Крвна група и брисеви имам и јас. Значи крвната слика не се доплаќа? Обична крвна слика е или за хив и хепатит
Значи да не земам упат од кај матичниот за џабе, секако и во Ремедика ќе треба втор пат да ме боцнат. Само тоа е подготовката нешто друго да не ми бараат?
Косово немаат здравство . Т.е имаат некое приватно во кое им е вклучена систина и затоа се уствари тука нонстоп , Не дека не се добри ама станаа ко клиника ...али како и да е ,тебе ке те пораѓа човек и битно е он да е океј. Исто и мене ми викаа за ремедика демек немале ургентно незнам што а реално мене ми е битно докторот што ке ме пораѓа да е добар
Дали доколку си прележал ковид во последниве 6 месеци треба да се тестираш повторно? Конкретно за Систина ме интересира, дека докторот кој ме води такво нешто ми спомна.
Јас немам сертификат, бидејќи прележав по втор пат и автоматски не се генерира сертификат по втор пат. Така да ќе им го приложам позитивниот тест од јавно здравје. Фала ти на одговорот ❤️
Сигурна си за тоа дека не се генерира? Види логирај на вакцинација мк и симни го, може е сменет датумот. Го менуваат, претходно пред година нели беше 40 дена од прележаност и некако бидна кога го донесоа тоа 6м од прележаност да се генерира и кај мене и наместо 40 дена до Јануари да ми важи ми го променија и ми важеше до сега до Јуни.
Ако си примила 2 дози вакцини или прележана со папир во последните 6 месеци ти прават само брз тест во систина. Јас баш прашував минатата недела кога бев на преглед
Друго да прашам има ли некоја што се породила во систина и плаќала со дајнерс картица брендирана на систина? Ако има да ми пише да се исконсултирам