I jas sum so niv osigurana ama bez franshiza, najvisokata suma ja zemav, togas bese 15000 vkupna premija. Shto znaci bi mi pokrile 1500e, a nad toa jas si doplakjam, taka?
Мене искрено ми понудија 2 пакети. Едниот по 515 ден месечно, и едниот мислам 750 што вклучува и третман и дијагностика на малигни заболувања. Го земав овој од 515 бидејќи во врска со породувањето немаше разлика, исто покриваа двете опции. Како што ми објаснија како и да се породиш максимална сума што они ја земаат во обзир за да пресметаат е до 1500 евра. Природното е како и да е 1500 евра, а царскиот е 2000 евра. Значи они враќаат мислам максимална сума до 65.000 ден колку тебе и да те фати вкупно породувањето.
Инаку првото ми е царски рез и бев решена и ова да биде царски, али некако се предомислувам. Викам и така идам во Приватна болница па да пробаме природно прво, иако докторот рече по дифолт иде царски после прв царски.
Dokolku se brzo edno po drugo, da, taka preporachuvaat, no ako barem 2-3 godini se pominati od carskiot, mozhe i prirodno, zosto da ne
Спонтано породување после царски ми е тема од интерес зашто со првото принудно се породив со царски. Гледав на телма амбуланта, а и доста читав на интернет и настрана тоа што по дифолт голем број доктори одат на царски ако првото породување со царски, женава (мислам дека Ирена се викаше) и студии достапни на интернет велат дека идеално е после минимум 18 месеци од раѓање на првото дете, да се започне со работа на второ дете и дека тогаш, ако дозволат условите (нормална бременост, позиција на бебе итд) породување спонтано е еднакво можно како и првото породување да било спонтано. Не сум стигнала до тука, затоа уште не почнав да се распрашувам
Па да, и јас се водам по таа логика доколку е доволно време поминато од првиот царски. Мене пред 6 години ми беше. Инаку се мислам зашто не знаеме маткста во која состојба е, како би можела да ги издржи контракциите во тек на природното породување.
Доста време е поминато, би требало да може, но мислам на пораѓајот одредуваат дали може или не. Јас знам мајка која роди природно по царски рез (многу мала разлика од некои 13 14м се дечињата).
И моја братучетка така се породи, а 2 години разлика се децата. Така да најубаво следна контрола до докторот да се договорам.
Моите би биле некои 28-29 месеци разлика. Зборев со 3 доктори од Ремедика и сите тројца ми рекоа без проблем дека би пробале природно да ме породат единствено една од нив ми спомна дека така треба да почне пораѓајот, спонтано. Значи без провокации и слично.
Другарка моја со првото се породи со царски , по 7 месеци остана бремена , второто го роди природно . Си знаат докторите пратат они
Во Ремедика прво спинална, те легнуваат, со мраз те допираат дали осеќаш и после оди катетерот, најчовечки според мене... Што да мачиш некого со катетер кога секако ќе иде под анестезија... Искрено болки не осетив додека не станав прв пат, а и тогаш, беше повеќе како влечење некое језиво... Така ми беше со првото Не се плаши ајде, со лесно мајка
Јас два пати раѓав со царски на катетар не се сеќавам воопшто кога ми го имаат ставено, ваљда било со анестезија.А за болки после царски првата ден даваат аналгетици во инфузија и во Ремедика и на Гак, а следните денови ако сама бараш.
Јас болка стварно не сетив во Ремедика, цело време бев покриена мислам со лекарства, не ни барав, само ставаа исто и катетерот на вадење само што го сетив малце језив, толку беше. Презадоволна бев искрено. Сега само се надевам дека ќе опстане болницава и докторине мои додека истерам вторава бременост
Само да споделам, никакви скриени трошоци во Систина. Колку кажаа , толку плативме. Имавме и фототерапија на малата , не ја наплатија. Наплатија дополнително анализи околу 1000 ден. за бебе и тоа Друго што ми падна во очи, мислам дека само јас бев со царски рез, сите беа природно породени а беше преполно , немаше соба. Така да не држи вода муабетот дека форсираат царски. Јас имам воечаток дека ремедика повеќе форсираат. Кога одев на цтг на два дена , обавезно на некоја не и чинеше цтг-то и одеше на итен царски. Цело времебев на штрек кога ќе отидам и мене да не ме снајде неподготвена Инаку за болки обавезно даваат Систина дури ги даваат за собирање на матката а и ако си побараш даваат исто. И да не опстане, ич да не ти е криво. Јас се каам што губев време таму .
Со првово сум таму, и искрено за докторите ми е, Петановски ме породи, он ме правеше и конизација, мајка ми ја има водено со мене и брат ми, се познаваме и приватно, се дружат моите со нив.. Верувај за Ремедика ич не ми е жал, сите излегоа од таму поради прелоши услови. Спаваќи имаат скинати, две такви ми се погодија, и на пораѓај и на конизацијата. Можат да вложат малце повеќе искрено. Друга работа, јас сум од тетовско, кај нас нема шанси да стапнам во државна болница, освен во One hospital, приватна е, др Јегени е таму. Ќе ми остане да си барам болница за породување. Ако ми заминат Петановски од Ремедика, ќе одам по нив кај што ќе одат
Ели јас вчера бев ама не прашав Пакетот за пораѓај уште им е 125000 за царски? Инаку баш вчера му кажував на маж ми со првото најголем страв ми беше кога одев на ЦТГ таму да не ми пукне водењакот, демек неспремна. Ја видов еднаш една пред мене и се случи тоа и траума ми остана И колку време трае од прилика едно ЦТГ? Не за друго, докторот ми закажа за следната недела било кое време во размак од 4 саати па да не бидам кнап со време
Јас па сите позитивни искуства што ми ги кажуваат од околу колешки, другарки ,итн ми се од Ремедика. Систина е премногу изкомерцијализирана,од искуство со приватното здравствено.
Ај вие што сте се пораѓале во Ремедика. Освен брисеви што бараат друго во подготовката? Брисевите ми рекоа дека можам кај матичниот, и така и направив. Ќе им однесам само резултати. Крв нешто други анализи треба? Пошто сестрава кај матичниов нешто ми спомна за крвна слика ама денес сум така расеана па не обратив внимание.