Поим неам. Не ми ни текнува втор доктор дека имаше. Башка ја од бокс се симнав за во сала, најмалце на втор доктор помислив/загледав. Анестезиологот го памтам, со тој придружникот (ваљда мед.брат) многу муабет со нив правев.
Фиксниот број во Ремедика нешто не им функционира,не можам да ги добијам. Дали некоја има мобилен да ми го пише да се јавам.
Не му давај идеи на чудовиштето во мене се да знае и исконтролира пред да влезе во сала, сега ќе почнам и анестезиологот да го мислам.  Шала на страна, се надевам дека таму кога ќе дојде време ама уопште нема да ми е битно ништо, освен тоа што за кратко време ќе си го видам клоцкото  Само да си биде се' како што треба, да не' чува Господ.
еве на веб страна имаат. Јас баш прееска ги барав за друго нешто, на мобилен ми се јавија. До 22h работат така пишува на веб
Ако е закажан царски го викаат докторот што работи со првиот во тим.Петровска и Сарџоски пример работат на пораѓаи скоро секогаш заедно.На мојот царски беа двајцата,беа и на природниот на цимерката.Покрај нив има и педијатар-неонаталог.
Во мојот случај избран Др беше Димчев тој ме породи,а втор тој што беше на смена- на смена беше Сарџоски. На цимерката избран и беше Сарџоски и Др што беше на смена. Педијатар - неонатолог кој е на смена
за природен да.Пошо не знаеш кога ке е.Зборуваме. за закажан царски.Мислам дека тогаш знаат кој со кого работи.Ако добро памтам и пред собата во која лежев пишаше Петровска/Сарџоски
И за природен пораѓај доаѓа докторот кој ти ја следел бременоста, или кај кој сакаш да се породиш, барем за Плодност е така. Конкретно во мојот случај, бидејќи бременоста ми ја водеше мојата матична од друг град, ме препорача кај докторот, одев во 9ти месец кај него и он ми даде тел.број за контакт во било кое време да го барам за пораѓај
Вчера бев кај Јане, тој е на одмор од 12ти до 30ти Август. Требаше да ме пораѓа ама немало да биде тука Сега и јас се мислам што да правам и кој друг да одберам затоа што кај мене има голем ризик од компликации Искуство некој со доктор што изреагирал добро во тешка ситуација?
Не знам како е за комплицирани пораѓаи, ама Котларова многу ја фалат. И јас сум со повеќе дијагнози и ризична бременост, па се решив за кај нејзе, се надевам добро ќе поминам. Ако ништо друго можеш да се консултираш со нејзе, или прашај го Јане кого би ти го препорачал за твојата ситуација
И јас бев со закажан царски. Тоа што пред собата пишува кој Др се, тоа кај пациенти кој доктор е, за да не оди Др од соба во соба да си бара пациент. Али како и да е најбитно е избраниот Др и се добро да помине.
Да, секако Супер е, после долго двоумење јас решив кај него зашто знам дека е многу стручен и спремен во случај на компликации. Ама на последната контрола ми рече нема да е во Ск. И сега сум пак на почеток, не знам кој друг е така спремен...
Ако си царски, тогаш оди кај Димитров. Он природно не пораѓа, ама за комплицирани случаи и пораѓање на пациентки со ризични бремености со царски рез, нема подобар од него пошто е хирург, и тоа еден од најдобрите хирурзи. Он е на одмор до 3ти август, после се враќа и тука ќе биде до крај на летото. Едино за што не сум сигурна е што царски рез кај него можно е да е нешто поскап од пораѓање кај друг доктор со царски во Ремедика, ама ако се јавиш, ќе ти дадат точна информација.
Боље 100 еур плус за добар доктор отколку некој како Јовановски да те дофати. Штета што тогаш не сум знаела