Не. Ова си важеше и претходно. Имав цимерка што ја хоспитализираа ради скратен цервикс и правеа и брз антиген и пцр. За посети никој не бара. Само маска мора.
Ова со тестирањево е глупости искрено. А некои ни во Систина не носеа маски ( бев во неделата). И ме чуди толкава болница да немаат дел за позитивни.
Не е до болницата. Државата има донесено одлука дека ковид позитивни трудници може да се пораѓаат/третираат само на ГАК. Не може да се породат ниту во една друга државна или приватна болница во Македонија.
Абе ајде. И некој со болки ќе оди од Охрид до Скопје? Навистина глупости. Со вирусот ќе си живееме, треба да си најдат решение, т.е. секаде да може да се пораѓа трудницата и да е позитивна.
Ако е со болки и блиску до пораѓај, се пораѓаат и во други градови и во Систина. После ги праќаат на ГАК да лежат
Истово и јас го зборев. Нема смисла ова. Некоја од струмица ќе ја пратат во скопје па таа додека стигне во кола ќе се породи.
Систина како голема болница и на толку високи цени имаат многу пропусти иако пак ми е прв избор за порагај затоа што другите се беттер а за државно да не зборувам во мојот град, немам збор со кој би се опишал просторот и опремата за порагај. Исто како во времето по Втора светска војна. Еднаш бев на ЦТГ и не ми текна да се вратам повеќе.
Да, влошки, влечки, мрежести гаќи даваат таму. Има и некој течен сапун/гел, но јас носев мои. Исто и фен ако ти треба можеш да побараш од сестрите.
Да без фен не можам, и преса ќе си земам со мене Паста,четка,крема за лице,гел за туширање,полнач нешто шминки тоа би било тоа. Е сега ме интересира дали кога ќе се породам смеам да ставам део спреј?
Kaj mene vo soba koga se porodiv so maliot cimerkite se davea znaci se davea vo deo sprej i posle si doea. Na niv im bese 2 dete
Не знам, првпат слушам од тебе. Јас знам дека само на ГАК пораѓаат позитивни. Освен ако не си ептен со болки и да си во друг град па да те породат и да те испратат после да лежиш на ГАК. Ако има некоја членка поинаква информација, нека пише.
Дојде сестра ми стави чепче и си отидов во вц. Не беше воопшто непријатно. Мене ме иритираше тоа што на 2-3 пати ми празнеа мочен меур со катетер, цревце некое. За природно породување. Тоа беше малку непријатно но ништо страшно. Не знам дали тоа на сите го прават.
За природен порагај катетар? Прв пат слушам.. Мене со чепче да се испразнам затоа што бев со провокација, а не ми беа кажале дека не треба да јадам, а јас пред да тргнам од дома јадев немој гладна на бокс да се качам Од каде ми е бил тој апетит пред порагај со договорен термин сеуште се чудам