Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Имам уште време, ама си мислам дека ако не најдам добри врски на државно, ќе се порагам Ремедика. Знам дека се многу пари, а јас не дај боже може и порано па да треба и да седам таму со бебињата па ќе ме фати изгор .
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше ок. Да тој е, јас па задоволна сум од него. :)
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ај и јас да се приклучам во оние на кои не им наплаќаат на приватно за секој преглед. На контрола докторот ме закажува на 6 недели. Дури јас се бунтувам дека ми е многу време, а не па тој често да ме вика да одам.
     
    На eli25, Bubce38, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Многу пати имам пишано ама ете пак да кажам. наплатен ми беше само првиот преглед кога отидов кај докторот кај кој бев цело време, две години додека лечев стерилитет НИТУ ЕДНО ехо не ми беше наплатено. Кога забременив првите прегледи не ми ги наплати потоа плакав по некое ехо и со радост ги давав парите, при крај псоледните месец дена па и повеке ниту ехо, цтг ниту нешто друго плакав.
    И , да докторот ми земаше брисеви а јас си ги носев на клиника со упат. Случајно во муабет со цимерката која беше породена кај друга докторка истото ми го кажа и таа и земале тука брисеви а си ги носела на државно. Самото тоа кажува многу за докторите како луге. Инаку многу лесно можеа еве ти зедов брисеви искеширај 4000 за проверка, нели? :)
     
    На kristina.k, LadyC, wannaBeMomma и 4 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.421
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    Ова што го пишувате за во Систина со плаќањето, не е случај со Плодност, барем од моето искуство. Можат да дадат совет некои од докторите за брисеви на државно, ама не сите. Исто и за други испитувања од државно, некои не ги признаваат. Мене секој ехо преглед ми беше наплатен, секој преглед за малиот, дури и првиот задолжителен по една недела.
    Баш ме интересира и друго мислење од мајка што се породила и ја следела бременоста во Плодност.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marlana

    Marlana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Јац лично не но на моја најдобра другарка за се буквално и наплаќаа и анализа од крв и мокрача и шеќер не и ги сметаја за валидни ако не беа направени во Плодност Природно породување со се болнични трошоци и малата доби жолтица што ја посунчаја два дена плати 65 000 денари
     
    На eli25 и kristina.k им се допаѓа ова.
  7. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    21.366
    Не само што паметуваат некои членки туку и напорни се жити се.
    Сакаш природно во државна , па оди и пораѓај се ти брани некој ?!?
    Купуваат мобилни од 700 евра, земаат кредити за одмор, чевли и наочари од 200 евра ... а 1500 евра или 2000 им се многу за најубавата и една од најважните работи во животот да си дозволиш да биде како што сакаш.
    Оди и дај ги парите за ајфон нема потреба да си дозволиш пораѓај како што секоја жена во светот заслужува.
     
    На iki26, Elenche87, elcezelce и 8 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.619
    Допаѓања:
    35.174
    Пол:
    Женски
    Или... немај леб да јадеш, ама ќе се породиш во приватно и точка. Ќе враќам кредити со години, ама нема да се мачам. Кога веќе си безобразна и јас ќе бидам.
    Ниту сите што се пораѓаат приватно се богаташи, ниту сите на државно се сиромашни или не им е гајле за бебето. Ако одиме по твојава логика, тогаш излгеда за ваш ќеиф се пораѓате на приватно, оти зошто ако недај боже има проблем со бебето или понатаму се разболе, повеќето одат на клиника оти скапо им е приватно? Нели за бебето се?
    И после ние сме ви се мешале, а ова што е? Безобразлук!

    Се лажеш ако мислиш дека си побезбедна на приватно. Подобар третман, да, ама постручност?! Не. И таму и ваму има стручни доктори. Кој како ќе процени и како сака да си ги троши своите финансии.
     
    На azelea, iki26, victoria и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Кои се стручни на ГАК? Младине специјализанти? Зашто до докторите со искуство што се останати таму тешко се стига. Само со јака врска.
     
    На LadyC и eli25 им се допаѓа ова.
  10. Marlana

    Marlana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Devojki citam i se cudam ne sum od skopje od bitola sum kako mozi da se tolku neprofesionalni pa za covecki zivot se raboti i za mlada zena pa ne e stoka ova so sakame ke pravime nie sme mn pomal grad ama dosega licno na moja koza nemam pocustvuvano takov odnos vo drzavna bolnica

    Ovde kaj nas koj e na smena toj ke te porodi no ako si sp vrska odma doaga doktorot i ne treba debela vrska samo spomni deka sakas da te porodi za pari odma idi
     
    Последна измена од модератор: 31 јули 2017
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Да ни беше јавното здравство како што треба никој не би давал толку пари на приватниве. Ама не е, за жал..
     
    На iki26, RedRevolution, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.421
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    @Marlana јас 7 дена го носев на фототерапија, 1000 денари од ден ми наплаќаа. Цената на крај на излегување секогаш е повисока поради тие дополнителни трошоци.
     
  13. Marlana

    Marlana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Da duso ama za zal nema sekoj da si dozvoli da odi na privatno . So sme nie koga odime da ragame na bolnica stoka pa da se odnesuvaat taka so nas nemas vrska nema da dobies nikako vnimanie umiraj od bolki tamu negde skriena vo nekoe kose
     
    На Annath, augustd, karibian и 2 други им се допаѓа ова.
  14. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    21.366
    Кога веќе си безобразна и јас да ти одговорам на твојот јазик.
    А бе ти забрани некој да одиш да се пораѓаш во државна или овде некој те убедува да одиш на приватна па тоа те иритира толку? Ако мислиш дека се по стручни оди , што паметуваш.Јас мислам дека докторот кој сум го одбрала е најстручен па ќе одам таму каде што е тој, друга смета дека и треба негата која што ќе ја добијат со бебето па ќе си оди на приватно.Што толку те погодува?Или мора сите да се согласат со тебе оти така ти се сака и сметаш дека на државна се најстручни?
    Па ако ти е подобро да плаќаш кредити за мобилни и за одмори плаќај си и кукај дека не ги бива приватните болници, на некои им е по важен кредит за најдобри услови за доаѓање на свет на своето бебе па макар леб и ајвар мачкале цела година.Тебе те засега тоа ?
    Ако тие така си одлучиле , ако воопшто разбираш што значи тоа да си одлучиш сам што со своите пари наместо бедно да убедуваш колку се стручни на државна.

    И не , не мислам дека си побезбеден на приватно.Каде и да се пораѓаш само еден Господ да те чува , се случува се и насекаде.
     
    На m.i.g, LadyC, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Јас не сум се пораѓала во Плодност ама мене серклаж ќе ми правеа таму без причина. И до тој преглед кој ми беше последен таму секогаш се ми наплаќале. Дури и приска правев таму (facepalm)

    Што се однесува за царски и мене многу ама многу ме иртира осудувањето на некоја мајка оти сакала или одбрала да се породи со царски. Јас сметам дека секоја жена треба да има право на избор како ќе се породи. Секоја си се познава доволно да знае дали е спремна и дали можи да издржи природен пораѓај (реално полоши приказни сме слушнале за природно породување отколку за царски). Секоја има различен праг на толеранција на болка, различно реагира на ситуации над кои нема контрола, различен степен на паника, страв...Секоја жена има право да одбери начин на кој мисли дека и бебето и таа ќе поминат полесно. Не треба пораѓајот да биди траумтично искуство за жената само да се форсира природно по секоја цена! Или треба да се измачи за да биди мајка? Ако помини полесно ќе биди помалку мајка или?
     
    На iki26, RedRevolution, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.480
    Па кога ќе видиш, државно не е за секој бесплатно, ако сакаш анестезија, ако сакаш одреден др. да те породи да ти дојде од дома, земаат од 300-500 евра. ( јавна тајна) За во Чаир, лично мене матичниот зошто знаеше дека ќе е царски, ми рече можам да ти договарам кај тој и тој ( не именувам, познат) ама бара 500 е. Јас и мм се договоривме после сите перипетии дека ќе биде приватно и веќе имаме заштедено. Ако немавме, ќе земев кредит. Сум земала за кола, а не па за дете пример. За на гак точно дека веќе кадар нема и до тој кадар се стига со врски . Чаир се подобри деф. со кадар. Исто ко @V.odolija сметам дека никаде не си безбеден 100 посто. Ама битно е да имаш доверба во докторот, институцијата... За било каде. Едит @An-na јас како што увидов тебе мислењата ти се против царскиот? , а ние за приватниве споделуваме искуство и зошто ете таму.. Во целост го подржувам постот на @SophiaBella . И убаво пиша некоја од бес се ставаат силикони и усти и се, а за пораѓај е многу. Јас ова не го разбирам како што вие не разбирате зошто некоја пример сака царски рез.
     
    Последна измена: 31 јули 2017
    На LadyC, karibian, Bubce38 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    169.687
    Пол:
    Женски
    Добро, сериозни сте дека пари дадени за пораѓај на приватно ,наспроти државно се џабе фрлени пари?! Сериозно, тоа го сметате за узур?!
    Живо ме занима кај кој др од Клиника би се отишло за ИВФ?! Еве и тие работат со фонд, прават ивф. Зошто немаат пациенти ако велите дека можда најдобрите се таму. Кај кој др од клиника би отишле на скрининг, приска?! Кој неонатолог би го издвоиле?! Кој детски хирург?!
    На клиника имам "врски" од прва рака. Не би се пораѓала ни во лудило таму, па макар не 2 години, десет ако треба нема да идам на летовање.
     
    На Elenche87, m.i.g, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.261
    Допаѓања:
    112.407
    Пол:
    Женски
    Дискусијата ми изгледа дека вели “ тој што ќе оди во приватно појќе си го сака бебето и појќе се грижи за него од оние кој ке одат во државна“ и дека “тој што ќе оди во државна штеди пари и не дава за детето“
    Озбилно? :)
     
    На SexiLy, iki26, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кога одредена работа станува тренд па почнуваат да го следат и оние што не можат да си го дозволат. Плус комплексите и потребата да си во тек со другите, па имаш став -10 години леб и ајвар ќе јадам ама ќе се породам како треба, само за здравјето мое и на моето бебе. Дали? :D
     
    Последна измена од модератор: 31 јули 2017
    На azelea, SexiLy, iki26 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    169.687
    Пол:
    Женски
    Не. Дискусијата вели: Тие што ќе одат на приватно и не сакаат ни да се обидат спонтано во државно тоа го прават од узур. Као цел свет раѓал, па шо они свилени да не се . Или па, ваљда им е помало мајчинството. Не сакаат да напнат од петни жили.