми се раздрА зашто ми потекло крв во вецето, требала да чисти после тоа. Замисли еј. Така што не ме убедувај дека државно е сјајно. А ти ако си поминала супер на ГАК оди пак таму.
@Cka Се согласувам со тебе. Јас исто се породив на Гак и баш тој ден имаше многу жени, премногу дури. Докторите не знаеа каде побрзо да одат. Царски рез имаше само еден зошто жената не соработуваше со докторите и бабиците. Имав можност да слушнам бидејќи бев во близина со неа. Докторите беа толку упорни и се трудеа жената да ја охрабрат и научат како правилно да напнува диши и слично. Меѓутоа , таа освен плачење, колнење сама себе, вриштење ништо друго не правеше. Заврши на царски по толку големо вознемирување што ни го приреди на сите. Зборот ми е дека тој ден речиси беше незначителен бројот на царски во споредба со природното породените жени.
Хаха па гледам тебе ти е битно да си природно породена, а односот и негата после тоа не ти се битни? Јас бев природно, тежок пораѓај, бааѓи сечена.,прво дете, а сестра не дојде да праша како што . Хм, т. е дојде еднаш и се раздра дека сум побарала млеко за бебето зашто пиштеше и чистачката дојде за да се развика за крвта во вецето. Однос десетка. А приватно да бев и царски ќе имав нега како што заслужува секоја мајка.
Аха, значи ако беше царски приватно ќе поминеше подобро? Сфатив и нема што повеќе да дискутираме. Поздрав.
Дa бидaм искренa вo привaтнa клиникa зa пaри и ќе врескaaт сo тебе aкo пoбaрaш, a не пa цaрски дa ти нaпрaвaт пo желбa Зa хигиенaтa јaснo е декa немa спoредбa. Амa еднo другo нештo не ми е јaснo мене? Кoгa веќе oдaм вo привaтнo мoжaм дa пoбaрaм епидурaлнa и ќе јa дoбијaм вo истиoт мoмент и никaквa бoлкa немa дa чувствувaм. Зoштo никoј не вели ќе се пoрoдaм прирoднo сo епидурaлнa вo привaтнo туку "зa дa не ме бoли цaрски ќе се пoрoдaм" Тoa штo не свaќaм јaс е кaкo мoже дa ПOСАКАШ дa ти нaпрaвaт oперaцијa, a имaш мoжнoст и прирoднo дa се пoрoдиш без бoлкa вo привaтнo. Секoј имa прaвo нa избoр и јaс гo пoчитувaм бидејќи сепaк СЕКOЈА женa гo сaкa нaјдoбрoтo зa свoетo бебе и секaкo нaјвaжнo и е нa крaј дa се двaјцaтa дoбри.
со царски е 4 спиења, природно 3. Пред порагајот бев исплашена доста како што ке биде со оглед на мојата операција на матка, му реков на докторот да одиме царски, ми рече абе каков царски ке го исплукаш ко маче природно ( шегаџија е) и направи се што можеше за да се породам природно, иако ете јас до некаде сакав царски заради проблемот со матката. Навистина не треба да се генерализира. Имаш идено во приватна клиника,се имаш порагано? Ако одговорот е НЕ тогаш не знам што коментираш безвеза. Ниту во еден момент докторот не помисли на царски иако до некаде имаше индикација кај мене.
Да. Проблем има што така мислам? Барем немаше да лежам на крвава постелнина и во крвава спаваќа. Јас какви болки имав после природниот пораѓај, царски помалку ќе ги имав сигурно.
Форсираа породување со царски уште во старата Систина. Еден многу познат доктор тогаш,а и се уште е еден од најизвиканите имиња во Систина ми направи триста филмови како треба со царски да се породам.Ме виде млада,зелена,исплашена,прво дете и мислеше дека ќе се согласам на договорен термин да отидам и да ме породи. Се консултирав и со други гинеколози кои не го делеа неговиот став. Затоа,сменив доктор,не болница.За среќа,веднаш ми влеа таква доверба што и ден денес одам кај него. Кога ги поминував најголемите болки на пораѓај и кога мислев дека не можам да издржам,(имав болки скоро 13 саати,а тогаш,пред 14 год. немаше епидурална аналгезија)ми викаше дека полесно е да ме породи со царски,ама зошто операција кога природно е природно. Митко Ивановски е мојот доктор,тој кој форсираше природен пораѓај наспроти царски рез. Различни ставови на доктори во иста приватна болница.