Фала на брзо инфо ова сега тазе така со промениве и новиве пакети значи се си влегува у цена хах или на крај наплаќаат и тоа
За во Ремедика бараат: крвна група, последните брисеви, ифективен скрининг, пцр и копија од венчаница. Инфективниот скрининг ти влегува во пакетот.
Незнам искрено јас баш му кажував на докторот што се имам,он ми го кажа тоа. Е сега уште да го убедам да ме породи зашто не се трпи више па нанкрај ќе знам најсигурно
Леле исто ќе ме днајде знам И јас прво молев за 37 недела ( денес сум полни 37) ми вика не, после се ценкав за 38 ајде викам таман ќе биде, он пак не да си поседело ако си сака подобро било. Знам јас дека е подобро, ама мајкава ако поседи уште малце во куќен притвор со лубеницава до заби во бардовци ќе заврши
Па зависи, еднаш ќе те стават на цтг и ќе ти направат ехо во 36 и они преценуваа дали имаш потреба по често или за една недела да идеш пак..
Докторката е во Систина? Прави скрининзи? Јас до сега кај Димчев одев и со прашалници излегував од кај него. Третиот скриннг сакам кај друг да го правам. Третиот скрининг сакам лак
Јас ок проаѓав кај него. Некои членки кажуваат дека воопшто не зборувал. Петрова пример цело време збори, баш е пријатна и убаво објаснува. Што и да ја прашаш ќе каже Можеш и кај нејзе
Од Систина од која докторка сте најмногу задоволни со прегледи и порагај? Досега бев кај мажи искрено не ми е проблем машко, женско, немам срам ама некако жените се поотворени за муабет, посочуствителни, па сега би сакала од Систина докторка да изберам.
Јас си плачев после скринингот кај Димчев. Скоро и да не кажа збор. Дур не ми рекоа дека тоа е добро, Димчев ако збори значи видел нешто што не треба
Не збори многу,ама многу е стручен, и ако прашуваш ке ти објасни, јас му верувам, и ми се свиѓа што е фер,јас имав комплициран полип и тешко беше многу за серклаж он препорача друг доктор негов колега за операцијата,не е суетен да се орави дека се знае,сам кажа,ми рече подобро е колегата да те види ако се нафати он,постручен е во тоа,доста беше ризично.И опуштен е,кзј сите други што одам ми правст дополнителен стрес а он напротив баш е позитивен и тоа што други ке ми го претстават како проблем он ке рече нема врска и ке ме убеди декс не етолку страшно како што ми рекле.Јас бев прво кај Петрова она таков впечаток не ми остави, не ми се допадна.