Здраво мамичке, јас сум 33/4 и цела бременост ме води др. Дракуловски и ке одам до крај кај него.... Презадоволна сум и не би го мењала за ниеден доктор..
Закажав кај Корнелија 34 недела и пораѓање природно таму. дали ги наплаќаат прегледите во 34 недела ако веќе таму се породуваш и колку? фала ви
Бев во 20та платив скрининг 5300, Бев сега пред одмор платив 3300, Сега ќе одам во петок ќе плтам 3300. После 35та не се наплаќаат прегледите. Јас дадов и капар од 200 евра за породувањето. Со лесно можеби ќе сме цимерки
Здраво мамички, како сте задоволни од следење на бременост и породување кај Јорданчо Иванов во Систина? Ве молам за искуства дали преферира природно породување?
Едно прашање до вас што сте се породиле приватно дали нешто ги почастивте сестрите и докторот после пораѓај не знам како одат тие работи приватно. А државно знаеме како е ...
како ти е кејф така прави, ја сакав ама не даваа ништо да се внесе, не знам сеа како е, во систина се породив
Мене ме породи др.Димчев природно супер задоволна сум. Докторот е одличен, смирен и внимателен. Целокупното искуство со него ми е се во суперлатив. На цтг одев од 36та недела прво еднаш неделно после тоа два пати па секој ден тоа ќе ти кажува докторот кога. Ако го избереш него нема да згрешиш.