Ништо не се одбива на крај, за жал. И не само тоа туку и сѐ дополнително се додава… Во однос на пцр тестот, мене ми рекоа дека важи 2недели ама ме примија на 8ми ден од тестот и сепак ми направија брз антигенски (+1100ден.). Кога ги прашав зошто е потребен штом 2недели важи пцр, само ми рекоа таков е протоколот, после 7ми ден правеле брз антигенски, а после 2недели нов пцр. Ова за Ремедика.
Ја јааа пак да им плаќам 1100. Овие решиле и Систина и Ремедика да не соголат до гола кожа . Што е ова само нови цени и нови правила.
Леле сериозно ова?! Па што не кажат на време, а не 2 недели важи па после пу пу не важи после 7 дена, аман само си вадат некои нови правила од ракав Баш денес сум на цтг и ќе прашам за ова, како смеат вака бе ццц ќе им спискам
120 000 беше царски и плус подготовка ковид и за бебето излегуваше околу 130 000 125000 во систина беше. А што ова 129 000 нова цена им е?
Што се случува во Ремедика? Се збори дека Заеви ќе ја купувале, а 32 сестри во заедничко писмо до доказ.мк пишале дека биле уценувани ако заминат од работа да исплатат на болницата оштета од 50.000 евра. Исто имаа пишувано и дека во болницата веќе почнало да фали и потрошен материјал. Вистина е ова? И некои доктори во Систина веќе ги барале… https://dokazm.mk/utsena-od-remedik...-na-gazdaritsata-da-i-keshira-50-iljadi-evra/
Здраво женски, дали знаете што вклучуваат тие 100000 денари за природен пораѓај во Систина? Дали ехото и цтг прегледите после 36та недела се плаќаат дополнително или се вклучени во оваа цена?
Јас пак слушнав дека газдите на Никоб ја купувале. Исто слушнав дека и докторите и сестрите биле уценувани преку различни договори.
Благодарам. Инаку последни цени за прегледи доколку некој го интересира 5900 за скрининг и 3500 редовен преглед. И уште едно прашање ако може некој да сподели мислење за др. Петровска од таму?
Мене овие од кол центарот ми рекоа дека се наплаќаат прегледите после 36 ми беше чудно зошто овде читам дека не се, последно кога бев на цтг во 36 недела ми наплатија 1100ден.