Ден пред пораѓај ќе одам сабајлето да се видам со анестезиолог, а наредниот ден сабајлето да си дојдам на пораѓај
@V.N. @Freckles. @GoldenFrida Јас денес направив ковид тест 2 недели ќе ми важи во Ремедика. Негативен. Немам никакви симптоми ама баш го мислев тестот да не ме пишат позитивна па на Гак да завршам. Ми падна камен од срце.
Да, само не знам кој ден точно. Ќе видиме ваљда на нареден преглед. @V.N. Ај ќе видам мене како ќе ми кажат, се си мислев дека мора ден претходно. @Erika.greeneyes ајде сега полесно се дише
И јас не знам како ќе биде имам лакуни на постелка па се чека да видиме дали ќе тргне само или ќе мора царски леле може да сме цимерки кај иста докторка сме
Лакуни мене ми кажаа од 31ва недела негде дека ги имам, сега ми е 2 степен на зрелост на постелка. Ништо чудно, повеќе сме баш со овој термин кај докторката.
Мојот царски рез го направи др. Панчевски, и сум презадоволна искрено, но мислам кој и да го избереш од тие два др. нема да згрешиш Со лесно
јас прошлата недела платив 130.000 царски 900 лаб. анализи 1500 мед. услуги Маж ми не прашал што е тоа што се доплаќа. Но и цимерката сеа ми пиша дека исто и наплатиле. Тоа другото било као лаб. за бебе.
Лаб.анализи се за бебето? Па нели се беше во пакетот? И што се па тоа медицински услуги што ги нема во тие 130 000 божеее
Незнам и јас се зачудив. Маж ми не му ни текнало да праша а јас одвај чекав да си искочам од болница и дури дома видов сметка.
Па нели 125 000 беше царски и со некои анализи околу 127,128 000 му доаѓаше баш гледав поевтино од Ремедика излегуваше, во Ремедика царски 120 000 со подготовка и другите трошоци околу 130 000.
Nemoze da te pisat pozitivna taka osven ako realno ne si A i mnogu vreme e dve nedeli covek moze da se zarazi i da ozdrave Barem sega raat ke si do poroduvanje
Беше беше, многу работи беа во државава. Сега од јули смениле цени и они и официјално природен е 100 000, а царски 130 000. Си пишав јас еднаш додека родам и 200 000 ќе ме фати плус еден бубрег
Претерано скапо е, условите на ГАК не се лоши ама таму е проблемот персоналот, лошиот однос кон пациентот во тие моменти и тоа е страшното.
а брз на прием ќе ти прават? Јас сум со прележаност пред 4 месеци и не правам пцр, ама мислам брз тест на прием ќе ми збрцат, што ми прави пак паника ова за Систина
И јас сум со сертификат за прележан пред 2 месеци и ми рекоа само брз на прием во систина и да и мене ми е паника. Инаку до 6 месеци прележаност со сертификат или примени 2 вакцини само брз прават во систина
Мислам дека ако не поминат 2 недели дека нема да ми прават. Како што кажуваа другиве членки не им правеле.