Мајки тазе породени во систина ве молам за искуство Дали навистина за излегување од болница ако ги облекуваме во фустанчиња мора и хулахопки или може само кратки чорапчиња? Не ми е логично на 40 степени мали жаби да ги тегнеме во хулахопки
Мене девојчето ми е во Август. Само чорапчиња на стапалцата имаше. Кај коленичките беше голо. Што ќе донесеш во тоа ќе ти го облечат. Од каде муабетов?
Од по бутици бе Јас барам чорапки ми вика ќе ти бараат хулахопки Викам дај јас стручни лица да си прашам Фала ти многу
По бутици се чудат по куси за новороденче ко ќе побараш на првото хулахопки во ноември не му ставија за излегување, а не во лето.
Не ставаат никакви цуцли на бебињата @V.N. не бе од каде тоа? Нас ни викаа фустани донесете за женските , демек женска треба во фустан Што ќе донесеш тоа ќе облечат Од документација ништо не носев. Само пцр дека не правев таму и лична карта Крвн група и еден куп анализи они си прават и се имаат во компјутер.
Имаше некоја членка дојде да праша дали вистина само во бело ги облекувале во болница на искачање. Така и рекле во бутик дека мора да биде бело, абе што нема да си измислат @GoldenFrida Што имаат спонзорство, тоа. Ти решена си да не доиш?
Не ама сакам да имам за секој случај дома барем една, и ја видов на мадела калма со систем на мајчина града и капка по капка систем па мислев таа да ја земам, и за кога ќе се измолзувам и за недај боже, затоа прашав
Калмата мене ми се 'расипа' многу брзо, а 1400 ден беше пред 2 год. Почна да тече, да не се затвара убаво, а вака стварно убаво шише, не се одби моето од доење. После тоа земав на авент и томи типи, не ги прифати одма, почна да пие од нив доста покасно. Прво се научи од чаша, па после од шише А супер се инаку и авент и томи типи. Најдобро да не купуваш, да видиш на какво ќе се навикне од болница и нарачај му на маж ти да земе додека се вратите дома.