На царски ми се видоа многу луѓе, не знам како е за природно. Гинекологот, две сестри до него, три сестри околу мојата глава (пишувам сестри, а може и некоја докторка да била), една го сликаше бебето, педијатар, главна сестра на педијатрија и после дојдоа двајца болничари да ме спремаат за во соба, две сестри ми вадеа анестезија и ме бришеа. Многу некако.
Да, анестезиолог сигурно ама дека не го памтам во сликата во глава А гинеколог колку што памтам само мојот беше, може грешам.
Јас царски, ко што вели другата членка, многу ми се виде персонал. Двајца ме оперираа плус и Котларова беше тука, анестезиологот, педијатар, сестра од кај бебињата, сестри други насекаде, една муабет друга за коса ме галеше, трета баш имав кај браунилата загледав кога ми се откачи, ме пребоцкуваше.. а за природно не знам како оди, колку и како се присутни
Јас добро се сеќавам на двајцата гинеколози и анестезиологот. Ги знаев и можеби затоа. Ја паметам и инструментарката. Педијатри не се сеќавам да имаше. Сестри и браќа многу имаше, 3-4 плус болничари. Треперев за спинална и многу се собраа да ме држат.
Има ли некој брзо породен во систина да ми каже какви цуцли користат, дали уште на медела - за да си земам?
Мешиња препорака за доктор за царски во Систина, треба 38ма-39та да ми договорат. Јас досега идев кај Димчев 3 пати, еднаш и кај Бојаџиев. Дека одмори па сакам да слушнам искуства и за други доктори. Од која недела би требало со цтг да почнам? Треба прво преглед да закажам и плус да спомнам за цтг или како?
Кај тој доктор што сакаш да те пораѓа најдобро да си закажеш преглед најдоцна 36та недела и самиот ќе каже кога да одиш на цтг и ќе те следи до породување. За препорака за доктор нека пише некој што се породил таму.
Која недела си? Јас почнав од 34та некаде кај Др. Палчевски, само првиот преглед се наплаќа а потоа ништо не сум платила. Цтг и ехо на секој преглед имаш. До сега немам прочитано негативен коментар за докторот. Добив препораки од многу луѓе за него. Ако си веќе 34-35та недела закажи кај кој доктор мислиш да те пораѓа, па потоа они ќе ти кажуваат на колку време ќе правиш цтг. Како и да е, кога и да отидеш првиот преглед си го наплаќаат 3300ден. Др. Палчевски е на одмор цела наредна недела, се враќа од 18ти Јули на работа. Чисто да знаете околу закажување.
Јас сум кај Корнелија инаку знам дека таа е на одмор до 24ти Јули чисто да знаеш. Инаку одам кај неа од 20та недела и сум презадоволна.
Здраво Имате ли некоја информација колку чини пороѓај природно и царски во Плодност ? И дали дополнително се доплаќа за докторот оти слушнав некој муабет дека на сумата што ја плаќаш за пороѓај плус се доплаќа извесна сума за докторот ? Ви благодарам !