Да да како цревце некое беше. Стави извади ми правеа со тоа. Еднаш ми направија во предродилна и уште 2 пати во сала. Не ми е јасно и мене зошто.
И мене така ми го испразнија мочниот меур, ама само по породување (природно), ми рекоа за да ми е полесно и да можам да си одморам/ поспијам, да не станувам за во тоалет Скроз сум заборавила на тој момент, сега ми текна кога те прочитав ) Ама не беше воопшто непријатно, не ни осетив.
Мене ме примија во Ремедика без тест, ме породија и после 6 саати стигна резултатот. Да бев позитивна на клиника ќе ме префрлеа. Да напоменам, ме породија во друга сала, бев во изолација после тоа и кога имав резултат ме ставија во соба. Ова на почетокот на пандемијата.
Мене па за тоа после пораѓај гуска ми дадоа за да се измочам додека лежев ноќта за да не станувам. Изглеа различно на сите, како ќе ти се погоди-така…
И мене исто и бабицата ми рече дека полна бешика му смета на бебето да се спушти и затоа мора така да ми прави. За систина зборувам
Здраво 125.000+4000 само? А тест за ковид? И јас сум со близнаци па како што ми кажаа си пресметсв накај 140.000 ќе ме фати 125.000+ 1500 прегледи зс бебе знаци 3000 плус ковид тест 6000 ???
Ако имаш прележано ти прават брз тест кој не ти го наплаќаат. Ако немап прележано, закажи си преку матичната и нема да платип ништо. ПСР ти го важат 2 недели. А можеш и од друго. место тедт да им однесеш како што разбрав. Во овој случај се плаќа само 125.000 нема други трошоци.
Ако си вакцинирана последните 6 месеци со 2 дози или имаш сертификат за прележаност исто од последните 6 месеци прават само брз тест, во спротивно како што ти кажаа со ПСР
Ако си вакциниран со 2 дози и е поминато повеќе од 6 месеци од последната доза, тогаш ПЦР се прави. А ако имаш 3та доза мислам неограничено е времетраењето и ти праат само брз тест. Јас имам 2 дози, од кои последната е пред 1 година примена, ама втор пат прележав во Февруари така да среќа за некој ден фаќам да не ми поминат 180 дена од прележување. Вчера многу беа фини сите кога ми отвараа историја. Во исти ден ми направија Брз тест, лаб. микробиолошки брисеви, разговор со анестезиолог. Дур ми ги завршија сите тие анализи ми доделија сестра /болничарка што водеше секаде и ме најавуваше. Не ме остави ни на момент сама.
Сега се јавив, и пак нова цена ми кажаа значи до сега секој повик им е со различна цена. 130.000 + 4000 за двете бебиња прегледи и +1900 тестот за ковид. Пред некое време звонев ми кажаа 125.000+3000 за бебињата+1900ковид а пак пред овој повик ми кажаа 125.000+10.000 за близнак се долаќало. Не знам што е работа за Систина е ова инаку.
Ти си сместена таму? Веќе? Јас имам прво цтг на 26ти кај Корнелиј, како оди процедурата може ли да ми објасниш малку ме фаќа паника
Инаку Систина од 01.06 склучи договор со ИПА-Меѓународна Полициска Асоцијација. Сега немам јас лично, но имам од кај да земам, дали е можно да се користи таква услуга преку друг. 10% попуст има картичката.
Денес во 7 ме примаат. Иначе одиш на шалтер си кажуваш дека си за цтг и дека те води/сакаш да те води Др. Корнелија. Ќе те однесат на цтг 20тина мин трае. Може и придружбата со тебе на цтг да влезе. После одиш кај докторката да го прочита цтг и ако има потреба ехо.