Доколку целата бременост ја водите во систина цтг не се наплаќа, но ако одите од 36та недела цтг се наплаќа и преглед.
Јас почнав од 30 недела, имав 2 прегледа само и еве 2 цтг направени ама не ми наплатија. Ај да не зборам да видам утре да не ме крстат поинаку
Јас се јавив сега прашав, ми рекоа се наплаќа за оние кои доаѓаат само за пороѓај. Доколку ја водите бременоста тука и имате прегледи не се наплаќа што е некако логично, јас од 20та недела сум таму.
Само првиот преглед го наплаќаат 3300 ден после тоа не, а скоро секој втор ден бев на цтг и тоа кај различно доктори дека мојот беше на одмор.
И мене истото ми рекоа, сега не дека цела бременост ја имам водено таму три скрининзи имам таму направено и неколку прегледи…а од испитувања идев кај матичен
Жени а Што документи имате спремно за пораѓај за во приватниве бараат ли воопшто нешто при влез крна група последни скринзнзи….?
Јас за во систина имам во новчаник лична карта и сертификат за прележаност на ковид. Се друго ми рекоа они ќе си направат. Јас имам правено и крвна група ми рекоа не требало во нивниот пакет си има и тоа, прашав исто дали треба ддмери и хемостаза зошто сум на клексани рекоа дека и тоа спаѓа во пакетот