Планирам таму, да. Нема ваљда позитивни без везе тестови да делат... А се закажува во Систина? И надвор на паркинг е за тестирање? Баш се нервирам што ако излезам позитивна...
Да, заради претходните компликации Јане рече побезбедно е овој пат царски. Не сум слушнала искуства за Димитров, ама ќе прашам. И да е поскап, животот ми е поважен.
Он генерално работи асистирана репродукција и оперира, голем специјалист е за миоми, полипи, цисти и слични состојби на матка, јајници и јајцеводи. Не води бремености, па можеби затоа не си чула. Не ти ја знам состојбата, ама за ризичен пороѓај мислам дека нема подобар. Распрашај се, има и на форумов членки со ризични бремености што ги пораѓаше он.
Ти благодарам ladystardust. Ќе побарам и на форумов. Многу ми е важно да сум во сигурни раце после тоа што го поминав првиот пат.
Те породија па отпосле доби резултати? Јас сум 3 пати вакцинирана и ми рекоа само антиген е важно да имам или тие ќе ми направат што важи 24 часа.
Девојки, решив да направам план Б: Дракулевски или Панчевски? Кај кого да закажам? Искуства со комплициран царски рез кај некој од нив? Како сте задоволни?
Мене ми е страв да не се заразам дури чекам да ме тестираат. Некој се тестира за хоспитализација, ама некои и се веќе поситивни, па да си потврдат. Планирам следната недела да се изолирам малку, не ми е за короната, ама стварно не сакам на гак.
Јас веќе се изолирав нигде не одам освен што се петам низ град на отворено, маж ми спие и јаде посебно зашто оди на работа и јас нејќам на гак трауми да имам дури си мислам да се тестирам и со оние дома прво тестови, а кога одам таму дамо кn95 маска ставам
јас кога се тестирав,беше празник државен.Немаше никој горе на спрат.Само една сестра,ме внесе во посебна соба,зеде брис и заминав.Е ми рекоа рез истиот ден,ама го добив тек утредента кај 10 сабајле.И јас се плашев мн.Баш таа недела свекрва ми и девер ми се заразиа.Среќа јас немав контакт со нив.
Каков терет ми е ова страшна работа! Јас првото го раѓав на ГАК и стварно немам нешто вишак пари за фрлање ама не би сакала да завршам пак таму. Посебно сега како што се сите по одмори, а за условите и да не зборам. Дома сум сама со маж ми, од врата не излегувам веќе 2 недели, дете ми е со баба и дедо во викендица до ден пред пораѓај. Сите сме прележани пред 2 месеци, ама пусто стравот си е тука. Јас ќе си носам сертификат за прележаност и таму рекоа брз тест ќе ми направат. Е сега мене нема да ме хоспитализираат од вечерта туку ќе си одам сабајлето едно саат ипол пред терминот што ми е за царски. Се надевам дека ќе поминеме добро сите
Исто и јас. Маж ми оди по пат, и не можам да се допазам. Страв ми е многу, морам да одам и да испазарам, јас сум со маска,но други не носат.Дури и во систина вчерат чекаа за цтг не носеа.
Немам пари ни јас ама си реков тоа е што е тие мигови се важни за мене и мојот мозок па после се друго. Искрено се надевам на сите ќе ни биде се океј
https://acibademsistinababy.mk/brem...uvanje-i-kompletna-grizha-za-majkata-i-deteto Девојки ова се последните цени за систина на сајтов или на call центар други ви кажаа?