Не треба ништо за бебе, освен облека за изнесување од болница. Ама тоа ќе ти донесат дента кога ќе ве пуштат. За тебе средства за лична хигиена и полнач за мобилен.
А од документација. Тој листот што го даваат на подготовка, инфективен скрининг,брисеви,крвна група. Извод од книга на венчани може копија? Треба лична карта?
Ако си ги правела тие испитувања кај нив, ги имаат во компјутер и ќе ги најдат. Крвна група ако имаш однеси за да не доплаќаш, јас го носев картончето од крводарителство. Лична карта не ми текнува да ми побараа, венчаница не носев. Ама сега планирам да си земам се во една папка и да ми биде спремно. Јас отидов со болки, па ги чекав да најдат се што треба, вака подобро да си имаш, не тежи
Јас кпга почнав на цтг тој листот на подготовката што ми го дадоа ми рекоа да го носам заедно со инфективниот скрининг, брисеви и крвна група(ги правев на друго место). А за венчаница залепено имаше кај креветот кога правев цтг прочитав.
Секаде е залепен тој листот за венчаница, дали е одамна, дали се уште им треба не знам. Земи си најдобро.
Здраво мамички.. ако има некој искуство со др. Ирена Шуплиновска од Систина ве молам да споделите. Поздравче
Ве читам за ремедика носите некои документи за пораѓај. Јас во Сиситина кога реков имам моја крвна група ми рекоа што си се мачела да правиш ние секако ќе направиме тоа е во цената. Ако може некоја мајка тазе породена во систина да сподели искуство, освен четка за заби и полнач за мобилен дали и што треба да се носи од документација. Јас знам само за ако имаш сертификат за прележан ковид или примени 2 вакцини во последните 6 месеци за да ти прават само брз тест место пср
Ги носев сите тие во папка: листот од подготовка, инфективен скрининг, брисеви и крвна група ама само крвната група ми ја побараа. Лична карта ми побараа за внесат податоци, венчаница не носев ниту ми побарале. Сигурно може и копија да носиш бидејќи тоа е за да внесат податоци ако треба и за таткото, но што ако не си венчан тогаш копија од негова лична карта или што
Лична карта. Полнач. Чешел земи си се прави тутки косата од лежење. Четкичка за заби има мала за една употреба.
Извод од книга на венчани можеш копија, а ја бараат за да нема утка во внесување на податоците бидејќи они го пријавуваат бебето. Лична карта мислам дека не треба.
Мешиња, ве молам некоја скоро што се има породено во Систина да каже што е потребно за пораѓајот да понесете со себе: -од документација? (прочитав негде венчален лист…) -од прибор за лична хигиена, влошки, дали треба да се купат од овие гаќите за после пораѓај едни што има, дали треба со себе да понесете пешкири, спаваќа, дали е потребно градник за доење, вода, храната како е, да не треба во некое скришно џепче некој кроасан и смоки да земам Благодарност однапред за споделеното инфо
не ти треба венчален лист, ни влошки,ни гаќи, ни пешкир, земи си ти за лична хигена шо мислиш и полнач, храната е одлична
Лична карта чисто за евиденција им е да те внесат. Влошки и гаќи ти носат редовно, пешкири исто. Има и шампончиња како во хотел. Четки и пасти мини. Спаваќи секој ден ти нудат, плус една резерва ти оставаат. Градник не ти треба, освен за искачање. Храната е обилна и убава.